МакедонијаРевизорите откриле сериозни неправилности во работата на Општина Кичево Сомнителен договор од над шест милиони евра за јавно осветлување, речиси еден милион евра за капитални проекти кои воопшто не биле предвидени од годишната програмаСомнителен договор од над шест милиони евра за јавно осветлување, речиси еден милион евра за капитални проекти кои воопшто не биле предвидени од годишната програма, како и побарувања од до граѓани и фирми што останале неплатени со години, дел од нив повеќе од деценија – извештајот на ревизорите за работата на опшитина Кичево за 2024 година, кога со нејзе стопанисуваше Фатмир Дехари, утврди сериозен законски и финансиски хаос. Покрај договорот за осветлувањето, со кој општината била обврзана да плаќа 34 илјади евра месечно во период од 15 години за модернизација и одржување, се истакнува и паркот во с. Зајас од речиси половина милион евра без соодветна документација, а денеска и запуштен. -Јавното приватно партнерство за модернизација на јавното осветлување, кој поради својата значајна финансиска вредност и долгорочно обврски претставува прашање од висок ризик за буџетот. Утврдени се значајни отстапувања во сите фази на постапката, вклучително недостиг на целосна подготвителна документација исто така и слабости во реализација на договорт, што создава финансиски и правни ризици во текот на целиот период на реализацијата на договорот. Одржувањето на системот опфаќа замена на светилки со лед, поставување на дополнителни илјада светилки и поставување на 234 ормарчиња за контрола на истите,- -Марина Блажеска – Пом. главен државен ревизор. Фрапиран од договорот за осветлување бил и актуелниот градоначалник Александар Јовановски, кој вели секој месец стигала фактура за плаќање на нешто што воопшто не соодвествувало со фактичката состојба и без никаков извештај за што и каде се потрошени тие средства. Општината го раскинала договорот. Според тој фамозен договор се наведени илјадници, илјадници сијалици кои треба да се менуваат, се менувале или не се менувале со различни спецификации, искрено не можам да ви кажам што точно е сработено, само можам да кажам дека ништо од тоа што е договорено не соодвествува со фактичката состојба.Презедовме чекори за расчистување на случајот и раскинување на договорот, и на почетокот на овој месец успеавме конечно да го раскинеме и го известивме конзорциумот од четири фирми, едната со седиште во Гостивар, носителот. Во Кичево не била направена ниту ре-проценка на недвижните имоти од 2008 година, па 1340 лица плаќале данок на имот само по 200 денари. Јовановски вели дека процесот на ре-проценка е во полн ек ќе ја опфати целата општина. Дополнително, за 100 телефонски броеви од договор во 2023 година нема никаква документација дека се распределени на вработени и не функционираат, а за тоа се плаќа 10.000 евра годишно. Од скопското обвинителството за Канал 5 посочија дека ревизорскиот извештај е веќе кај нив и дека по истиот ќе се постапува за проверка на наводите. Неофицијално, според информации на Канал 5 и МВР веќе го чешла извештајот. Екс-градоначалникот на Кичево – Фатмир Дехари веќе се соочува со повеќе кривични пријави за злоупотреби во работењето во општината. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола Денеска почнува исплатата на средства за клиентите на Алта банка во Битола кои немаат платежни картички.Народната банка вчера информираше дека парите ќе се подигнуваат од шалтерите во главната филијала на Банката.За таа цел ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата Добривое Радосављевиќ број 21. Граѓаните ќе можат да подигнат најмногу 20.000 денари во период од две недели.мерката особено се однесува на пензионерите и примателите на социјална помош.од утре , филијалата ќе работи во две смени, вклучително и во сабота. Граѓаните ќе добиваат СМС-пораки со точниот ден и час за подигање на средствата.од Народната банка апелираат да се почитуваат определените термини за да се избегнат гужви.За оние кои нема да можат да дојдат во закажаниот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.на шалтерите ќе се врши исклучиво исплата на готовина, без други банкарски трансакции.во тек е подготовка за отворање вакви шалтери и во други градови во земјата.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЏеј Ди Венс предизвикува вознемиреност во Вашингтон со изјава по дебаклотПотпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, предизвика бурна реакција во Вашингтон откако директно ја посочи војната со Иран како причина за тешкиот изборен пораз на Републиканската партија на среднорочните избори за Конгресот.Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, предизвика бурна реакција во Вашингтон откако директно ја посочи војната со Иран како причина за тешкиот изборен пораз на Републиканската партија на среднорочните избори за Конгресот, се наведува во анализата на Би-Би-Си. Во политичките кругови, овој говор масовно се толкува како обид на Венс да се дистанцира од претседателот Доналд Трамп, во пресрет на негова можна претседателска кандидатура во 2028 година. Во внимателно срочена објава од шестотини зборови на социјалната мрежа „Икс“ (X), потпретседателот отворено призна дека гласачите кои во 2024 година гласале за Трамп, на овие избори им свртеле грб на републиканците. „Причината за нашиот пораз е војната“, напиша Венс, додавајќи: „Тоа синоќа го изјави и самиот претседател“. Во интервјуата доцна во вторникот и во текот на целата среда, Трамп ја бранеше војната, но истовремено призна дека токму тој конфликт бил клучниот фактор што довел до тоа демократите да преземат контрола и врз Претставничкиот дом и врз Сенатот. Според Би-Би-Си, ставот на Венс за војната во Иран бил „јавна тајна“ во Вашингтон – иако јавно го поддржувал конфликтот по американско-израелскиот напад врз Техеран во февруари, во приватни разговори со претставници на администрацијата изразувал противење. Сепак, досега овие несогласувања остануваа скриени од јавноста. Само неколку часа откако Трамп и неговата партија претрпеа тежок пораз, Венс јасно стави до знаење дека одлуката за влегување во војна ја смета за очигледен политички гаф. „Ако некој сака да тврди дека тоа вредело – дека вредело да се изгуби Сенатот во следните шест години – нека излезе и нека го каже тоа. Нека тврди дека тоа била цена што вредело да се плати. Без разлика дали се согласуваме или не, тоа е барем искрен став“, изјави Венс. Би-Би-Си забележува дека станува збор за настан без преседан во поновата американска политичка историја; ретко може да се најде пример каде што актуелен потпретседател толку отворено и остро се спротивставува на претседателот во однос на некој клучен потег во надворешната политика. Потоа следеше можеби уште поголемо изненадување: самиот Трамп – кој вообичаено бара безусловна лојалност од своите соработници – се согласи со Венс дека војната, во голема мера, го одредила исходот од изборите. Тој додаде дека, во истата ситуација, „повторно би го направил истото“. Трамп не чувствува лутина: „Знаев што правам“ Според анализа на Би-Би-Си, реакцијата на Трамп е ран показател дека претседателот можеби ќе му остави значителен простор за маневар на Венс, доколку тој одлучи да се кандидира за претседател. „Знам што мисли тој за тоа. Мислам дека тоа е во ред“, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа за изјавата на Венс. „Знаев што правам кога се впуштив во тоа; ги спречивме да дојдат до нуклеарно оружје, и тие никогаш нема да го имаат.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МетеоПроменливо облачно,со температура од 8 до 15 степениПроменливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00