КултураРетроспектива на Манчевски во БразилВо Бразил почна ретроспективата на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски. Неговите филмови „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ ќе бидат прикажани како дел од едукативната и културна програма Human Rights Cinedebate на бразилскиот Федерален Универзитет на Рио Гранде до Сул. Ретроспективата почна со проекцијата на „Пред дождот“ на 26 август, а следуваат на 23 септемрви „Прашина“, на 21 октомври „Сенки“ и на 25 ноември „Мајки“. Федералниот Универзитет на Рио Гранде до Сул е еден од најголемите федерални универзитети во Бразил, лоциран во Порто Алегре, а со единици во многу други градови. Универзитетот се вбројува меѓу најдобрите во Бразил, со најголема бројка на научни публикации и е признат во целиот свет. Филмовите на Манчевски се особено популарни во Бразил. По победата во Сао Пауло на најголемиот бразилски и јужноамерикански фестивал, „Пред дождот“ беше и кино-филм на годината во Бразил и предмет на бројни академски трудови. И „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ беа прикажани во Сао Пауло, а имаа и многу успешна кино и ТВ дистрибуција во Бразил. До денес тие се дел од наставата на бразилските филмски школи и универзитетски програми и се прикажуваат во разни кинотечни и други програми. Филмовите на Манчевски се предаваат на стотици универзитети во светот, а во Италија „Пред дождот“ е дел од задолжитечната наставна програма во средните училишта. Неговите филмови се обработуваат во бројни есеи, книги и филмски енциклопедии, прикажани се на повеќе од 200 фестивали, во повеќе од 50 држави на сите континенти во редовна кино-дистрибуција и на ТВ програмата. „Пред дождот“, кој е најтрофеен македонски филм, е вброен во 1.000 најдобри филмови во историјата од страна на Њујорк тајмс и има освоено над 30 меѓународни награди, меѓу кои и Златниот лав, Номинација за Оскар, ФИПРЕСЦИ, Давид ди Донатело, Сребрен кондор, награда на УНЕСКО... Во САД, реномираната „Крајтерион колекција“ го издаде видеото од филмот во едиција со Бергман, Антониони, Тарковски, Бресон..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
СудбинаМагационер бил отпуштен поради наводна кражба на два пара боксерки- сега ќе добие 12.710 евра отштета Суд во Холандија донесе пресуда во случајот на привремен работник во магацин вработен во Темпо-Тим, на кого ќе му бидат исплатени вкупно 12.710 евра отштета откако судот утврди дека бил отпуштен без основана причина.Компанијата го отпуштила поради наводна кражба на два пара боксерки „Келвин Клајн“ од магацинот каде што работел, објави „NL Times“. Фотографија како доказ Работникот тврдел дека долната облека ја купил неколку месеци претходно на распродажба на примероци и дека ја имал во чантата бидејќи одел во теретана по работа. Тој доставил фотографија од јануари како доказ на која носи една од боксерките, објаснувајќи дека се продавале во пакувања од по три. Темпо-Тим тврдел дека вработениот го прекршил правилото на клиентот дека вработените не смеат да носат или поседуваат облека од „Келвин Клајн“ или „Томи Хилфигер“ на работа. Компанијата изјавила дека работникот не докажал дека легално ја стекнал долната облека. Отпуштањето било незаконско Сепак, судот утврди дека дури и евентуалното кршење на правилата за носење брендирана облека не претставува доволен доказ дека работникот имал намера да украде долна облека од магацинот. Судот изјави дека Темпо-Тим не дала доволно причини за таков заклучок и утврди дека отпуштањето е незаконско. На компанијата ѝ беше наложено да му исплати на работникот 6.000 евра за изгубена заработка, 1.550 евра надомест за промена на работното место и 3.000 евра за неоправдано отпуштање, плус повеќе од 2.150 евра за наплата и судски трошоци, како и камата во случај на доцнење.Тагови: боксерки отштета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
ЕкономијаДиректорката на ММФ со предупредување до светот: Не можеме повеќе да одложувамеДиректорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека земјите ширум светот треба побрзо да го намалат јавниот долг и да одговорат на зголемената нееднаквост .Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека земјите ширум светот треба побрзо да го намалат јавниот долг и да одговорат на зголемената нееднаквост бидејќи се соочуваат со последиците од ширењето на вештачката интелигенција, високите долгови и војните на Блискиот Исток и Украина. - Не можеме повеќе да ги одложуваме неопходните мерки - ги имате алатките, сега покажете мудрост да ги користите - рече Георгиева во говорот во Сингапур, во пресрет на есенските состаноци на ММФ и Светската банка во Бангкок следната недела, пренесе АП. Таа предупреди дека прекумерниот долг е се поголем товар и за богатите и за земјите со ниски приходи, кои треба да изберат помеѓу инвестирање во јавната благосостојба и отплата на долгот во услови со високи каматни стапки. Георгиева укажа и на ризиците поврзани со брзиот раст на инвестициите во вештачката интелигенција (АИ) и изградбата на центри за податоци. Според неа, инвестициите во вештачката интелигенција би можеле да го надминат релативниот обем на трошоци за железници, електрични мрежи и телекомуникациски системи. Георгиева ги повика земјите да влијаат на јавната потрошувачка и, доколку е потребно, да ги зголемат трошоците за задолжување за да ја контролираат инфлацијата, притоа да ги заштитат најранливите. Таа укажа и на потребата од регулирање на вештачката интелигенција, обука на работници, пофлексибилен пазар на трудот, поттикнување на претприемништвото и зајакнување на енергетската безбедност. Според неа, брзиот развој на вештачката интелигенција особено им користи на земјите со силни технолошки сектори, притоа заобиколувајќи многу други земји и со тоа дополнително ја продлабочува економската нееднаквост.Тагови: ММФ директорката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
МакедонијаЗоран Доревски во „Само интервју“Почитувани, утре во Само Интервју гостува д-р Зоран Доревски, автор на книгата "Скопски атентат".31 година од неуспешното убиство на Претседателот Глигоров, зошто по 3 децении не е обелоденета целосната вистина? Книгата дава индиции и анализа на податоци - се знаат ли мотивите, нарачателот и извршителите? Можеа ли службите да го превенираат настанот? Што се случува во пост-атентаторска Македонија? Утре интригантно Само Интервју со Гоце Михајлоски и Зоран Доревски веднаш по централните вести. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08