ЗдравјеРеволуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула.Направена е сложена хибридна процедура - имплантација на биолошка валвула на митрална позиција (валвула во валвула) на 74 годишна пациентка во тешка општа состојба со нарушена функција на бубрезите и поставена на апарат за дијализа. Овој мини-инвазивен метод на замена на протеза на митрална валвула е реткост во светски рамки а во Клиника Жан Митрев е спроведена на 74годишна пациентка. Тимот составен од кардиохирурзи и интервентни кардиолози, направи успешна процедура со ТМВИ (Transcatether mitral valve implatation procedure) имплантација на валвула, без класична операција. „Денеска имаме еден посебен случај, екстремно сложен зафат на екстремно тешка пациентка. Овие навидум невозможни мисии со кои се продолжува животот на пациентите со години и декади, кај нас, во Клиника Жан Митрев стануваат возможни и се почести со што ги поместуваме границите на кардиохирургијата и во светски рамки. Тимот на Клиника Жан Митрев 25 години поставува нови стандарди во целосната здравствена нега и изнаоѓање начини како да помогне на што повеќе пациенти. Со современата апаратура, со примена на напредна технологија создаваме животни можности за нашите пациенти и ја оправдуваме вистинската функцијата на медицината“, истакна д-р Митрев. Протезата на митралната валвула е поставена преку врвот на срцето во митралната позиција, без пациентката да биде класично оперирана. Разликата меѓу класична операција и оваа интервенција е што има само мало отворање на градниот кош – 5см од левата страна преку кое се пристапува до врвот на срцето и со помош на посебен катетер се вметнува новата во постоечката валвула, без притоа да се употреби вонтелесна циркулација. „Ваквите кардиохируршки дострели укажуваат на големиот потенцијал на здравството во Македонија. Иновативниот начин на спроведување на зафатот, минимално инвазивен, безбеден за пациентот пред се, го олеснува опоравувањето на пациентот и заштедува болнички денови. Овој зафат е овозможен со пристапот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, за пакет за највозрасни пациенти, кој вклучува и овој тип на интервенции и нивно значително зголемување за 2025 година, потоа поддршка на нови зафати/интервенции, како и на комплементарноста на јавниот и приватниот сектор“, истакна Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Тимот кардиохирурзи и интервентни кардиолози беше предводен од д-р Митрев, заедно со доц. д-р Оливер Бушљетиќ, специјалист по интерна медицина, супспецијалист кардиолог и д-р Вилма Ампова Соколов, специјалист по интерна медицина и супспецијалист по кардиологија. „Пациентката претходно двапати била оперирана и имаше потреба третпат да се оперира, бидејќи протезата на митралната валвула беше комплетно пропадната. Успеавме да поставиме протеза на митралната валвула, преку врвот на срцето, во митралната позиција, без да биде пациентката класично оперирана и да биде изложена на дополнителен ризик, операција којашто таа сигурно немаше да може да ја издржи. Овој тип операција е релативна новина во применета за замена на аортна валвула, а за митралната протеза, ова се исклучително ретки случаи. Обично ваквата процедура се работи за аортна валвула, а кај митрална многу ретко. Кај оваа пациентка, бидејќи два пати претходно и бил отворан градниот кош, ова беше единствена опција за да и го спасиме животот. Ова беше единствена шанса за позитивен исход за пациентката“, истакна д-р Бушљетиќ. Пациентката првпат била оперирана во 1994 година на ВМА во Белград, а вторпат во 2011 година во Клиника Жан Митрев каде е направена реоперација за замена на митралната валвула со биолошка протеза. Со двете операции претходно, првата на 43години во Белград, втората по 17 години (2011) и сега по 14 години, пациентката добива 30 години живот што е доказ за борбата на докторите и соодветна примена на модерна медицина во функција на спасување и продолжување на живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook