РФМ одговори на обвинувањата од Чешката федерација - Канал 5

РФМ одговори на обвинувањата од Чешката федерација

Ракометната Федерација на Македонија се произнесе со свој став по повод реакцијата на Ракометната федерација на Чешка, по реваншот во квалификациите за Светското првенство одигран во Скопје на 15 јуни.

РФМ одговори на обвинувањата од Чешката федерација


Македонија го доби тој натпревар со 34:27 и се пласира на Мундијалот во Франција 2017 година.

Следува целосното обраќање до Европската ракометна федерација (ЕХФ) од страна на Филип Милошевски генерален секретар на РФМ.

Почитувани ракометни пријатели,

Во име на Ракометната Федерација на Македонија, би сакал да изразам длабоко незадоволство поради реакцијата на Чешката национална репрезентација во врска со натпреварот од Квалификациите за СП помеѓу Македонија и Чешка што се одигра во Скопје на 15 јуни 2016 година.

Имено, во медиумите кои ја цитираат реакцијата на Ракометната Федерација на Чешка а која се однесува на судењето на гореспоменатиот натпревар, се забележува едностраност во анализирањето во однос на анализата на експертскиот тим на Ракометната Федерација на Македонија.

Имено, протестирањето за досудените 2-минути исклучување од страна на Чешка додека нашиот играч, Наумче Мојсовски крвари од својата уста и додека докторскиот тим со шиење се обидува да ја залечи раната, е најблаго кажано апсурдно.

Ќе ја искористам можноста да го издвојам и крвавиот нос на нашиот играч Филип Миркуловски и фрактурата на зглобот на Стојанче Стоилов, кои се меѓу неколкуте очигледни ситуации за црвен картон. Сметам дека во ситуации од натпреварот, судиите беа и преблаги кон агресивниот и насилен стил на игра на чешкиот состав.

Исто така би сакал да се осврнам и кон апсурдните поплаки на Чешката Федерација упатени кон публиката во арената, споменати во реакцијата.

ВИП Арена „Борис Трајковски“ е изградена согласно највисоките меѓународни стандарди за овој тип на настани. Имено, 110 лица од приватна компанија за обезбедување беа ангажирани од РФМ и дополнителен голем број на униформирани полицајци беа присутни во Арената за време на натпреварот, задолжени за безбедноста на околу 5.000 гледачи. Ракометот е најпопуларниот спорт во нашата земја и да, навивачите беа гласни и синхронизирани бодрејќи го нашиот тим. Како Федерација, обезбедивме поддршка и за тимот на Чешка, поканувајќи ги вработените во Амбасадата на Чешка во Скопје и воените лица од Генералштабот на Чешка, кои го следеа мечот во ВИП зоната, заедно со гостите на Ракометната Федерација на Македонија.

За жал, не можам да кажам дека на истиот овој начин бевме третирани во Злин. Училишната арена во Злин едвај имаше и најосновно обезбедување, а домашните навивачи ги надминуваа границите на нормалното однесување. Времето на почеток на натпреварот (Сабота, 12:30 часот), според мене лично, е контрадикторно со сите напори на Чешката Федерација да го промовира ракометниот спорт.

Имајќи предвид дека нашата репрезентација ќе одигра уште еден меч на гостински терен во Чешка во рамки на Квалификациите за Европското Првенство 2018 година, очекуваме поадекватен тајминг и во секоја смисла поадекватна арена, со соодветна инфраструктура за натпревар од вакво значење.

Почитувани господа, Ракометната Федерација на Македонија инвестира многу ресурси и напори во овој спорт, кој несомнено го држи приматот за најпопуларен и најуспешен спорт во Македонија. Сите овие напори и инвестиции, како временски така и финансиски, се базирани на почитување: почитување на нашите играчи, противници, официјални лица, колеги, медиуми, фанови и пред се, почитување на судиите. Тоа е така затоа што сите ние сме тука со иста мисија и за иста цел, и покрај тоа што на теренот сме на спротивставени страни. Поздравувањето и подадената рака по завршувањето на натпреварот постои со причина: не потсетува на смислата на фер-плејот. На смислата на ракометот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер