Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
1Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
КултураРетроспектива „Великаните на Браќа Манаки“ во март во КинотекаВо пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, во текот на месец март, секоја среда во киносалата на Кинотека ќе има ретроспектива на култните филмови.Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, во текот на месец март, секоја среда во киносалата на Кинотека ќе има ретроспектива на култните филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“. Како што најавија од Кинотека, на 6 март ќе се прикажува филмот „Амели“ (2001), снимен од францускиот кинематографер Бруно Делбонел, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2011 година. Филмот е шесткратно номиниран за Оскар, како и добитник на Меѓународната награда и на наградата ASC на Американското здружение на кинематографери и Европската филмска награда за најдобра кинематограферска работа. На 13 март ќе се одржи проекција на филмот „Добриот, лошиот и грдиот“ (1966), снимен од италијанскиот кинематографер Тонино Дели Коли, добитник на Златната Камера 300 за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2002 година, на Меѓународната награда на Американското здружение на кинематографери и на четири Давид ди Донатело награди за најдобра фотографија. Следната недела, на 20 март, ќе се прикажува филмот „Ерин Брокович“ (2000), снимен од веројатно најголемиот кинематографер на американскиот независен филм, Роберт Лакман, добитник на Златната Камера 300 за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2019 година, трикратно номиниран за Оскар, последен пат оваа, 2024 година, како и добитник на Наградата за животно дело на Американското здружение на кинематографери и на БАФТА наградата за најдобра кинематограферска работа во игран филм. На 27 март ќе се одржи проекција на филмот „Леон професионалецот“ (1994), снимен од францускиот кинематографер Тјери Арбогаст, добитник на Наградата на публиката на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2006 година, како и трикратен добитник на наградата Цезар за најдобра фотографија и на Големата награда за техничко достигнување на Канскиот филмски фестивал. Во Центарот за култура Битола ретроспективата на култните филмови ќе се одржува секој понеделник во март.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМал авион со осум лица се урнал на АлјаскаМал авион се урнал на Алјаска, нема преживеани.Нема преживеани Мал авион со осум лица се урна во оддалечен дел на Алјаска и, според последните информации, никој не преживеал. Командата за Алјаска ја потврди несреќата на авионот и соопшти дека нема преживеани, пренесува Ројтерс. Раководителот на Националниот одбор за безбедност во транспортот за регионот на Алјаска, Клинт Џонсон, претходно изјави дека во авионот имало двајца пилоти и шестмина патници. Според Федералната управа за авијација на САД (FAA), авионот „Цесна 441“, кој полетал од Анкориџ, бил на пат кон радарската станица Кејп Њуенхам и се урнал западно од аеродромот. Во објава на социјалните мрежи, гувернерот на Алјаска, Мајк Данливи, изјави дека Националната гарда на Алјаска спроведува операција за пребарување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти -Би сакал да ја искористам оваа можност да потенцирам дека овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. „Добар ден и од мене. Би сакал да ја искористам оваа можност да потенцирам дека овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. Ова што го кажа градоначалникот на Прилеп, но и потпретседателот на Владата и министер за транспорт дека со овие проекти додаваме вредност и го зголемуваме квалитетот на живот е вистина бидејќи имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините. Во оној неврзан муабет со градоначалникот бев информиран дека повеќе од 12 милиони евра се проектите коишто од страна на Владата се финансираат во Прилеп преку оваа програма. И кога на тоа ќе се додадат и средствата коишто Општина Прилеп ги издвојува како средства за капитални инвестиции, плус други програми коишто доаѓаат од другите министерства надвор од оваа програма, тогаш доаѓаме до една огромна бројка и огромна бројка на проекти коишто ќе имаат за задача да го подобрат квалитетот на живот во Прилеп. Би сакал да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот и да честитам за посветената работа којашто ја прави изминатиов период, на советниците коишто ја поддржуваат неговата работа како градоначалник, на пратениците коишто се од Прилеп и коишто се борат за проект повеќе за Прилеп и овој дел од Македонија. Да се заблагодарам се разбира тука и на колегите од Владата, на сите оние коишто учествуваат во реализацијата на овие проекти бидејќи нашата цел како Влада уште на самиот почеток беше да испорачаме што е можно повеќе проекти во рамките на нашите можности со коишто ќе го подобриме онолку колку што можеме квалитетот на живот на нашите сограѓани. Така што уште еднаш еве честитам на сите и би посакал да се движиме во рамките на роковите коишто се зададени за да овие проекти бидат пуштени во употреба и ја имаат својата полна намена.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДали руски „Иљушин“ влегол во воздушниот простор на Финска? Финската гранична служба денес соопшти дека во четвртокот руски извидувачки авион „Иљушин-20“ наводно го нарушил воздушниот простор.Како што беше соопштено, постои сомневање дека руски извидувачки авион го нарушил финскиот воздушен простор јужно од Уто, во Финскиот Залив, пренесува Yle. Според финската гранична служба, наводното нарушување на финскиот воздушен простор траело околу три минути. Во својата најдлабока точка, авионот навлегол околу 4,7 наутички милји во финска територија, во Финскиот Залив. Граничната служба покрена прелиминарна истрага за случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05