Ретроспектива на филмови од ерменскиот режисер Хачатријан - Канал 5

Ретроспектива на филмови од ерменскиот режисер Хачатријан

Со проекција на документарецот „Ќор-сокак“, во Кинотеката на Македонија од денеска до 2 март ќе се одржува ретроспектива на филмови од Харутјан Хачатријан, на која ќе бидат прикажани седум документарни и еден игран филм од познатиот ерменски режисер, снимени од 1987 до 2015 година.

Ретроспектива на филмови од ерменскиот режисер Хачатријан
Иако беше најавено неговото доаѓање, поради здравствени причини, Хачатријан нема да присуствува на ретроспективата која ги вклучува речиси сите негови филмови. Таа ќе почне со „Ќор-сокак“ од 2015 година кој, како што посочува Кинотеката, претставува вивисекција на ерменската дијаспора во САД.

- Тоа еден неверојатно топол филм сниман во временски период од 30-ина години во кој можеме да се препознаеме и ние и судбините на нашите иселеници, соопшти Кинотеката.

Во наредните денови ќе бидат прикажани и документарците „Враќање на поетот“, „Документарист“, „Бел град“, „Конд“, „Бескрајно бегство, вечно враќање“ и „Враќање во ветената земја“ и играниот филм „Граница“.

Според Кинотеката, филмовите ќе и ја доближат оваа малку позната култура на македонската публика, затоа што темите за своите филмови Хачатријан ги црпи од својата средина, а Ерменија и Ерменците се негова главна преокупација.

- Харутјан Хачатријан (9 јануари 1955) е еден од најистакнатите ерменски режисери и директор на Интернационалниот филмски фестивал „Златна кајсија“ во Ереван. За работата на своите филмови добитник е на голем број меѓународни награди. Неговиот стил се одликува со постојана критика на општеството во кое живее, често користејќи ги спротивностите за да ја потенцира и прикаже суровата реалност и, иако може да се каже дека неговата поетика се базира на филмскиот контрапункт, неговиот филмски израз не е изолиран од поетичност и лирика, соопшти Кинотеката на Македонија во најавата за ретроспективата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Владата на денешната седница, донесе Одлука со која ДДВ се намалува од 18% на 10%, со цел директно да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар.

Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.

Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година.

Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба.

Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина.

Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство.

По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето.

Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска.

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“.

Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер