3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
ФормулаРешени несогласувањата во Ред БулПрвиот човек на Ред Бул Ф 1 тимот Хелмут Марко изјави дека несогласувањето меѓу возачите на тимот Себастијан Фетел и Марк Вебер е веќе решено во целост. Марко порача дека „возачите на тимот си подале рака и со тоа е веќе заборавен инцидентот од минатата трка во која фетел го мина вебер и покрај наредбата на тимот да не го прави тоа. „Тие не мора секогаш да бидат на иста страна , но мора меѓу нив да постои солиден партнерски однос во работата. Себастијан се извини на прес конференцијата и проблемот е веќе решен“, истакна првиот човек на Ред Бул Хелмут Марко. Најблискиот соработник на Дитрих Матешиц големиот газда на империјата Ред Бул ,верува дека трикратниот светски шампион Фетел сфатил дека погрешил и дека во иднина ќе ги почитува наредбите на тимот. -Го советував Фетел да остане на истата позиција бидејќи ја знаевме состојбата на неговите гуми и не сакавме да ризикуваме , но тогаш неочекувано тој излезе од нашата контрола и потоа не можевме да сториме ништо, наведе Хелмут Марко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски: Дипломатските односи мора да се претвораат во економски можностиДипломатските односи мора да се претвораат во економски можности – порача шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на формуот посветен на градење отпорни бизниси во неизвесен свет. Во обраќањето, Муцунски нагласи дека прашањето повеќе не е дали ќе има промени, туку тие промени да се претворат во конкурентска предност Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУСЈЕ пред нова еколошка дозволаВо овие моменти во Министерството за животна средина се одржува јавна расправа посветена на постапката за издавање нова а-интегрирана еколошка дозвола на УСЈЕ.Во овие моменти во Министерството за животна средина се одржува јавна расправа посветена на постапката за издавање нова а-интегрирана еколошка дозвола на УСЈЕ, документ што ќе ги утврди условите под кои компанијата ќе работи во наредниот седумгодишен период. Распрвата ја следи колегата Игор Манасиевски. Игор за почеток кој се присуствува на расправата и која е целата на истата? Целиот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уште се санираат последивите од завчерашното невреме во скопскоСтраниците што требаше да се прелистуваат и прочитаат, се натопени залепени една за друга.Страниците што требаше да се прелистуваат и прочитаат, се натопени залепени една за друга, стотици книги наместо да бидат на полиците во магацинот на книжевниот центар „Антолог“ – едно од најзначајните имиња на издаваштвото во земјава, пловат во водата која ја донесе невремето. Успеавме да стигнеме за 20тина минути откако не алармираа соседите, но со две „голи раце“ не можеше многу да се направи – вели сопственикто Жарко Кујунџиски, а службите кои ги повикале веднаш, не дошле. -Затекнавме стравична слика. Овде се насобрало огромно количество вода, инвентарот плута, вратите беа разнесени внатре, големи количини на книги, палети поставени само што истоварени, плутаат издигнати на површината,- -Жарко Кујунџиски – Сопственик на книжевен центар – Антолог. Невремето не уништи само хартија и опрема, туку 27 годишен труд, преводи, приказни и дел од скопското и македонско културно богатство, па додека штетите се сумираат, останува најтешкото прашање, дали издавачката куќа „Антолог“ ќе успее да ја испише следната страница. -Неколку стотици илјади евра се во прашање, но и една човечка енергија, сила и жар – работа која што стои зад сето ова. Се напивме апче за смирување, за да можеме да дојдеме на себе, видовме како една кариера на нашите предци кои го основале антолог и мојата која е 15-20 години во Антолог и на целата екипа буквално паднала и се потопила во вода,- -Жарко Кујунџиски – Сопственик на книжевен центар – Антолог. Канал 5 во меѓувреме стапи во контакт со градоначалниците на најпогодените општини, кои апелираат до граѓаните да пријават доколку имаат штети, бидејќи досега нема ниту една пријава, за да можат да се оформат комисии кои би направиле проценка и истата би ја проследиле до Влада. На удар на невремето најмногу се најдоа Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Чаир и Бутел, каде поголем дел од сообраќајниците беа претворени во реки, а подвозниците во базени. Општините, и Град Скопје се уште ги држат на готовс кризните штабови поради можноста да се повтори состојбата, согласно најавите изминативе денови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook