БалканРезултати од приемот на Хрватска во Еврозоната: Раст на цените и инфлацијата, но и на БДП и платите Приклучувањето на Хрватска во Еврозоната на 1 јануари 2023 година резултираше со раст на цените и повисока стапката на инфлација споредено со претходниот период.Приклучувањето на Хрватска во Еврозоната на 1 јануари 2023 година резултираше со раст на цените и повисока стапката на инфлација споредено со претходниот период, но сепак, според експертите, економските податоци сугерираат дека замената на куната со еврото во голема мера е успешна приказна. Така, Хрватска лани беше меѓу земјите од ЕУ со највисока стапка на економски раст од 3,8 проценти, пред се благодарение на позитивните резултати во туристичкиот сектор во услови на забавување на индустријата ширум Европа, додека невработеноста беше на најниско ниво од воведувањето на новата статистичка методологија за пресметување на стапката на невработени во земјата во 1996 година. Дополнително, од воведувањето на еврото платите во Хрватска се зголемија за над 30 проценти. Ваквите резултати се припишуваат и на високото ниво на искористеност на средствата од Механизмот за закрепнување и отпорност, па така според проценките на рејтинг агенцијата „Фич“ до истекот на неговата важност кон средината на следната година Хрватска најверојатно ќе ги искористи сите 4,5 милијарди евра од средствата предвидени за неа со овој инструмент на ЕУ наменет за справување со последиците од Ковид-19. Хрватска уште во поголемиот дел од претходната деценија имаше стапка на инфлација на ниво нешто под просекот во Еврозоната, но Ковид пандемијата во 2020 година предизвика нејзин неколкукратен раст достигнувајќи до над 13 проценти. И денес Хрватска е меѓу земјите од Еврозоната со највисока стапка на инфлација, но според експертите првичните за тоа во голема мера не се поврзани со воведувањето на еврото. Според професорот од Факултетот за економија и бизнис на Универзитетот во Загреб, Петар Сориќ, Хрватска се приклучи кон Еврозоната во услови на сериозни инфлаторни притисоци предизвикани од Ковид пандемијата, кога стапката на инфлацијата во 2022 и 2023 година беше на највисоко ниво од почетокот на 90-тите години на минатиот век во време на распадот на поранешна Југославија. Во такви услови, според Сориќ, перцепцијата на граѓаните била дека високата инфлација и растот на цените се резултат на влезот на земјата во Еврозоната. Сепак, според професорот од истиот Факултет, рече Фран Галетиќ не треба да се занемари и влијанието на воведувањето на еврото врз растот на цените, посочувајќи го и примерот на Словенија каде во рок од 18 месеци од влезот на земјата во Еврозоната во јануари 2007 година, цените се зголемиле во просек за девет проценти. Галетиќ потсетува дека со цел да ги смири стравувањата од растот на цените, хрватската Влада издаде препорака до трговците да ги изразуваат цените и во евра и во куни во периодот од четири месеци пред влезот на земјата во Еврозоната, па се до јануари 2024. Сепак, според него, многу хрватски трговци ги зголемиле цените уште пред воведувањето на нивното двојно прикажување. Галетиќ посочува дека потрошувачките цени пораснале многу повеќе во 18-те месеци пред замената на куната со еврото, отколку по влезот на Хрватска во Еврозоната. За да се справи со ваквиот проблем Владата во Загреб текот на 2022 и 2023 година воведе ограничувања на цените на некои основни стоки, но тоа не ги спречи поскапувањата, па така, на почетокот на годинава и Хрватите се приклучија на акцијата за бојкот на супермаркетите што се организираше во повеќе земји од балканскиот регион поради растот на цените. Сориќ потенцира дека овие владини мерки пред се беа одговор на енергетската криза поттикната од руската агресија врз Украина, но многумина хрватски граѓани ги перципираа како реакција за амортизирање на последиците од воведувањето на еврото. Според него, тешко е главните поттикнувачи на инфлацијата да се поврзат со воведувањето на еврото, па дури и индиректно. Паралелно со растот на цените и инфлацијата, по влезот во Еврозоната, Хрватска забележа и економски раст, што во голема мерка се должи на зголемените приходи од туристичкиот сектор кој придонесува со околу една петтина во вкупниот БДП на земјата. Но, овој раст во туризмот првенствено се должи на укинувањето на рестрикциите за патување во странство воведени за време на Ковид пандемијата, но и на растот на цените на туристичките услуги. Така, во последните три години цените за туристичките услуги во Хрватска се зголемија за околу 50 проценти, што е далеку повеќе отколку во Шпанија или Грција, каде тие бележат раст за 15 до 20 отсто. Сепак, според експертите, генерално преминот на заедничка европска валута на Хрватска и донел многу повеќе придобивки, отколку штети. Директорката на Одделот за европски прашања при Хрватската народна банка, Ана Шабиќ, смета дека замената на куната со еврото претставувала „целосно успешна приказна“. Според неа, само благодарение на намалените трошоци за финансиска размена и трансакции по влезот во Еврозоната, Хрватска заштедува по околу 160 милиони евра годишно. - Хрватска ги почувствува сите очекувани придобивки од членството во Еврозоната и покрај фактот што и се приклучи во многу предизвикувачки времиња, вели Шабиќ, додавајќи дека суштинска заслуга за тоа имаат и „деталното и навремено планирање“, како и „јасната поделба на задачите и одговорностите меѓу вклучените институции“. Тагови: Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter