Пожарите на Жеден и на Китка го обвија Скопје во чад, воздухот во градот меѓу најзагадените во светот
2Пожарите на Жеден и на Китка го обвија Скопје во чад, воздухот во градот меѓу најзагадените во светот
Шоу бизРетко кој го знае вистинското презиме на Том КрузХоливудската ѕвезда, актерот Том Круз уште на почетокот на кариерата како актер го отфрлил своето вистинско презиме, причината за оваа одлука е тажна?!Том Круз со децении е една од најголемите ѕвезди на Холивуд, икона на акциони филмови позната по изведувањето на опасни сцени без каскадер. Славниот актер е познат на секаде ни светот, но малку кој го знае неговото вистинско презиме. Милиони фанови дури сега откриваат дека името по кое светот го познава мегапопуларниот актер не е всушност неговото вистинско име и презиме. Големиот холивудски заводник е роден како Томас Круз Мапотер IV во 1962 година. Неговите родители биле електроинженерот Томас Круз Мапотер III и учителката Мери Ли Фајфер. Тој пораснал со три сестри во строга католичка средина. На 18-годишна возраст, тој решил да остави сè зад себе и да се пресели во Њујорк за да започне актерска кариера, а дел од таа голема промена било откажувањето од презимето Мапотер. Иако пократкото име звучи посоодветно и подобро за Холивуд, главната причина за промената е многу полична и тажна. Том го променил презимето бидејќи сакал да се дистанцира од својот татко, кого го опиша во интервју за списанието „Parade“ во 2006 година како насилник и „извор на хаос“. „Тој беше тип на човек кој ќе те удри ако нешто тргне наопаку. Тоа беше голема лекција во мојот живот - ќе те успиваше, ќе те натераше да се чувствуваш безбедно, а потоа - бум!“, рече актерот. „За мене, беше како: „Нешто не е во ред со овој човек. Не му верувај. Биди внимателен.“ Неговата мајка се развела од неговиот татко кога Том имал 12 години. Актерот потоа со децении немал никаков контакт со својот татко, кога потоа го видел пред умирање на неговата смртна постела. „Кога го видов во болка, си помислив: „Воа, каков осамен живот“. Беше тажно“, се присети Круз.Тагови: Том Круз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
Шоу бизКамерон Дијаз по враќањето на глумата, има нов филм- ќе се појави кон крајот на годината Камерон Дијаз го продолжува своето враќање кон глумата со новата акциона комедија „Лош ден“, која пристигнува на Нетфликс на 11 декември. Заедно со датумот на премиерата, стриминг услугата ги објави и првите фотографии од филмот. Во филмот, Дијаз игра самохрана мајка за која еден обичен ден се претвора во низа проблеми. Додека поминува низ она што може да биде најлошиот ден во нејзиниот живот, таа се обидува по секоја цена да го одржи ветувањето што ѝ го дала на својата ќерка. Филмот е режиран од Џејк Шимански, познат по својата работа во познатата серија „Должност на жирито“, додека сценариото го пишува Лаура Солон. Бо Бауман е продуцент, а Солон и Марк Моран се извршни продуценти. Дијаз ја предводи екипата во која се Даниел Брукс, Рензи Фелиз, Џон Хигинс, Марк Дуплас, Џесика Белкин, Ед О'Нил, Роб Кордри, Ајден Мајери, Бен Шварц, Рета, Ема Пирсон, П.Џ. Бирн, Шери Кола, Еди Патерсон и Бек Бенет. Нетфликс сè уште не откри многу повеќе детали за заплетот, а првите фотографии даваат само краток увид во она што ги очекува гледачите. Продолжува со враќањето по десетгодишна пауза За Дијаз, Лошиот ден е уште еден проект по долго отсуство од Холивуд. Актерката, позната по филмовите „Сите се луди за Мери“, „Маската“, „Одмор“ и серијата „Чарлиевите ангели“, не снимала филмови речиси десет години. Таа се врати на глумата со акционата комедија на Нетфликс „Назад во акција“, во која глумеше заедно со Џејми Фокс. Тоа беше нејзиниот прв филм по „Ени“ од 2014 година. Сепак, 53-годишната актерка не сака однапред да утврди со кое темпо ќе продолжи нејзината кариера. Во интервју за списанието „Емпајр“, таа објасни дека сака да ја задржи слободата да одлучува за секој иден проект. „Тешко е да се објасни. Ако кажам нешто, тоа веднаш станува голема приказна“, рече таа. „Го задржувам правото никогаш повеќе да не снимам филм, но исто така и да прифатам улога доколку сакам. Не однапред одредувам ништо. Отворена сум за она што има смисла за мене и моето семејство во одреден момент“, додаде таа. „Лош ден“ пристигнува на Нетфликс на 11 декември.Тагови: Камерон Дијаз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоИ натаму многу топло време со температура до 38 степени, утре попладне дожд и грмежи Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 23 Попова Шапка, 30 Крушево, 31 Маврови Анови, 32 Берово, 33 Претор, 34 Охрид, Крива Паланка, Битола, Прилеп, 35 Тетово, 36 Струмица, Виница, 37 Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија, 38 Скопје Зајчев Рид, Скопје Петровец, Штип, Велес. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес претпладне беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладнето, во западните и централните делови на Македонија, имаше развој на нестабилност проследена со пороен дожд, град, засилен ветер и грмежи. До крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови временските услови ќе се стабилизираат. ВРЕМЕТО УТРЕ Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожарите на Жеден и на Китка го обвија Скопје во чад, воздухот во градот меѓу најзагадените во светот Пожарите во околината на Скопје, го обвија главниот град во густ чад и непријатна миризба...Скопје попладнево се искачи на самиот врв по загаденост во светот.. Афродита Рамос ја имаме во живо.. Афродита, во претходното издание на вестите се јави од скопско Залениково, каде што гори на Китка.. Сега си на Водно.. Како изгледа главниот град доцна попладнево? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook