Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“
2Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“
ФудбалРезервниот голман на Интер, прегази човекРезервниот голман на калчо великанот Интер, Шпанецот Хозеп Мартинез, е вклучен во сообраќајна несреќа со смртоносен исход.Според италијанските медиуми резервниот голман на Интер, Шпанецот Хозеп Мартинез, со автомобил прегазил 81-годишен маж во електрична инвалидска количка . Мартинез, кој е резерва на Швајцарецот, Јан Зомер сезонава, утрово околу 9-30 часот во Фенегро, недалеку од Комо, во близина на тренинг центарот на клубот во Милано, прегазил возрасен човек инвалид. Медиумите објавија и детали од трагичната сообраќајна несреќа. Италијанските медиуми објавија дека се претпоставува дека на 81 годишниот човек му се слошило пред да ја премине улицата, а трагедијата се случила поради тоа што Мартинез со автомобилот не успеал да го избегне возрасниот човек. Сведоците на трагедијата тврдат дека судирот бил насилен и дека и покрај итната интервенција на службите за итни случаи: хеликоптер, брза помош и полиција - ништо не можело да се направи за постариот човек и дека тој починал на местото на настанот. Според неофицијални информации, човекот во инвалидска количка можеби се чувствувал лошо и ја напуштил велосипедската патека за да го премине патот во спротивна насока од насоката на движење. Мартинез, кој во тој момент минувал со автомобил, не можел да го избегне судирот. Веднаш застанал со автокмобилот и се обидел да пружи прва помош, и соработува со властите, јавуваат италијанските медиуми. Мартинез не е повреден, но е во состојба на шок. Итната помош брзо пристигна на местото на настанот, но обидите за реанимација не успеле, а жртвата починала. Засега, клубот и голманот се без официјална изјава во врска со несреќата, а италијанската полиција спроведува истрага за околностите на несреќата . Инаку, Хозеп Мартинез пред да пристигне во Интер бил дел од академијата на Барселона, а во сениорскиот фудбал го чувал голот на Лас Палмас, Лајпциг и Џенова.Тагови: Интер Милано Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните. Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот. Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните. -Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска. Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“. Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан ДистрибуцијаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на СДСМДобро е што Кузеска дава признание што од брусење шахти и казни на тие кои не употребуваат Северна, стигнавме денес и европските челници да употребуваат македонски идентитет и култураПрес-конференцијата на Богданка Кузеска каде посочува дека Урсула фон дер Лајен употребува македонски јазик, култура и идентитет, со оглед на фактот што доаѓа од партијата позната по тоа што кога беше на власт ги брусеше капаците од шахтите зошто имале сонце, ја разбираме единствено како големо признание на оваа Влада која од состојба каде Заев како премиер ги корегираше и казнуваше сите кои не употребуваат Северна дојдовме до ситуација европските челници да ја прифатат придавката македонски и да се јакне македонскиот идентитет. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook