Нашиот Македон на 12 години е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД
Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари
1Нашиот Македон на 12 години е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД
2Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари
3ГРОМ со најостра осуда на новата кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски
СветРежимот во Иран е поранлив отколку кога било досега, но Хаменеи не покажува знаци дека ќе попуштиНародот во Иран веќе го доживеал ова. Во 2009 година — поради наводна изборна кражба; во 2019 година — поради цените на горивата; во 2022 година — поради злоставувањата на полицијата за морал.Скај Њуз - Лондон Масовните протести се далеку од револуција. Народот во Иран веќе го доживеал ова. Во 2009 година — поради наводна изборна кражба; во 2019 година — поради цените на горивата; во 2022 година — поради злоставувањата на полицијата за морал. Властите го усовршија својот прирачник: преку бруталноста на Револуционерната гарда и милициите Басиџ, убиства на демонстранти, масовни апсења, јавни погубувања и исклучување на интернетот. Последната точка е од огромно значење. Тоа значи дека луѓето не знаат дали некој друг излегол на улица.Не можат да се поврзат. Не знаат дали вреди да продолжат да ги изложуваат главите над бедемот по последните две ноќи на протести, кои беа однапред најавени и координирани. Видеата што ќе ги видат ќе бидат оние на државната телевизија, каде ќе слушнат закани дека ќе се користи смртна казна врз демонстрантите наречени „вандали“ или „терористи“, и каде ќе гледаат провладини толпи, како и контролирани, но сепак зловесни задушувања. Тешко е да се одржи моментумот низ 31-те покраини на Иран, особено кај протест без очигледен лидер (барем внатре во самиот Иран), ако луѓето се оставени во информациски црн бунар. Реза Пахлави, син на поранешниот шах, јасно има извесна поддршка на улиците, но тој е во САД и неговите повици за штрајкови и понатамошни протести тешко се пробиваат. И, секако, исклучувањето на интернетот им овозможува на властите да вршат репресии по сопствен избор, без видливоста што би ја донела поврзаноста. Истото се случи во 2019 година, кога беа убиени најмалку 1.500 демонстранти. Сè уште сме далеку од такви бројки, иако поради недостигот на информации е тешко да се процени. Единствената пречка режимот да го продолжи ова информативно затемнување е бесконечната економската штета што ќе ја нанесе на веќе задишана економија. Но има уште многу простор за тоа колку можат да заострат репресиите, а тие не покажуваат никаков знак дека ќе попуштат. Револуциите би барале поддршка од елита — делови од безбедносниот апарат да одлучат дека повеќе нема смисла да продолжат да му се покоруваат на 86-годишниот врховен лидер. Тоа, исто така, не изгледа дека се случува. Џокерот е Доналд Трамп. Тој вети дека ќе удри силно по Иран ако режимот отвори оган врз демонстрантите. А тука е и Израел, кој би можел да ја искористи приликата за нов напад. Исламската теократија во Иран е поранлива отколку кога и да било. Но таа самата е родена од револуција, а врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи воопшто не е расположен да покаже слабост. Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаНашиот Македон на 12 години е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САДНа само 12 години, нашиот Македон е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, со седиште во Балтимор, Мериленд – , Baltimore, Maryland , USA. Програмата е наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет. По тестирањето, Македон го доби и престижното признание „Гранд Хонорс / СЕТ“, за исклучителни резултати по математика и вербални способности. Grand Honors = највисоко признание за исклучително високи резултати во рамките на CTY тестирањето. SET = Study of Exceptional Talent – програма/признание на Johns Hopkins за ученици кои постигнуваат исклучително високи резултати на тестирањата, значително над очекуваното за нивната возраст. На само 11 години постигна и 1440 поени на САТ тестот – 740 по математика и 700 по читање и пишување. Зад сите овие бројки и признанија стои едно нешто – огромна љубов кон знаењето. Со повеќе од 20 златни медали од меѓународни математички натпревари, Македон продолжува да учи, да сонува и да ги поместува своите граници. Како родители, не можеме да бидеме погорди. Македон, продолжи да веруваш во себе. Ова е само почеток, објави на ФБ неговиот татко Владимир.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаСерафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазариОткупот на грозјето продолжува непречено, откупните пунктови работат, а лозарите го предаваат својот род, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски .Откупот на грозјето продолжува непречено, откупните пунктови работат, а лозарите го предаваат својот род, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски при денешната посета на неколку откупни места во Кавадарци, каде непосредно се запозна со текот на приемот и преработката на грозјето. „Лозарите немаат никаква корист од политичкиот натпревар во кој од изолирани случаи се конструира слика дека откупот се одвива отежнато или дека е запрено преземањето на вранецот. Таквите тврдења не одговараат на фактите од откупните места“, изјави министерот Серафимовски. Тој информираше дека според најновите податоци, 14 винарии на 19 откупни места досега откупиле и преработиле над 35 милиони килограми грозје. Околу 15 милиони килограми се црвени сорти, меѓу кои доминантно е застапен вранецот, додека над 20 милиони килограми се бели сорти. Дополнително, винариите од сопствените лозови насади собрале и преработиле над седум милиони килограми грозје, од кои 3,1 милиони килограми црвено и 3,9 милиони килограми бело грозје. Уште 1,5 милиони килограми се откупени и преработени од страна на семејните винарии. Вкупното количество набрано и преработено во домашните винарии со тоа надминува 43,5 милиони килограми. „Значаен дел од овогодишниот род добива пласман и надвор од домашниот пазар. Досега се извезени над 10,5 милиони килограми винско и трпезно грозје. Кога ова количество ќе се додаде на родот преземен и преработен од домашните винарии, вкупно досега од лозовите насади се набрани над 54 милиони килограми грозје“, рече министерот Серафимовски. Тој нагласи дека Државниот инспекторат за земјоделство засилено го следи целиот процес и секојдневно се вршат контроли на 19-те откупни места низ државата, при што се проверуваат мерењето, класификацијата, документацијата, евиденцијата и почитувањето на условите за откуп. „Ги повикувам лозарите секој конкретен проблем веднаш да го пријават до Министерството или до Инспекторатот. Секоја конкретна забелешка од лозарите се проверува и за секоја утврдена неправилност ќе има соодветно постапување“, рече министерот Серафимовски. Коментирајќи ги политичките реакции за текот на откупот, министерот Серафимовски оцени дека Левица преку селективни и драматизирани објави се обидува да создаде паника, без да понуди применливо решение за откуп, финансирање или сигурна исплата. Според него, партијата го нарекува лозарот статист, а истовремено го претвора во дел од сопствената политичка претстава. „Со паника не се откупува ниту еден килограм грозје, не се отвора откупен пункт и не се обезбедува исплата. Додека Левица се занимава со политичка режија, лозарите го предаваат родот, визбите вршат прием и откупот континуирано продолжува“, истакна министерот Серафимовски. Осврнувајќи се на ставовите изнесени од опозицискиот СДСМ, Серафимовски посочи дека оваа партија во текот на седумгодишното владеење не изградила стабилен систем на договорно производство, сигурен пласман и рамноправен однос меѓу лозарите и откупувачите. Тој оцени дека зад претходната власт останале наталожени проблеми и Закон за вино кој не ги затворил клучните слабости во секторот. „СДСМ денес најгласно зборува за прашањата што не успеа да ги реши додека ја имаше одговорноста. Сопствените пропусти не можат да се преименуваат во туѓа вина, ниту проблемите оставени со години да се претставуваат како да настанале денес“, порача министерот Серафимовски. Тој нагласи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и надлежните институции остануваат целосно ангажирани до крајот на бербата, со очекување откупот во следните денови да продолжи со уште поголема динамика. „До лозарите упатувам апел продолжете да го предавате родот и пријавете го секој конкретен проблем на откупните места. Не дозволувајте непроверени и политички режирани објави да внесуваат неизвесност во деновите кога се вреднува вашиот целогодишен труд. Откупот тече, пунктовите работат, а нашата цел останува грозјето да добие пласман, а лозарите сигурна и навремена исплата за вложениот труд“, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
ФудбалНејмар за новиот соиграч: Ако е ова сон, не сакам да се разбудам (ВИДЕО)Нејмар (34) не го криеше своето задоволство од доаѓањето на Филипе Кутињо во Сантос. Бразилскиот клуб објави видео од нивната средба во тренинг центарот, а Нејмар го поздрави својот долгогодишен пријател со прегратка и зборовите: „Ако ова е сон, не сакам да се разбудам“. Кутињо (34) потпиша договор со Сантос до крајот на сезоната. Тој е без клуб од февруари, кога го напушти Васко де Гама, клубот каде што порасна и се врати во 2024 година. Прв пат заедно во ист клуб Нејмар и Кутињо со години се соиграчи во бразилската репрезентација, но никогаш не играле заедно за ист клуб. Иако двајцата го носеа дресот на Барселона во текот на нивните кариери, нивните епизоди на Камп Ноу не се преклопуваа. Нејмар замина во Пари Сен Жермен во летото 2017 година, додека Кутињо од Ливерпул пристигна во Барселона во јануари 2018 година. "SE FOR UM SONHO, NÃO QUERO ACORDAR!" 😂💭 Veja como foi a recepção para Philippe Coutinho em sua chegada ao CT Rei Pelé! https://t.co/Xtdzk9fpEK — Santos FC (@SantosFC) September 14, 2026 Кутињо помина пет години во Ливерпул и го изгради својот статус на еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер лигата. По трансферот во Барселона, тој играше и за Баерн, Астон Вила, Ал-Духаил и Васко пред да се врати во бразилскиот фудбал и да потпише за Сантос. Нејмар, пак, се врати во Сантос на почетокот на 2025 година, во клубот каде што ја започна својата професионална кариера и од кој замина во Барселона во 2013 година. Сантос сега има двајца поранешни играчи на бразилската репрезентација во истата соблекувална, а доаѓањето на Кутињо очигледно беше пречекано од Нејмар со посебно задоволство. Кутињо последен пат играше за Бразил во март 2022 година, додека Нејмар се збогува со репрезентацијата по Светското првенство оваа година.Тагови: Нејмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook