РФМ ги одреди цените за баражот со Фарски Острови

 Ракометната Федерација на Македонија денес ги објави цените на билетите за бараж натпреварот со Фарски Острови за Светското првенство 2025. Билетите ќе чинат 200 и 300 денари.

Натпреварот ќе се одигра на 12 мај со почеток во 19 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Претходно македонските ракометари ќе гостуваат на Фарски Острови.

Продажбата на влезници за натпреварот почна денес и се одвива online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Тренчевска: До 2028 година 70% од децата ќе бидат вклучени во предучилишно воспитание

Ко-носителката на листата за пратеници, Јованка Тренчевска на изборната единица број 4 на СДСМ од вечерашната трибина во Неготино порача дека пораката која граѓаните ја испраќаат е примена.

Ко-носителката на листата за пратеници, Јованка Тренчевска на изборната единица број 4 на СДСМ од вечерашната трибина во Неготино порача дека пораката која граѓаните ја испраќаат е примена, но дека знае дека градењето на систем е многу поважно за граѓаните отколку само популистички мерки кои не оставаат долготрајни траги во подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните!

„Во 2016 година затекнавме детска заштита со опфат на деца во градинките од само 25%, куп лажни ветувања и сон за брза изградба на 100 градинки од нашите политички опоненти. Од 2017 година до денес, владата предводена од Социјал-демократскиот сојуз отвори 84 нови градинки и опфатот на деца го зголеми на 48%! Вие сте сведоци на нашето вложување во Неготино, во градинката „Фемо Кулаков“, објектот „Темјанушка“ каде инвестиравме и ги зголемивме капацитетите овозможувајќи детска заштита за дополнително 161 дете“ рече Тренчевска објаснувајќи ги заложбите на СДСМ за унапредување на детската заштита.

Таа посочи дека до 2028 година опфатот на деца во предучилишно воспитание и образование ќе се зголеми на 70% и дека патот кон исполнување на таа цел ќе се потврди со отворањето на 14 нови градинки во 2024 година!

Тренчевска истакна дека покрај влогот во најмладите СДСМ вложува и во највозрасните!

„Инвестираме во државни старски домови. Во поголеми пензии. Најниска пензија 20000, просечна 30000 денари. Поголеми плати. Минимална плата 36000 денари, просечна плата 67000 денари. Пoголеми права од социјална и детска заштита за 30%. Нови услуги за највозрасните достапни во сите 81 општина“ изјави Тренчевска.

На крај таа повика сите граѓани да ја заокружат опцијата со број 1 на изборите, затоа што нема друг начин Македонија да чекори напред, се наведува во партиското соопштение.

Ролинг Стоунси ја започнаа американската турнеја со распродаден концерт во Хјустон (ВИДЕО)

Легендарната рок група Ролинг Стоунс вчера со концерт во Хјустон ја започна својата турнеја во Северна Америка.

Според американските медиуми, обожавателите на Стоунс патувале од различни американски градови за да го видат еден од најголемите бендови во историјата на рок музиката, загрижени дека ова би можело да биде нивната последна турнеја, пренесува Ројтерс.

Настапот на Стоунс во Хјустон беше првиот од 16-те претстави што бендот ги планираше низ САД и Канада до јули оваа година.

Британскиот рок бенд, кој беше формиран пред повеќе од шест децении, го отвори своето шоу во Хјустон со песната „Start Me Up“, а фронтменот на бендот, 80-годишниот Мик Џегер, се прошета на сцената во јакна на пруги и сива кошула со светки.

Со Џегер, на сцената излегоа Кит Ричардс (80) и Рони Вуд (76), преживеаните членови на јадрото на Стоунси.

Димитриевски од Битола ги повика граѓаните во борба за менување на владеачката структура

Димитриевски од Битола ги повика граѓаните да се придружат во борбата  за менување на владеачката структура која се однароди и од членството на СДСМ и од народот.

Караванот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по Охрид и Ресен, беше и во Битола. Претседателот на Движењето ЗНАМ За наша Македонија, Максим Димитриевски, носителката на листата за кандидати за пратеници во ИЕ, Весна Бендевска, како и другите кандидати имаа повеќе средби со граѓаните.

Во изјавата за медиумите во Битола, Димитриевски рече дека ЗНАМ се формирал како политички субјект заедно со граѓаните и се афирмира како нова политичка сила во Македонија.

„Нашата цел е да работиме согласно програмските определби, од граѓаните, заедно со граѓаните и за граѓаните“, рече тој и упати порака до сите чесни социјалдемократи дека вратата на ЗНАМ е отворена за нив.

„Ги повикувам заедно да работиме на менување на оваа владеачка структура којашто се однароди, не само од сопственото членство, туку и од народот. Истите тие кои се претставуваат дека се наводно потомци на АСНОМ-ци, а всушност ги избришаа АСНОМ-ските постулати од Уставот на Македонија“, потенцира Димитриевски и ги повика сите да се придружат за да ја водат оваа борба заедно до крај.

„Да победиме на овие избори и во иднина да бидеме коректив на секоја власт и на секоја опозиција во државата од позиција на трета политичка сила, која се вика Движење ЗНАМ –За наша Македонија“, рече тој.

Носителката на листата за Ие 5, Весна Бендевска потенцира дека ЗНАМ добива се поголема и помасовна поддршка во очи на парламентарните избори на осми мај.

„Сега сите знаеме дека сме на вистинската страна“, рече Бендевска и ги повика граѓаните да го заокружат бројот седум, затоа што Движењето ЗНАМ знае како заедно со граѓаните да ја подигне Македонија на нозе и да ја води државата достоинствено и чесно, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер