КултураРетроспективна изложба на слики “55 – години ликовно творештво” на реномираниот уметник Боро Арсовски - БабатаПроектот е од националено значење во културата од годишната програма на Национални установи за 2025 година поддржани од Министерство за култура и туризам на Р. Македонија.На 23.09.2025 (вторник) со почеток од 20:00 часот во Национална установа Центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово, во изложбениот салон ќе биде отворена Ретроспективна изложба на слики “55 – години ликовно творештво” на реномираниот уметник Боро Арсовски - Бабата. Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Р Македонија. Основно и Средно образование завршил во Куманово. Со сликарство се занимава од 1969 година како сликар наивец и воедно изработува скулптури во камен и керамика – теракота. Првпат излага во 1971 година со ДЛУК од кога е и член на друштвото со кое настапува на многубројни годишни изложби ширум Југославија. Член е на УСУ-Галерија “Југославија” Белград. Од 1986 година членува во УСУ “Трета димензија” Белград. Учествувал на преку 30 меѓународни ликовни колонии на наивна уметност во : Риека, Загреб, Петриња, Врбовец, Нови Винодолски – Р. Хрватска, Сански Мост, Лукавац – Р. Босна и Херцеговина, Врање, Светозарево – Р. Србија, Требње – Р. Словенија. Има учествувано на преку 200 групни изложби и 4 самостојни. Неговите дела се лицитирани на неколку аукции во Белград и Скопје, за кои имало најголем интерес, најдолго се лицитирани и најскапо продадени. Неговите слики се наоѓаат во многу Галерии, Музеи и приватни колекции ширум светот. За творештвото на Арсовски се снимени 2 документарни филма. Едниот во продукција на Македонска Радио Телевизија, а вториот филм е снимен за меѓународениот филмски фестивал “Златни сунцокрет” во Р. Србија кој е награден со златна плакета. Боро Арсовски – Бабата живее и работи во Куманово, како самостоен сликар – наивец и сопственик е на уметничка Галерија “Art Gallery Arsovski”. За творештвото на Арсовски стручната уметничка фела на историчари на уметноста ќе запишат: “Боро Арсовски слика композиции проткаени со етнографски елементи и Македонски народен фолклор. Сцените ги конципира на специфични односи на хипертрофирање или атрофирање на поедини облици и ликови со снажни симболички значења. Посебност во неговото сликарство го чинат портретите кои во натприродна големина ги вградува во зачудувачки сцени и ситуации”, вака пишува Јурај Балдани од Риека. “Далеку од големите центри на наива, без влијание на веќе афирмирани уметници, сам ги запознава и учи тајните на сликарството. Меѓутоа тоа му помогна да изгради свој сопствен ликовен ракопис, созрее во ликовен творец на оригинални дела препознатливи на пошироката јавност”, пишува Славомир Воиновиќ од Белград. “Сликите на Арсовски претставуваат иновација во наивната уметност, на кои се претставени занимливи варијанти со иреален свет”, ќе запише Мирослава Бошковиќ од Светозарево. Петар Трајковски од Скопје пак ќе запише “Сите се сложуваме дека во сликите на Боро Арсовски – Бабата, сликар наивец се чувствува огномет на бои. Секое делче од сликата е осветлено од чиниш сонце што само над него свети”. “Арсовски секогаш ни ја претставува Македонската земја со сонце печена и со пот залеана. Контрасните бои црвена и сина, како и комплементарните тонови, наговестуваат радост, вжарено небо, блесок на ретка молња”, пишува Милорад Ѓорѓевиќ од Лукавац. “Арсовски слика најразлични ликови, непредвидливи ситуации, неговите бои даваат живост на сликарската фикција. Уметникот во своите слики сака да изненади, да воодушеви, да го збуни гледачот. Волшебноста на преобразбата често пати ја приклонува кон хипертрофирана метаморфоза. При тоа посебно внимание посветува на детали полни со визионерство и драматизам. Во неговите слики легендата и реалното, прикажани се со иста сликарска дикција. Само мајстори како Боро Арсовски можат од привидно неспоивите работи да создадат импресивно единство на сликата. Неговата техника на сликарство ја досегна крајната точка од виртуозноста. Во некои негови слики е доловена апокалиптичноста и луминизмот во колоритот”, ќе запише Божидар Тодороски – Бодле. Проектот е од националено значење во културата од годишната програма на Национални установи за 2025 година поддржани од Министерство за култура и туризам на Р. Македонија. Тагови: Боро Арсовски - Бабата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20