РФМ ја исплати премијата од 10.000 евра за ракометарките - Канал 5

РФМ ја исплати премијата од 10.000 евра за ракометарките

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ја исплати премијата од 10.000 евра на женската сениорска репрезентација, за пласман во баражот на Светското првенство што ќе се игра во Германија 2017 година.

РФМ ја исплати премијата од 10.000 евра за ракометарките
Успешниот настап во квалификациската група што се играше на Фарски Острови, им обезбеди пласман на нашите репрезентативки на бараж-натпреварите кои ќе се одиграат во јуни 2017 година. Во првиот натпревар од баражот Македонија е домаќин на Шведска, а реваншот се игра на теренот на противникот.

Победникот од бараж-двомечот ќе обезбеди пласман на Светското првенство Германија 2017. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познат е веројатниот наследник на Кир Стармер

Енди Барнам, кој треба да го наследи Кир Стармер на премиерската функција, е најпознат по тоа што неуспешно се кандидираше за највисоката функција во Лабуристичката партија двапати пред 10 години.

Познат е веројатниот наследник на Кир Стармер

Многумина во партијата го гледаат како најголема шанса на партијата за закрепнување по месеци на опаѓање на анкетите на јавното мислење и слаб изборен резултат во мај.

Победата на Барнам на дополнителните избори во Мејкерфилд му овозможи да се спротивстави на предизвикот од партијата „Reform UK“ на Најџел Фараж, која се најде на второто место, а според Би-Би-Си, како поранешен градоначалник на Голем Манчестер, тој го зголеми уделот на гласовите на Лабуристичката партија од 45% на општите избори во 2024 година на речиси 55%.

Надвор од бројките, победата на Барнам му обезбеди надминување на голема пречка за секој предизвик за лидерство, бидејќи оние кои сакаат да учествуваат во трката мора да бидат пратеници.

Роден во Ливерпул, работел како новинар

Бурнам е роден во Ливерпул во 1970 година и пораснал во Калчет, мирно село во Чешир, во близина на Ворингтон.

Неговиот татко бил инженер, а неговата мајка била рецепционерка кај матичен лекар.

Тие биле цврсти поддржувачи на Лабуристите и Енди рано развил интерес за политика.

Бурнам и неговите двајца браќа биле првите во нивното семејство кои отишле на универзитет, а Енди студирал англиски јазик на Кембриџ.

По дипломирањето, тој почнал да работи како новинар, работејќи за трговски списанија, вклучувајќи ги „Tank World" и „Passenger World Management “.

Во раните дваесетти години, тој го имал својот прв пробив во политиката, работејќи како истражувач за покојната Теса Џоуел, тогашна пратеничка за Далвич и Вест Норвуд, која подоцна ќе стане министер во владите на Тони Блер и Гордон Браун.

Бурнам беше специјален советник на министерот за култура, Крис Смит, пред да биде избран за пратеник за неговиот роден град Ли, во Голем Манчестер, во 2001 година.

Прво служеше како министер во владата на Блер, но се приклучи на кабинетот како главен секретар на Министерството за финансии, а подоцна како министер за култура и министер за здравство во владата на Гордон Браун.

Неколку пати се кандидираше за лидерска позиција.

Бурнам се кандидираше за лидер на партијата во 2010 година, откако Браун поднесе оставка по поразот на Лабуристите на општите избори.

Иако тој пат не успеа, следните пет години ги помина градејќи го својот углед меѓу поддржувачите на партијата.

Во 2015 година, тој повторно се обиде, овој пат губејќи од Џереми Корбин.

Критичарите на Бурнам го нарекоа „ветробран, чии ставови дуваа со политичките ветрови за да му дадат најдобри шанси за успех“.

Поддржувач на останувањето за време на референдумот за Брегзит, тој изрази желба да го види Обединетото Кралство повторно приклучено кон Европската Унија за време на неговиот живот.

Неговото владеење со Голем Манчестер за време на пандемијата Ковид-19 и критиките кон владејачката Конзервативна партија за потценување на северот од Англија му го донесоа прекарот „Крал на северот“.

Тој е оженет и има три деца.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 24 до 29 јуни Струга повторно ќе дише во ритамот на поезијата

Од 24 до 29 јуни 2026 година ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Мотото на годинашното издание е „Каде што живее поeзијата“.

Од 24 до 29 јуни Струга повторно ќе дише во ритамот на поезијата

Околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство, ќе имаат единствена можност да творат, да се инспирираат и да создаваат нови стихови покрај брегот на Охридското Езеро и водите на реката Црн Дрим во амбиент што со децении ги обединува поетите и љубителите на литературата од сите меридијани. Градот на мостовите и оваа година ќе биде светска престолнина на поезијата, место каде зборот станува мост меѓу народите, а уметноста – универзален јазик на поврзување. Во рамките на манифестацијата ќе бидат промовирани 14 наслови, изданија на НУМ Струшки вечери на поезијата.

Манифестацијата и годинава е под покровителство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљаноска Давкова, а финансирана од Министерството за култура и туризам.

Покрај лауреатот на највисокото фестивалско признание „Златен венец“ Анеке Брасинга од Холандија, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Британскиот поет Даниел Хајндс, на јубилејното фестивалско издание учество ќе земат еминентни поети од Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Австралија, Албанија, Холандија, Италија...

Отворањето на јубилејното 65-то издание на Струшки вечери на поезијата ќе се одржи на 24 јуни, токму на датумот кога се одбележуваат 165 години од објавувањето на „Зборникот на народни умотворби“ од браќата Миладиновци (објавен на 24 јуни 1861 година во Самобор, во близина на Загреб – Хрватска). Токму тоа е и една од причините поради кои се поместува месецот на одржување на Фестивалот, во период кога се одржуваат најголемите поетски фестивали: Берлинскиот поетски фестивал, Poetry International во Ротердам, Поетскиот фестивал во Бремен, Џенова итн.

Овогодинешното издание на Фестивалот е подигнато на едно повисоко ниво, ќе биде подолго за еден ден, споредено со претходните неколку години и го враќа форматот на професионален фестивал.

Струга е подготвена да ги отвори своите порти за светот и да ја прегрне поезијата во нејзините најразлични форми. Ве покануваме да ја проследите програмата и заедно да ја прославиме уметноста што поврзува јазици, култури и генерации во светската престолнина на поезијата заедно да ги испишеме новите страници на нашата голема поетска приказна.

НУМ Струшки вечери на поезијата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крива Паланка го отвора “Кривопаланечкото културно лето 2026“ со групата „Љубојна“ и повеќе од 60 настани ќе го одбележат летото 2026

Во текот на летните месеци, градот ќе пулсира во ритамот на повеќе од 60 културни и забавни настанi.

Крива Паланка го отвора “Кривопаланечкото културно лето 2026“ со  групата „Љубојна“ и повеќе од 60 настани ќе го одбележат летото 2026

На 24 јуни, Крива Паланка свечено ќе го означи почетокот на едно од најпрепознатливите културни случувања во државата – „Кривопаланечко културно лето 2026“, манифестација која и оваа година носи богата програма исполнета со музика, уметност, традиција и современо творештво.

Во текот на летните месеци, градот ќе пулсира во ритамот на повеќе од 60 културни и забавни настани: концерти, театарски претстави, изложби, фестивали, детски содржини, креативни работилници и традиционални манифестации кои ќе понудат незаборавни доживувања за сите генерации.

Свеченото отворање е закажано за 24 јуни со почеток во 20 часот на Летната сцена на Градскиот плоштад, каде публиката ќе ужива во концерт на македонската музичка атракција „Љубојна“. Препознатлива по автентичниот спој на македонската музичка традиција и современиот израз, групата ќе приреди вечер исполнета со емоции, силна сценска енергија и уникатно музичко доживување.

Со концертот на „Љубојна“ симболично започнува уште едно културно лето кое ќе ја претвори Крива Паланка во отворена сцена за уметност, креативност и културна размена.

„Со свеченото отворање започнува Кривопаланечкото културно лето 2026, манифестација која годинава носи повеќе од 60 настани и разновидни програми за сите генерации. Нашата визија е Крива Паланка континуирано да ја развиваме како град на културата, уметноста и заедништвото, град кој живее и создава во текот на целото лето“, истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Низ годините, „Кривопаланечко културно лето“ израсна во силен културен бренд и препознатлив белег на градот, привлекувајќи уметници, културни работници и посетители од целата земја и регионот. Манифестацијата создава простор за нови идеи, инспиративни средби и моменти кои остануваат во колективната меморија.

Крива Паланка ги отвора вратите за уште едно лето исполнето со музика, уметност и незаборавни настани. Со огромно задоволство ги покануваме сите љубители на македонската музика, на 24 јуни да бидат дел од свеченото отворање и концертот на “Љубојна“ и заедно да го започнеме највозбудливото културно лето досега, на Градскиот Плоштад во Крива Паланка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер