Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
РакометРФМ: Едно годишна суспензија за тренерот на шампионот Вардар про Веселин ВујовиќРакометната федерација на Македонија му изрече едно годишна суспензија забрана на водење на екипата на тренерот на нашиот нов шампион Вардар Про Веселин Вукјовиќ.Црногорскиот тренер е казнет поради учество во инцидентот на неделниот дерби меч меѓу Вардар Про и Металург во СРЦ Кале.Предводникот на црвено –црните ригорозната едно годишна суспензија од РФМ ја доби и поради дополнителната пријава од судиите на мечот за навреди и закани кој Вујовиќ ги упатил кон нив. Главните иницијатори на неделниот инцидент Филип Миркуловски од Металург и Илија Абутовиќ од Вардар Про од РФМ се казнете со забрана на настап на еден натпревар. Инаку по оваа ригорозна казна за Вујовиќ ,нашиот шампион Вардар Про во следната сезона скоро сигурно ќе мора да ангажира нов тренер, а популарниот Вујо дефинитивно ќе ја прифати понудата од Ал Кијад и ќе замине во Катар. Дисциплинската Комисија на РФМ донесе и одлука за прекинатиот натпревар меѓу Пелистер и Т.Пролет, кој беше регистриран со службена победа на гостите од Скопје со 0-10. Покрај тоа, Пелистер е казнет со одземање на еден бод, а домашниот ракометар Мемиќ , поради напад на судија заработи суспензија од две години од ракометните терени во Македонија. Ригорозните казни за сите учесници во инцидентите во последното коло најавуваат дека новото раководство на нашата ракометна федерација сака да им стави крај на сите непријатни инциденти во македонскиот клупски ракомет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп се закани дека ќе го уништи Иран во говорот пред Обединетите нацииДодека Трамп од говорницата порачуваше дека или Иран ќе стане подобро место за живеење или ќе го снема од светската мапа, американска и иранска делегација во Њујорк веќе преговараа за мировно решение зад затворени врати, прв пат по три месеци.Веста ги затекна и новинарите во Њујорк, кога им ја пренесе самиот Трамп на средбата со Зеленски. -Состанокот траеше три часа, заврши пред еден час. Беше многу добар состанок. Знаете дека постојат две можности (за Иран) и ги слушнавте во мојот говор денеска. Едната е многу лоша, другата може да доведе до големи нешта за земјата. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Нема детали од средбата одржана со посредство на Катар, освен дека учествувале двоецот Витков – Кушнер од американска и шефот на дипломатијата, Арагчи од иранска страна. Главна тема било деблокирање на Ормутскиот теснец, за што Техеран ги испорачал своите барања - укинување на американската поморска блокада и крај на конфликтот на сите фронтови. -Присуството на нашата делегација во Њујорк беше искористена јасно да се пренесат овие прашања до американската страна. , изјави Есмаил Багхеин, портпарол на иранското МНР. Нема конкретен напредок и за војната во Украина, освен заложбата да се дојде до мир пред почетокот на зимата. Зеленски е подготвен да ги прекине нападите врз руските рафинери ако тоа го стори и Путин, откако Трамп алармираше дека уништениот руски енергетски систем е главна причина за рекордните цени на дизелот. -Ние сме подготвени за секаков формат на енергетски прекин на огнот. Ако ние не напаѓаме енергија, мислам на целата енергија, се. Ова е нашиот предлог. Благодарни сме на американската страна, кој ќе го сподели предлогот со руската страна. Јас не ја знам руската позиција. Дали сте подготвени за средба со Путин? Јас сум подготвен. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. -Мислам дека ќе постигнат договор, не би можел да кажам каков. Разговараме многу за тоа, вклучително и со претседателот Путин. Мислам дека нешто ќе се случи. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Ставовите на Трамп искажани вчера за повеќе прашања предизвика неколку делегации да ја напуштат салата. Атмосферата ја вжешти и францускиот претседател Макрон кој демонстративно тропна на говорницата, осудувајќи ги фалбите на американскиот колега дека донел мир во појасот Газа. -Каков кредибилитет имаме ако продолжиме да остануваме неактивни пред ситуацијата во Газа? Некои се фалат со наводен мир, но тој мир не го овозможи повторното отворање на хуманитарниот пристап ниту за една секунда. Дали треба да го гледаме овој спектакл што треба сите да нè засрами?, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција. Веста за новата рунда преговори меѓу Вашингтон и Техеран ја намали цената на нафтата од типот Брент, која падна под 100 долари за барел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеАлцхајмеровата болест во пораст - се појавува и кај помладиКај најмалку 24 илјади пациенти има Алцхајмерова болест, но нема само еден човек има целото семејство, тоа е живот каде еден член ги губи сеќавањата дека е член на тоа семејство. Во светски рамки, но и во Македонија се во пораст деменциите но и луѓе со симпотми на деменција доѓаат во своите педести години за први симптоми, објаснува доктор Габириела Новотни од клиниката за неврологија. Во Македонија конкретно се очекува овој процент се очекува да се зголеми за 166 проценти што значи ние сега треба да размилсуваме за идните две децении да имаме добар систем кој што ќе ги прифати новите идни пациенти со современи биомаркери“.. Она што е важно е целата грижа да не биде на товар на членови од семејства. Многу често овие лица се оставени и сами, и гледаме дека се бараат на социјалните медиуми како исчезанти, вели доктрка Новотни. Често не само еден член и другите членови во немоќ имаат депресија и здравствени проблеми. Од работни обврски, обврски кон други членови, а треба да се грижат и за лице кое не може само. Денешното мото е „Она што останува е љубов, емоција, емпатија“, и здружението и инстиутот за Алцхајмерова болест и неворнаука ќе имаат настан за подигнување на свеста во 18.30 во нардоната канцеларија на претседателот на Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
ЗдравјеЗападнонилска треска: Тројца на интензивна нега, нема нови хоспитализацииЧетири дена по ред почнувајќи од 19-ти септември нема нови нови хоспитализации поради западнонилска треска.Сепак кај дел од пациентите кои се лекуваат на Инфективната клиника, здравствената состојба и натаму е сериозна.Тројца се на интензивна нега, а двајца од нив се на поддршка. Министерот Сашо Клековски, вели дека особено неизвесна останува состојбата на еден од пациентите, кој подолг период е во критична состојба и има потреба од поддршка. Клековски вели дека без разлика дали е прогласена епидемија, мерките на претпазливост остануваат исти – се врши дезинсекција околу местата каде што живеат заболените, а во Скопје е завршено и последното планирано прскање. Тој посочува дека има општини, особено во Повардарјето, каде што воопшто не се прска и каде е потребна поголема претпазливост иако засега нема регистрирани случаи, Наспроти тоа, заболени има и во општини кои се меѓу оние што најчесто спроведуваат дезинсекција. За општините кои не постапуваат по обврските и препораките утврдени од центрите за јавно здравје, Клековски смета дека треба да има и казнени мерки. Според Клековски, потребно е да се анализира и искуството на Грција, каде што значителен дел од случаите се регистрираат во продолжението на Повардарието, и да се утврди кои мерки таму даваат поинакви резултати. На подолг рок, смета дека треба да се менува и начинот на справување со комарците – во разумен период од три до пет години да се напушти авионското прскање и целосно да се премине на дезинсекција од земја. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter