Ретките гинеколошки карциноми во пораст - Канал 5

Ретките гинеколошки карциноми во пораст

18, 5 милиони жени годишно се заболени од гинеколошки карцином на секои пет минути згаснува живот на една жена. 

Ретките гинеколошки карциноми во пораст

50 % од овие карциноми спаѓаат во ретки гинеколошки карциноми. Ретките гинеколошки канцери и ретко со откриваат токму поради тоа што е потребна навремена дијагностика, а кај дел од жените има и индивиуален пристап кон лекувањето. Македонската асоцијација за гинекологи организира конференција со гинеколози од Европа каде акцентот е токму реткиот карцином нејзиниото откривање и лекување. Но превенцијата и редовните контроли се најважни, истакна професор Тофоски, претседател на МАГО.

Според професорката Клејда Харасни професорка од универзитетот од Малта објаснува дека и во најрана возраст и во предпубертет може да се појави овој вид на канцер.

„Најчесто се јавуваат кај млади девојки, понекогаш и кај девојчиња пред пубертет и затоа понекогаш преставуваат уште потежок проблем во однос на дијагностиката и справувањето. Дури некогаш и се работи за честа појава како изостанување или нерегуларни менструален период кај девојчињата тоа може да е чест проблем и да не се обрнува внимание. Меѓутоа може да лежи и проблемот кај редок гинеколошки карцином кој додека се открие болеста може да се шири“, изјави Харасни.

Во Македонија засега нема регистар за гинеколошки карциноми што може да покаже колкава стапка има и колку жени го имаат овој тип на карцином. Доктор Шарон Тол од Ирска вели дека кај нив се испитуваат клетките од овој тип на карцином со цел да им се помгне и на фарамцевтите да се произведе квалитетни лекови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Кина побарала од Иран да го искористи своето влијание врз јеменските Хути. Целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море.

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија активностите долж брегот на Црвеното море.

Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика на воздржаност, дијалог и безбедна пловидба.според ирански извори, Техеран смета дека стабилноста зависи од завршувањето на конфликтот.

Пекинг е загрижен за безбедноста на клучните енергетски и трговски маршрути.Кина е најголем трговски партнер на Иран и значаен купувач на неговата нафта.

Пекинг во 2023 година посредуваше и во приближувањето на односите меѓу Иран и Саудиска Арабија.

Сепак, не е јасно дали Техеран ќе постапи според барањето на Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и потопло, со дневна температура до 32 степени

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР.

Сончево и потопло, со дневна температура до 32 степени

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за „Државна лотарија“ откако на истражните органи во земјава минатата недела им се предаде првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Откако побегна од земјава, за Бајрами беше распишана меѓународна потерница. На 9 септември сам се предаде на граничниот премин „Блаце“, по што беше спроведен во затворот во Скопје на издржување на претходно определената мерка притвор.

Покрај Бајрами, во случајот се обвинети и поранешниот вицепремиер, Артан Груби, Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејства преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер