РакометРФМ: Горди сме што Македонија е домаќин на првото издание на Ракометен регионален турнирВо организација на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), од 28 до 30 август, спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на Ракометен регионален турнир - Спортско обединување на регионот. Турнирот се одржува со поддршка на Министерството за спорт, а е во организација на РФМ. -Горди сме што Македонија е домаќин на првото издание на Ракометен регионален турнир. Нашата цел е преку спортот да изградиме мостови меѓу земјите од регионот, да создадеме нови можности за младите ракометари и да им понудиме на љубителите на спортот врвни натпревари. Веруваме дека оваа лига ќе прерасне во традиција и ќе биде двигател за понатамошен развој на ракометот во регионот, соопшти РФМ. На овој турнир во машка конкуренција ќе настапат РК Еурофарм Пелистер, РК Вардар 1961, РК Војводина од Нови Сад и РК Ловќен од Цетиње. Во женска конкуренција силите ќе ги одмерат ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Металург, ЖРК Бор од Бор, ЖРК Будуќност од Подгорица.Тагови: РФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛитар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензинитеНов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.Тагови: Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МетеоДенес попладне нестабилно со пороен дождПретпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаМицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter