Режисерот Парк Чан-вук претседател на жирито на Канскиот филмски фестивал - Канал 5

Режисерот Парк Чан-вук претседател на жирито на Канскиот филмски фестивал

Режисерот Парк Чан-вук од Јужна Кореја е именуван за претседател на жирито на овогодишниот Филмски фестивал во Кан, објавија денеска организаторите.

Режисерот Парк Чан-вук претседател на жирито на Канскиот филмски фестивал

Жирито ќе одлучува за „Златната палма“, главната награда на меѓународниот фестивал, што треба да се додели на 23 мај. Парк (62) претходно освои неколку награди на престижниот француски фестивал, и ќе биде првиот Јужнокореец кој ќе ја предводи таа жири-комисија. Јужнокорејскиот филмаџија, по тој повод, рече дека Фестивалот ја одразува неговата „рана и длабока приврзаност кон корејското кино“. Тој, инаку, ја наследува француската глумица Жулиет Бинош, која претседаваше со жирито во 2025 година, кога угледното жири му ја додели „Златната палма“ на иранскиот режисер Џафар Панахи за „Едноставна несреќа“.

„Висцерални, субверзивни и барокни, филмовите на Парк Чан-вук се смели во секој поглед - во сценариото, во стилот и морално“, се вели во соопштението на Кан.

Парк претходно освои „Гран при“ (Големата награда) на Фестивалот во 2004 година за неговата драма за одмаздата - филмот насловен „Стариот“. Подоцна ја доби наградата од жирито во 2009. за „Жед“, па се врати во 2016. со „Слугинката“ и во 2022 година ја освои наградата за најдобар режисер за „Одлука за заминување“.

Претстојното, 79. издание на Канскиот филмски фестивал ќе се одржи од 12. до 23 мај. Се очекува официјалната селекција на филмовите да биде објавена во април.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: „Жешката“ Алесандра Амброзио обожува бикини

Една од нјаубавите жени на светот во последните две децении, шармантната Алесандра Амброзио повторно предизвика вистински  хаос на мрежите.

Фото: „Жешката“ Алесандра Амброзио обожува бикини

Уште од почетокот на сезоната на бикини, секоја нејзина објава на Инстаграм на радост на фановите е токму во таа насока.

Позната по својата совршена става и бразилска убасексапилната Алесандра Амброзио и овој пат успеа да привлече внимание.

Се чини дека оваа убавица веќе некое време ужива во жешките летни денови, кои вклучуваат серија атрактивни бикини.

На Инстаграм, каде што е често активна, ги информира своите обожаватели за актуелните настани во нејзиниот живот, а неодамна покажа како ужива на плажа со својот партнер.

На фотките убавата Алекс гордо позира во бикини кои ги истакнуваат нејзините облини за што доби само позитивни коментари од своите обожаватели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сексипилна водителка покажа како се подготвува за Светското првенство

Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, наскоро доаѓа, а спортските новинари ширум светот ќе имаат полни раце работа.

Фото: Сексипилна водителка покажа како се подготвува за Светското првенство

Италијанските новинарки доминираат во спортскиот свет, а по Дилета Леота, уште една убавица го привлекува вниманието на јавноста.

Станува збор за новинарка по име Елеонора Инкардона.

Се чини дека италијанската спортска новинарка Елеонора Инкардона решила да ги „наполни батериите“ за претстојното првенство, а за тоа морала да отпатува во Египет.

Таа сега објави фотографии од одморот на Инстаграм, а своите верни обожаватели ги почасти со жешки сцени.

На фотките, секси водителка позира во бикини, а во прв план се нејзините облини во мали бикини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан веќе не се крие: Ја објави првата заедничка фотографија со новото момче

Најпознатата американска старлета, Ким Кардашијан и големиот шампион од Формула 1, Луис Хамилтон, повеќе не кријат дека се во врска.

Ким Кардашијан веќе не се крие: Ја објави првата заедничка фотографија со новото момче

По месеци шпекулации за нивната врска, Ким и Луис ја испратија најјасната порака досега - нивната романса стана јавна.

На почетокот на јуни, Ким објави серија фотографии од својот секојдневен живот на својот Инстаграм профил, а посебно внимание привлече еден момент забележан додека вози велосипед низ улиците на Њујорк.

Видеото и фотографиите го прикажуваат како се обидува да направи заедничко селфи со Луис Хамилтон, по што накратко ја губи рамнотежата, што предизвика смеа кај присутните.

Ова е нивната прва заедничка објава на социјалните мрежи, а доаѓа кратко откако за прв пат беа видени заедно на јавен настан. На почетокот на мај, тие заедно присуствуваа на бродвејската претстава „Страв од 13“, а откако го напуштија театарот, фотографите ги фотографираа држејќи се за раце.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер