ЖивотРешила да се разведе после многу години несреќаНо, не е сигурна во својот потег зашто ја нема поддршката од мајка си!Истражувањата покажаа дека разводот е вториот најстресен настан што може да ѝ се случи на една личност, и дека дури и одењето во затвор е помалку стресно. Иако овие две ситуации не можат да се споредат, сепак двете бараат прилагодување на новите околности. Меѓутоа, поддршката од најблиските е најважна во тие тешки моменти. Една жена решила да се разведе по 15 години. Таа се откажала од кариерата поради семејството и сопругот, а тој ѝ задавал само ниски удари. Нејзиниот сопруг имал афери, бил склон кон насилничко однесување, а тоа се одразило и на нивното дете, па неопходен ѝ бил разговор со брачен советник. Ова е исповед на жена која сосема сама поминувала низ својата болка. - Имам 41 година, а маж ми една година помалку. Во брак сме 15 години и имаме 10-годишен син. Мојот сопруг имаше неколку афери, но и покрај неговите ветувања, тој не е заинтересиран да се фокусира на мене и нашиот син. Исто така е импулсивен, „пламнува“ дури и на ситници. Знае да биде многу незгоден и непредвидлив, а јас и детето постојано сме напнати – вели оваа жена. Потоа додава: - Чувствувам голем гнев кон него, бидејќи ја напуштив работата и станав домаќинка. Мислев дека ќе биде благодарен, а тој ме изневери. Минатиот месец му кажав дека сакам развод, но ја немам поддршката од мајка ми, што уште повеќе ми ја отежнува ситуацијата. Знае дека сум несреќна, но инсистира за доброто на детето и домот да останам со него - објаснува оваа жена. Иако сака со него да прекине секаков контакт, таа не е сигурна и прашува дали можеби нејзината мајка е во право. Брачната советничка ѝ дала одговор што ќе ве натера да се запрашате дали животот без среќа е вреден да се жртвувате. - Ниту еден развод не е лесен. Мајка ти можеби мисли дека ти помага, но само ти знаеш како се чувствуваш и ти си таа што треба да одлучи дали сака да замине или да остане. Разводот никогаш не е лесен. Мајка ти можеби мисли дека ти помага, но ти живој однос – вели советничката. - Што се однесува до детето, ако продолжи да се развива во нездрава средина, тоа може да биде лошо за неговото ментално здравје. Разводот може да биде многу подобро решение. Ако вашиот сопруг не сака заедно да ги решавате проблемите, вие бидете таа што ќе ја донесе конечната одлука, но знајте дека никој не заслужува да живее страдајќи – заклучила советничката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилен земјотрес ги погоди ФилипинитеЗемјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата. Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри. Засега нема информации за можни жртви или штети.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter