КултураРезултати од Конкурсот за откуп на композиции од областа на класичната музикаДваесет и три награди со износ од 1.790.000 денари се доделени на првиот конкурсен рок за 2014 година за нарачка на дела од областа на класичната музика. Конкурсот за стимулација на творештвото од областа на класичната музика, со кој на годишно ниво се предвидува создавање на 50 композиции од различен вид и за различни изведувачки состави и формации, во февруари го објави Министерството за култура. Во првиот Конкурсен рок за 2014 година за нарачка на музички дела од областа на класичната музика, до Министерството за култура биле поднесени 36 апликации за 9 различни категории. Пет пристигнати апликации не ги исполниле условите согласно конкурсот и тие композиции биле дисквалификувани и не биле проследени на евалуација од страна на стручните комисии. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, денеска на прес-конференција на која ги соопшти резултатите од конкурсот, рече дека доделени се девет први награди со вкупен износ од 785.000 денари, девет втори награди со износ од 640.000 денари и пет трети награди со износ од 365.000 денари. - Комисијата задолжена за избор на композиции за детски хор во состав: Сашо Татарчевски, Викторија Коларовска-Гмирја и Марко Коловски одлучи наградите во оваа категорија да ги добијат:Прва награда со освоени 17 бодови за композицијата на авторот Гоце Гавриловски, втора награда со освоени 14 бодови за композицијата на авторот Теа Богатинова, а трета награда со освоени 13 бодови за композицијата на авторот Вулнет Таири, истакна Канческа-Милевска. Посочи дека Комисијата задолжена за избор на композиции од категоријата соло-песни во состав: Роза Нолчева, Валтон Бекири и Марко Коловски утврдила дека во оваа категорија ќе се додели прва награда со освоени 17 бодови за композицијата на авторот Љубомир Бранѓолица и втора награда со освоени 15 бодови за композицијата на авторот Вулнет Таири. - Комисијата задолжена за избор на композиции од четврта категорија - мандолински оркестар во состав: Сашо Татарчевски, Валтон Бекири и Марко Коловски утврди дека во оваа категорија ќе бидат доделени: прва награда со освоени 17 бодови за композицијата на авторот Тодор Трајчевски и втора награда со освоени 14 бодови за композицијата на авторот Филип Иванов, потенцира Канческа-Милевска. Таа рече дека Комисијата задолжена за избор на композиции од петта категорија, солистички композиции за мелодиски инструмент во состав Владимир Костов, Иван Бркљачиќ и Тина Иванова утврди дека во оваа категорија ќе се додели прва награда со освоени 20 бодови за композицијата на авторот Симона Симуноска-Бакревска и втора награда со освоени 11 бодови за композицијата на авторот Гоце Гавриловски. Комисијата задолжена за избор на композиции од седма категорија-Акузматични композиции во состав Тина Иванова, Роза Нолчева и Роберт Нормандо, посочи министерката, додели прва награда со освоени 22 бодови за композицијата на авторот Роберт Саздов, втора награда со освоени 20 бодови за композицијата на авторот Никола Димушевски и трета награда со освоени 13 бодови за композицијата на авторот Влатко Ѓорѓиев. - Композициите за биг бенд ги евалуираше комисија во состав Стефан Шултсе, Дејв Вилсон, Оле Матисен и Сашо Татарчевски, која одлучи да додели прва награда со освоени 30 бодови за композицијата на авторот Владимир Николов и втора награда со освоени 23 бодови за композицијата на авторот Илија Пејовски, рече Канческа-Милевска. Во категоријата композиции за две пијана или четирирачно пијано ќе бидат доделени прва награда со освоени 23 бодови за композицијата на авторот Драган Стојковски, втора награда со освоени 22 бодови за композицијата на авторот Јана Андреевска Димитровска и награда со освоени 19 бодови за композицијата на авторот Елизабета Илиевска. Во категоријата композиции за камерен состав од пет или повеќе инструменти по слободен избор од вкупно пет пристигнати дела се доделени прва награда со освоени 30 бодови за композицијата на авторот Дарија Андовска, втора награда со освоени 29 бодови за композицијата на авторот Панде Шахов и трета награда со освоени 26 бодови за композицијата на авторот Ана Пандевска. Во категоријата оркестарски композиции доделена е прва награда со освоени 50,5 бодови за композицијата на авторот Александар Пејовски, втора награда со освоени 43,5 бодови за композицијата на авторот Сони Петровски и трета награда со освоени 41 бод за композицијата на авторот Мирослав Спасов. - Композициите кои согласно решението за избор на комисија ги оценуваше тричлена комисија требаше да освојат најмалку 10, а најмногу 30 бода. Композициите кои ги избираше четичлена комисија беше потребно да добијат најмалку 15 а најмногу 40 бода, додека композициите кои ги оценуваше шестчлена комисија требаше да освојат најмалку 20, а најмногу 60 бода, истакна Канческа-Милевска. Посочи дека вториот конкурсен рок за нарачка на поголемите вокално-инструментални форми, концерт, ораториум, опера и други дела за 2014 година завршува на 15 ноември, а резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 15 декември. - За Програмата за поттикнување на домашното уметничко творештво од областа на класичната музика Министерството ќе издвојува по шест милиони денари за секоја година поединечно. Министерството ќе ја поддржи и работата на неодамна формираниот ансамбл на Сојузот на композиторите кој заедно со националните установи, Македонската филхармонија и МОБ ќе ги изведе во наредниот период сите наградени дела, рече Канческа-Милевска. Таа изрази уверување дека реализацијата на овие конкурси ќе го зголеми интересот и на младите автори да се занимаваат со оваа исклучително важна творечка професија, која овозможува нашата држава да поседува навистина вредно музичко наследство кое не издвојува во европскиот културен контекст. - Стимулирањето на домашното уметничко творештво е еден од врвните приоритети на Министерството кое се поддржува и развива во сите дејности од областа на културата. Преку Годишната програма од национален интерес Министерството континуирано обезбедува поддршка за создавање нови дела со кои се збогатува македонската уметничка продукција. Изминатиот период, согласно Стратегијата за развој на културата 2013-2017, спроведовме посебни мерки, нарачки и откупи на дела кои верувам дека ќе имаат уште поголеми придобивки во контекст на збогатувањето на националните фондови но, и на афирмацијата на улогата и статусот на авторот, додаде Канческа-Милевска. Претседателот на Сојузот на композиторите на Македонија, Сони Петровски рече дека преку мерките на Министерството имаат можност да инвестираат преку музичкото творештво и во музичката култура. Музикологот и член на Комисијата за избор, Марко Коловски истакна дека меѓу 60, 70, па и 100 композиции кои се создавале годишно во 60-тите и почетокот на 70-тите години, во првата деценија на 21 век годишно има едвај дваесетина композиции и повеќето од нив благодарение на поддршката на Министерството за култура. - Оваа година е преземен значаен радикален чекор во смисла на стимулацијата на музичкото творештво кој не може да ги избрише негативните последици кои се создадени претходните два децении, ниту пак мислам дека во еден момент се направи пресврт во музичкото творештво. На половина од годинашниот конкурс имаме 36 новосоздадени композиции, што значи дека бројот на новосоздадени дела ќе биде најмалку 60 или 70, вклучувајќи ги и оние кои ќе ги има надвор од конкурсот. Ние ќе стигнеме до бројка која ќе биде многу поголема, додаде Коловски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МетеоДенес променливо облачно со сончеви периодиВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 15. ноември 2026 година. Дневен хороскоп за недела, 15. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе кои се подготвени се да споделат со другите. Ќе биде тоа полн погодок за вас. Кариера Работата ќе ја вршите со песна. Едноставно ќе ви оди. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет Добро е што не ги комплицирате работите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно е пријатно излегување и вашата популарност во друштвото. Но одвнатре и натаму ќе бидете празни. Кариера Без оглед што можеби ја знаете работата најдобро , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да соработувате. Здравје и совет Издржете. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе играте на карта на љубезност и убаво однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срце. Кариера Можеби нема најдобро да ве разберат , па затоа држете се до професионалните правила и стандарди. Така ќе ви биде полесно. Здравје и совет Наспијте се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои своите љубавни грижи ќе му ги доверат на пријател,сдруги ќе ги скријат под тепих, а трети ќе се забавуваатсо друштво без оглед на се. Кариера Ќе финиширате една задача која можеби ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе подолго време требаше да се заврши. Здравје и совет Излезете меѓу луѓе . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сериозните теми ќе ги отфрлите на страна со помош на духовит разговор. Другата страна нема да ви замери. Кариера Се што ќе работите или евентуално што ќе предлагате, ќе мора да го објасните. Ќе бидете успешни во тоа. Здравје и совет Не се натпреварувајте со никого. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате потреба да заминете што подалеку од дома. Ако живеете со партнер , ќе треба тоа да го објасните: Ако не, ќе имате големи опроблеми. Кариера Вашите замисли убаво напредуваат , а вие сте задоволни од резултатот. Денеска работете на детали. Здравје и совет Поврзете се со луѓе од други региони. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во вториот дел од денот ќе станете поотворени за секаков вид дружење и забава, а ќе се појават и шанси за тоа. Кариера Со мали чекори ќе може да дојдете до значајна цел исто како и со големи. Затоа не се грижете ако напредокот е постапен. Здравје и совет Едноставно имајте верба. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина ќе посакаат малку повеќе слобода или да се тргнат од грижите. затоа ќе побараат друштво без обврски. Кариера Вие сигурно можете и подобро , но моменталната ситуација тоа не ви го дозволува. само не ги обвинувајте другите. Здравје и совет Преземете одговорност. Рак 22.6-22.7. Љубов Во попладневните часови ќе се опуштите , а вашиот однос со саканата личност ќе се подобри. Кариера Ќе дојде до се подобра соработка меѓу вас и колегите. Ќе успеете да ги усогласите различните идеи и мислења. Здравје и совет Радувајте се . Има зошто. Лав 23.7-22.8. Љубов Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе тлее потреба за да бидете главни. На партнерот тоа би можело да му оди на нерви. Кариера Копнеете за уште поголеми признанија од оние кои неодамна ги добивте. Би било подобро да сте поскромни. Здравје и совет Разбистрете си го умот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележите дека вашата најсакана личност станува се почувствителна. Бидете внимателни. Кариера Потрудете се уште малку и резултатите ќе се појават . Тоа што сеуште не се гледат , не значи дека се далеку. Здравје и совет Треба повеќе да се рекреирате . Вага 24.9.-23.10 Љубов Истовремено ќе се забавувате и ќе сонувате за некоја идилична љубовна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Кариера Сакате да се пошегувате со колегите. Денеска ќе направите мала ситуација , но никој нема да ви замери. Здравје и совет Ќе ширите ведар дух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter