Ретроспективна изложба на Вељо Ташовски во Даут-пашин амам - Канал 5

Ретроспективна изложба на Вељо Ташовски во Даут-пашин амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Даут-пашин амам вечер ќе биде отворена ретроспективна изложба на Вељо Ташовски, која е пресек на сите периоди од неговото творештво. Изложбата ќе претстави слики во комбинирана техника.

Ретроспективна изложба на Вељо Ташовски во Даут-пашин амам


Ретроспективната изложба претставува заокружување и своевиден пресек на творештвото на овој рано починат автор, кој што има свое значајно место и улога во афирмацијата на македонската современа ликовна уметност.

Ликовниот дискурс на Ташовски се реализира во просторот меѓу илузијата и симулацијата. При тоа авторот се откажува од илузијата во нејзината класична означеност, но од друга страна, тој ја користи симулацијата во најмекиот и најприродниот вид, отворајќи пат кон индивидуалната ликовност.

Идејата на авторот е преку ваквиот привид да ја нагласи основната специфичност на сликарството - двете димензии, односно апстрактната конотација на сликата создавајќи специфична „ликовна претстава на двата плана”. Користејќи ја иконографијата на мрежата тој ја дефинира “просторноста” на сликата. Таа, мрежата го ограничува просторот, но во ист момент овозможува и поглед низ, поглед и од оваа и од онаа страна, слободна циркулација, како метафора на бескрајната комуникација на просторите.

Композицијата што го следи принципот на апстрактното сликарство, флуидот на сликарската материја, отсуството на третата димензија..., свилата, бришењето на ефектот на прозорецот, атмосферата на тишина и спокојство - сите тие настојуваат да ги опросторат „сликаните” претстави на Ташовски до ниво на посакуваниот ефект на бескрајноста, до создавањето на слика-простор.

Вељо Ташовски е роден 1949 г. во с. Осој, Дебарско. Во 1975 година завршил Академија за ликовни уметности - сликарски одел во Љубљана, каде и магистрирал. Од 1976 до 1985 година бил член на Друштвото на ликовни уметници во Словенија, а од 1976 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметости во Скопје.

Имал повеќе самостојни изложби во Македонија и Словенија, а учествувал и на голем број групни изложби во Словенија, Македонија, Италија, Полска, Хрватска, Грција, Романија, Србија, Чешка, Словачка, САД итн. Добитник е и на бројни награди во Македонија, Словенија, Хрватска и Србија.

Изложбата ќе ја отвори Маја Неделкоска Брзанова, директор на Националната галерија на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина масовно го зголемува увозот на руски гас и нафта

Кина масовно го зголемува увозот на руски гас и нафта; објавени се нови податоци .

Кина масовно го зголемува увозот на руски гас и нафта

Во периодот од јануари до септември, Кина увезла значително поголеми количества руски енергенси – особено течен природен гас (ТПГ) – во услови на прекини во снабдувањето од регионот на Персискиот Залив, објави во вторникот руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на податоци од кинеските царински органи.

Од јануари до септември, увозот на руски ТПГ во Кина пораснал за 44,3 отсто во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи 7,19 милиони тони, пренесе ТАСС, повикувајќи се на кинески податоци.

Во истиот период, вредноста на испораките на руски ЛНГ (течен природен гас) за кинеските купувачи се зголемила за 38,5 отсто, достигнувајќи 3,92 милијарди долари. Како резултат на тоа, во првите девет месеци од годината, Русија го зазеде второто место меѓу водечките добавувачи на ЛНГ за Кина, пренесува ТАСС.

Кинеските купувачи во овој период набавиле речиси двојно поголема количина ЛНГ од Австралија – 15,01 милиони тони – иако тоа претставува намалување од 1,1 отсто во споредба со претходната година. Малезија е на третото место, со 6,2 милиони тони ЛНГ испорачани во Кина, што претставува зголемување од 26,1 отсто во однос на истиот период минатата година.

Во исто време, кинескиот увоз на ЛНГ од Катар драстично опаднал за 65,5 отсто, на 4,88 милиони тони. Испораките од Индонезија, исто така, забележаа значителен пад, намалувајќи се за 22,8 отсто, на 2,46 милиони тони.

Во истиот период, американските добавувачи испорачале нешто повеќе од 231.000 тони ЛНГ во Кина – намалување од 11 отсто во споредба со претходната година.

Во периодот од јануари до септември, обемот на испораки на руска нафта за Кина е зголемен за 18,3 отсто во споредба со истиот период лани, достигнувајќи 87,58 милиони тони, пренесува ТАСС, повикувајќи се на податоци од кинеските царински органи.

Истовремено, вредноста на испорачаната нафта пораснала за 36,5 отсто, достигнувајќи 51,54 милијарди долари.

Во првите три квартали од оваа година, Кина најголемиот дел од нафтата го набавила од Русија – со значителна разлика пред останатите – пренесува ТАСС.

Според царинските податоци, Бразил е на второто место меѓу добавувачите, со испорачани 44,29 милиони тони – што претставува зголемување од 33,3 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Во исто време, обемот на испораки од Саудиска Арабија е намален за 27,5 отсто, на 43,11 милиони тони.

Индонезија го зазема четвртото место на листата на добавувачи, со испорачани 27,96 милиони тони – повеќе од тројно во споредба со количината од минатата година. Од друга страна, добавувачите од Малезија испорачале 25,41 милион тони нафта во Кина – половина од обемот забележан во истиот период претходната година.

Во септември, Кина увезла двојно повеќе руски течен природен гас (ТПГ) отколку претходниот месец, што изнесува вкупно 1,85 милиони тони. Вредноста на овие пратки е повеќе од двојно зголемена во споредба со август, достигнувајќи 1,18 милијарди долари, според податоците на кинеските царински органи.

Што се однесува до руската нафта, месечните испораки се намалиле за 11,4 отсто, на 9,94 милиони тони. Сепак, нивната вредност се зголемила за 1,7 отсто во споредба со август, достигнувајќи 6,58 милијарди долари. Официјалните царински податоци покажуваат дека увозот на руски ТПГ во Кина забележал само благ пораст – од 3,3 отсто – во 2024 година, по скокот од 18,2 отсто претходната година, со што вкупната количина достигнала 9,79 милиони тони.

Во меѓувреме, испораките на руска нафта за Кина се зголемиле за 1,3 отсто во 2024 година, иако вкупниот увоз на „црно злато“ во Кина опаднал за 1,9 отсто.

Според царинските податоци, во 2025 година увозот на нафта во Кина пораснал за 4,4 отсто, достигнувајќи 577,72 милиони тони, додека руските испораки се намалиле за 7,1 отсто, на 100,72 милиони тони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со градоначалникот на oпштина Карпош, Сотир Лукровски.

Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со градоначалникот на oпштина Карпош, Сотир Лукровски, на која разговараа за реализацијата на капиталните проекти што се спроведуваат преку Владата, а во соработка со Општината.

" Преку двата повици што веќе се активни, поддршката за Општина Карпош од страна на Владата е околу 11 милиони евра, од кои директно преку Министерството за транспорт се реализираат околу 5,5 милиони евра. Нема дел од општината каде што не работиме, каде што не решаваме инфраструктурни проблеми и продолжуваме да го правиме тоа во следниот период" истакна Николоски.

Вицепремиерот најави нова соработка и поддршка за општина Карпош

"Се договоривме за еден нов инвестициски циклус каде што ќе помогнеме во реализација на плоштади, во реализација на улици, атмосферска канализација, фекална канализација и уредување на просторот таму каде што е најпотребно во општината. Исто така, како што кажа градоначалникот, зборувавме за решение на свлечиштата особено во делот кој што гравитира кон населбите Козле, понатаму Трнодол, Жданец, да се санира целиот тој простор " изјави Николоски.

На состанокот се разговараше и за паркинг местата како еден од предизвиците на општината

"Во следниот период еден од главните предизвици е решавање на проблемот со паркирањето, особено во делот на населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3 и Карпош 4. Тука работиме заедно со Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, на изнаоѓање на едно интегрирано решение кое што треба да значи решение на проблемот со паркинг преку изведба на катни гаражи кои што ќе бидат достапни за граѓаните, исто така подземно паркирање, подземни катни гаражи кои што ќе значат од една страна зеленило, паркови, а од друга страна решавање на проблемот со паркирање. Овие проекти ги работиме заедно со општината и со Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Онаму каде што има потреба или проектите веќе се при крај ќе влеземе во реализација, на другите места работиме на изработка на проекти и очекувам во следните две до три години целокупниот проблем со паркирање во Општина Карпош да биде решен на овој начин" додаде вицепремиерот Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансиската полиција му поднесе кривична пријава на екс-директорот на „Пошта“, Јани Макрадули

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта “, Јани Макрадули., поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Финансиската полиција му поднесе кривична пријава на екс-директорот на „Пошта“, Јани Макрадули

Според пријавата, во периодот од 2021 до 2022 година тој не постапил по одлуки на Управниот одбор за исплата на обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19,3 милиони денари, иако му била доставена потребната документација.

Поради неисплаќањето биле поведени судски постапки против пошта, по што со пресуди биле утврдени дополнителни обврски за казнена камата.

Финансиската полиција проценува дека со ваквото постапување на државната компанија ѝ била причинета штета од околу 11 милиони денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер