Олимпискиот дух во училиштето: МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“
2Олимпискиот дух во училиштето: МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“
3Клековски во посета на ОБ Кочани: Со поддршака на Амбасадата на Полска обезбедена нова медицинска опрема
МакедонијаРежим на јавен превоз за време на Министерскиот самит на ОБСЕЈСП - Скопје информира дека за време на одржување на Министерскиот самит на ОБСЕ, односно во среда (29.11.2023 год), јавниот превоз ќе сообраќа вообичаено, по зимен делничен возен ред.Во четврток (30.11.2023 год), автобусите ќе возат по саботен возен ред. Сите билетарници и центри за персонализација во среда (29.11.2023 год) ќе работат од 6.30 до 13 часот, а во четврток (30.11.2023 год) нема да работат. Жичарницата сите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, стои во соопштението од ЈСП. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
МакедонијаОд понеделник, продолжуваат дијагностичките испитувања за болеста бруцелоза кај говедатаАгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) излезе во пресрет на барањата на ветеринарните друштва, изнесени на неодамна одржаниот мирен протест пред Агенцијата, за продолжување на дијагностичките испитувања за болеста бруцелоза кај говедата. Почнувајќи од понеделник 23.11.2026 година, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, ќе продолжи со спроведување на испитувањата за оваа болест кај говедата, активност со која ќе се реализираат предвидените мерки со Програмата за здравствена заштита на животните за годинава. За реализирање на овие активности, Агенцијата и Факултетот, во интерес на одгледувачите на животни и заштитата на јавното здравје, најдоа решение и склучија договор за донација, со кој се овозможи континуирано вршење на овој тип лабараториски испитувања, кои за сточарскиот сектор, потрошувачите и економијата се од исклучително големо значење. Целта на испитувањата е дијагностицирање, следење контрола и спречување на појава и ширење на болеста бруцелоза кај говедата, ставање во промет на здрави животни и нивни производи и заштита на јавното здравје. Агенција за храна и ветеринарствоТагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОлимпискиот дух во училиштето: МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“Македонскиот олимписки комитет (МОК), во соработка со ООУ „Владо Тасевски“ од општина Карпош, денеска го одбележа Светскиот ден на детето со програма посветена на играта, дружењето и олимписките вредности.По тој повод, претседателот на МОК, Даниел Димевски и Петар Спасеновски, раководител на Секторот за спорт и спортски прашања при МОК, ги посетија учениците, кои им приредија пречек пред училиштето. Средбата беше одбележана и со симболична размена на подароци меѓу Димевски и директорот на училиштето. Во свечениот дел беа претставени ликовната изложба „Олимписки вредности низ очите на децата“ и расказ на тема спорт, олимпизам, етика и фер-плеј, кој го прочитаа ученици. Преку интерактивен дел, учениците се запознаа со олимписките вредности – пријателство, почит и извонредност. Спортските активности свечено беа отворени со пуштање балони во олимписките бои. „Олимпизмот не е само за врвни спортисти што се натпреваруваат пред целиот свет. Олимпизмот е начин на живот“, порача претседателот Димевски пред учениците. Тој ги потсети дека вистинската вредност е во трудот, упорноста и желбата да бидеме подобри од денес, а не од другите.„Не ме интересира кој ќе победи, туку кој ќе ужива, кој ќе му помогне на другарот и кој ќе покаже фер-плеј“, додаде Димевски. Потоа следеа спортски натпревари – одбојка во мешани екипи од 6. до 9. одделение и мини-турнир во фудбал, додека помладите ученици учествуваа во штафетни трки и други спортски игри. МОК му донираше на училиштето спортска опрема – топки за фудбал, кошарка и одбојка. Со ваквите активности, МОК ги доближува олимписките вредности до најмладите и го поттикнува спортот како дел од секојдневниот живот на децата.Тагови: МОК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлековски во посета на ОБ Кочани: Со поддршака на Амбасадата на Полска обезбедена нова медицинска опремаМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денеска ја посети Општа болница во Кочани, по повод донацијата на „Polish Aid“, реализирана преку Амбасадата на Република Полска.Станува збор за медицинска опрема наменета за оперативната сала, во вкупна вредност од 47 илјади евра, како што се: најсовремен операционен стол, компатибилен хистероскоп, операционо светло и друга хируршка опрема. Од болницата информираат дека благодарение на новата опрема, во текот на вчерашниот ден биле извршени три операции. Покрај ова, во ОБ Кочани се реализираат и други активности за унапредување на здравствената инфраструктура и услугите. Набавен е нов дигитален рендген-апарат, чија инсталација се очекува во наредниот период, а за одделот за физикална терапија е обезбедена современа медицинска опрема. Исто така, на гинеколошко-акушерскиот оддел, со новите гинеколози е забележан значаен пораст на бројот на породувања. Дополнително, службата за итна медицинска помош е зајакната со две нови амбулантни возила. -Модернизацијата на ОБ Кочани ќе ја анализираме заедно со Клиничката болница Штип. Источниот регион треба да се планира како целина – што се развива во Кочани, што во Штип и како двете болници меѓусебно се надополнуваат, наместо да се планира болница по болница, истакна министерот Клековски. Министерот изрази благодарност до „Polish Aid“ и Амбасадата на Република Полска за поддршката, како и до Општина Кочани и целиот тим на Општата болница Кочани за нивната посветеност и ангажман во унапредувањето на здравствената заштита, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08