РФМ ја исплати премијата на младинците за освоеното шесто место на СП во Алжир - Канал 5

РФМ ја исплати премијата на младинците за освоеното шесто место на СП во Алжир

Ракометната федерација на Македонија ја исплати премијата на машката младинска репрезентација, за пласманот на шестото место на Светското Првенство во Алжир 2017 година.

РФМ ја исплати премијата на младинците за освоеното шесто место на СП во Алжир
- По претходно донесена одлука на Управниот одбор, Ракометната федерација на Македонија ја исплати премијата од 10.000 евра на репрезентацијата и 1.000 евра премија на селекторот Иле Темелковски. Дополнително, РФМ ги реализираше и наменските средства доделени од Агенцијата за млади и спорт за награда за Младинците во вредност од еден милион денари, објавија денес од федерацијата.

Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија, на Мундијалот што се играше во Алжир во јули 2017, го оствари најголемиот успех во историјата на македонските колективни спортови на Светските првенства, освојувајќи го шестото место.

Селекцијата беше предводена од Темелковски и оствари пет победи во вкупно деветте средби што ги одигра во периодот од 18 до 30 јули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

​Трето вонредно прскање против комарци во Драчево

​Трето вонредно прскање против комарци во Драчево

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците.

Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. Оваа трета вонредна интервенција се надоврзува на досегашните активности кои започнаа кон крајот на минатиот месец со првото прскање, кое исто така беше насочено кон возрасните инсекти. Континуитетот продолжи пред два дена со втората акција, кога екипите на терен вршеа уништување на ларвите со соодветен ларвицид во каналите и влажните места.

Уште еднаш ги потсетуваме пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради вечерашните активности. Истовремено, за акцијата да се реализира безбедно и ефикасно, ги замолуваме граѓаните во наведениот временски период, доколку се во можност, да ги држат затворени прозорците и вратите од своите домови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Родри – светски шампион на лет на „ниско буџетна авио компанијата

Капитенот на светскиот фудбалски шампион Шпанија, Родри дефинитовно  не е опседнат со луксуз како многу од фудбалерите, тоа го покажа при враќањето од  Шпанија во Манчестер.

Видео: Родри – светски шампион на лет  на „ниско буџетна авио компанијата

Скромниот светски шампион со Шпанија и ѕвезда на Манчестер Сити е снимен како чека во ред за пријавување на летот на аеродромот во Мадрид, од каде што патувал за Ливерпул.

Тој не изнајмил приватен авион ниту си обезбедил некаков вид ВИП-транспорт – како што тоа го прават многу фудбалери од негов ранг – туку, како и секој обичен смртник, застана во редот пред шалтерот, онаму каде што одат сите патници пред полетувањето.

На истиот лет со Родри била и новинарката на Би-би-си, Емили Бробин, која сподели снимки и фотографии од шпанскиот фудбалер на аеродромот.

Ова не е неочекувано од Родри, кого славата и парите не го промениле . Оние што го познаваат велат дека Родри е сè уште истиот оној Родри што бил и пред големиот подем во кариерата.

Се разбира, глетката на фудбалер кој може да си дозволи сопствен авион, а сепак стои во ред со обичните луѓе, ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.

Покрај тоа што со недели е во центарот на вниманието поради успехот со Шпанија, Родри веќе неколку дена е тема на европските спортски портали поради можниот трансфер во Барселона.

Според последните информации, играчот постигнал договор со Каталонците, но трансферот моментално е „закочен“ од Сити, кој бара повеќе пари за „слободата“ на својот фудбалер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАТО собори дрон над Летонија, воздушна тревога во региони покрај Русија

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало што рано утрово навлезе во воздушниот простор на Летонија.

НАТО собори дрон над Летонија, воздушна тревога во региони покрај Русија

Инцидентот се случил во регионот балви, на североистокот на земјата, а вооружените сили по интервенцијата соопштија дека воздушната закана е завршена.

Пред соборувањето бил прогласен портокалов степен на воздушна тревога во неколку области во источна Летонија. Жителите добиле предупредување преку мобилните телефони, а околу еден час подоцна тревогата била укината.

Армијата засега не го објави потеклото ниту типот на дронот. Познато е дека леталото било соборено на релативно голема височина, поради што остатоците може да бидат расфрлани на поширок простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер