Реставрацијата на скулптура од Микеланџело открива нови детали(ВИДЕО)

Реставрацијата на една од скулптурите на Богородица и Христос од Микеланџело открила претходно непознати детали, вклучително и траги од алатките на уметникот, кои биле скриени под вековна прашина и восок.

Музејот Дел'Опера дел Дуомо во Фиренца денеска објави дека чистењето на Бандини Пиета, кое започна минатата година, но беше запрено поради пандемијата на корнавирусот, продолжи и дека сега јавноста е поканета да ги гледа реставраторите како работат во мали групи, пренесува АП.

Ова е прва позната реставрација на скулптурата. Со помош на памучни брисеви натопени во дејонизирана топла вода, реставраторите ја отстрануваат насобраната нечистотија од пукнатините на огромното парче мермер.

Микеланџело ја изработил Пиета Бандини помеѓу 1547 и 1555 година, кога имал скоро 80 ​​години.

Тоа е третата позната Пиета од ренесансниот мајстор. Претходната е во Ватикан, во близина на влезот во базиликата Свети Петар, а подоцнежната верзија, позната како Рieta Rondanini, е во музеј во Милано.

Музејот во Фиренца соопшти дека, за разлика од другите две Пиети, каде што телото на Христос го држи само неговата мајка, Христовата фигура во Пиета Бандина ја држат Марија Магдалена и библискиот лик Никодим, чие лице е автопортрет на самиот Микеланџело.

Микеланџело имал намера да ја смести скулптурата во римска капела во близина на местото каде што предвидел дека ќе биде неговиот гроб. Но, музејот на крајот го напушти делото, па дури и се обиде да го уништи, пред да му го предаде на слуга кој ја поправил статуата.

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Во знак на признание и благодарност за неговиот значаен придонес и соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески доби благодарница и награда од страна на Универзитетот.

Оваа почесна награда му беше врачена од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски по повод 27 март-патронат на УГД за 2024 година. Наградата е знак за благодарност за неговиот важен придонес во областа на економијата и неговата активна соработка со образовната институција, како и напорите на Азески за поврзување на образованието и науката со бизнис секторот.

17 години од основањето Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го одбележа со свечена академија како централен настан. Традиционално, внимание на овој настан им беше посветен на студентите со најдобар успех, како и на институциите со кои УГД има одлична соработка и заеднички придонесуваат за развојот на нашето општество.

Во фокусот на годинашното одбележување на патрониот празник на УГД беше прашањето – Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое делува?

УГД е универзитет кој во своето 17-годишно постоење се стреми кон воведување и развој на нови технологии, учество во научноистражувачките текови на светско ниво, креирање иновации, пренос на знаење на студентите и грижа за вработените.

Стопанска комора на Македонија

Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во Москва

Глумецот Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во московската концертна сала „Крокус“, кои се наоѓаат во Националниот медицинско-хируршки центар „Н.И. Пирогов“, соопшти Министерството за здравство на Русија.

- Овој напад е страшна трагедија што не требаше да се случи. Мислам дека Русија ќе послужи како пример и дека светот ќе разбере дека тоа не може да му се прави на ниту еден народ, а да остане неказнето, изјави Сигал.

Според последните податоци на Министерството за вонредни состојби, во нападот загинале 143 лица. Како што соопшти денеска Рускиот истражен комитет, веќе се идентификувани телата на 84 жртви. Меѓу нив има пет деца на возраст од девет до 16 години.

Нападот на „Крокус сити хол“ во Красногорск, предградие на Москва, се случи во петокот вечерта, кога неколку вооружени терористи во маскирни униформи влегле во објектот и отвориле оган врз присутните лица. Тие активирале и експлозивни направи на повеќе места, што предизвикало пожар, поради што се урнал покривот, а салата изгоре целосно.

Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите

Москва не бара конфронтација со американските вазали во Источна Европа, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Неколку западни функционери се обидоа да соберат поддршка за поголема помош за Украина тврдејќи дека Москва нема да запре доколку Киев биде поразен на бојното поле. Путин се осврна на овие тврдења за време на посетата на воздухопловната база Торжок во Тверската област.

- Тоа е бесмислица, рече рускиот претседател, укажувајќи на нееднаквоста во трошоците за одбрана на Русија и буџетите на војската на НАТО.

- Тврдењата дека по Украина ќе ја нападнеме Европа – тоа е целосна бесмислица и заплашување на сопственото население само за да извлечат пари од нив, рече Путин.

„Американските сателити“ во Источна Европа немаат причина за страв, додаде Путин. Според него, разговорот за потенцијален руски напад врз Полска, Чешка или балтичките земји е само пропаганда на владите кои настојуваат да ги исплашат своите граѓани „да извлечат дополнителни трошоци од народот, за да ги натераат да го носат овој товар на своите плеќи“.

- НАТО се шири кон руските граници, а не обратно, рече Путин, додавајќи дека Русија само „го штити својот народ на неговите историски територии“.

- Тие дојдоа точно до нашите граници. Дали ние отидовме преку океанот до границите на САД? Не, тие ни се доближуваат и многу блиску се приближија, рече тој.

притисни ентер