Риба од многу редок вид најдена угината во САД - вторпат за три месеци - Канал 5

Риба од многу редок вид најдена угината во САД - вторпат за три месеци

Уште една „риба на судниот ден“ се појави на плажа во Јужна Калифорнија, т.е. кај градот Енсинитас, САД - вообичаено исклучително ретка појава, но ова е вторпат оваа година. 

Риба од многу редок вид најдена угината во САД - вторпат за три месеци

Ретката риба „рамнотелка“ (лат.: „regalecidae“; анг.: „oarfish“), пронајдена на плажата „Грандвју“, била долга скоро 10 стапки (околу три метри). Занимливо, рибата била забележана од кандидатка за доктор на „Скрипс“ Институтот за океанографија, како што објави установата на својот интернет-простор.

Рибата на многумина им изгледа како морско „митско суштество“, со долго тело налик на лента, кое може да порасне и до 10 метри, според организацијата „Зачувување на океанот“ (Ocean Conservancy).

Откако истражувачката Алисон Лафериере ја пронашла ретката риба - што всушност наликува на голема јагула, но со „страшно“ лице, суштеството набргу дошло во рацете на Институтот.

Според научникот Бен Фрабл, од 1901 година во Калифорнија се насукале само 20 вакви риби. Активистите, пак, велат ова се случува само кога рибата е болна, угинува или е дезориентирана.

- Тоа може да има врска со промените во условите на океаните и зголемениот број на рамнотелки на нашиот брег. Многу истражувачи го предложија ова објаснување за тоа дека една риба од длабоките води се наскукува на плажите. Понекогаш тоа може да биде поврзано со пошироки промени, како што се „Ел Нињо“ и „Ла Ниња“, но тоа не е секогаш случај. На почетокот на оваа година имаше слаб „Ел Нињо“. Ова насукување се совпадна со неодамнешната „црвена плима“ и ветровите кај Санта Ана минатата недела, но многу промени може да доведат до овие појави, објасни Фрабл.

„Ел Нињо“ и „Ла Ниња“ се сленговски називи за силни ветрови коишто предизвикуваат струења во океанот - на исток и на север, соодветно. Поимот „црвена плима“ се однесува на загадување на океанот.

Рибите „рамнотелки“ обично живеат во тн. мезопелагична зона - област во океанот што е малку истражена од научниците. Тие пловат вертикално низ води на длабочина од 3.280 стапки, каде што има малку светлина. Според науката, нивните сребрени рефлектирачки тела им помагаат да се вклопат во посветли области.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Улица и патишта го чистат каналот што е причина за поплавените гробишта во Бутел

По налог на Град Скоопје односно секторот за комунални работи денес ЈП „Улица и патишта“ со координарни активности за рачно и машинско чистење на обраснатата вегетација улицата “Александар Урдаревски“ кај градските гробишта Бутел.

Улица и патишта го чистат каналот што е причина за поплавените гробишта во Бутел

Со расчистување на овој дел ќе подобри пристап на механизацијата за чистење и евакуација на натрупаниот материјал во дренажниот канал покрај самата сообраќајница, велат од Улица и патишта.

Обраснатото зеленило е проблем и за истек на водата која се собра во каналот и водата ги поплавува гробните места...

Канал 5 вчера објави сторија каде се гледа дека без разлика дали имало дожд или бил сушен период водата е присутна и тешко може да се стигне до гробните места.

Од ЈП „Улица и патишта“ објаснуваат дека зеленилото е проблем и за одржување на безбедноста на улицата кога се движат пешаци и исто така е проблем за прегледност на возачите.

Од ЈП „Улица и патишта“ апелираат граѓаните во одводните канали да не фрлаат отпад и шут бидејќи штетите пред се по големи дождови се огромни..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицотакис по нападот во Солун: Ќе ве најдеме и ќе ве предадеме на правдата

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека сторителите на нападот во Солун ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, по смртта на жената која претрпе најтешки изгореници во намерно подметнат пожар .

Мицотакис по нападот во Солун: Ќе ве најдеме и ќе ве предадеме на правдата

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека сторителите на нападот во Солун ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, по смртта на жената која претрпе најтешки изгореници во намерно подметнат пожар врз објект поврзан со функционери на владејачката партија Нова демократија..

72-годишната жена, инаку мајка на партиската кандидатка Афродити Нестора, починала на одделението за интензивна нега во Солун.

Мицотакис изрази сочувство до семејството и предупреди дека не може да има толеранција за крвопролевање. Тероризмот мора да биде протеран таму каде што му е местото, на маргините“, изјави грчкиот премиер.

Нападот врз домот на нестора бил еден од три координирани инциденти вчера рано утрината, во кој биле повредени уште четири лица, меѓу кои и самата кандидатка и нејзиниот татко..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија го нападна Киев, најмалку 13 луѓе се убиени

Руските сили извршија голем напад со дронови и ракети врз украинската престолнина Киев, при што загинале 13 лица, а десетици се повредени.

Русија го нападна Киев, најмалку 13 луѓе се убиени

Неколку населби биле евакуирани додека нападите ги потресувале зградите низ целиот град, Само неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија се подготвува за нов напад.. Меѓу жртвите има и деца, изјави Тимур Ткаченко, шеф на воената администрација на Киев..

„Непријателот повторно намерно ги гаѓа станбените области и убива цивили“, изјави тој.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија лансирала 74 ракети и 496 дронови преку ноќ. Ова е прв голем руски напад со ракети и дронови врз украина во последните повеќе од две недели. Руското министерство за одбрана соопшти дека биле погодени и воени бази во централна и источна Украина..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер