Решена мистеријата за Џек Мевосек?

По 125 години, мистеријата за Џек Мевосек конечно е решена, тврди пензионираниот детектив Тревор Мериот, кој смета дека германскиот морнар Карл Фајгенбаум стоел зад убиствата што му се припишуваат на Мевосекот.

Мистеријата за човекот кој го тероризирал Лондон кон крајот на 19-от век беше тема на бројни книги, филмови и повремено, на обновените истраги за нерешените случаи. За вмешаност во ужасните злосторство биле осомничени Винсент ван Гог, Луис Керол, па дури и еден роднина на кралицата Викторија.

Но, по 11 години истражување, пензионираниот детектив Тревор Мериот од Бедфоршир во Англија, тврди дека го пронашол злосторникот кој стои зад повеќето, па можеби и зад сите убиства кои му се припишувани на озлогласениот „Џек“.

Мериот верува дека виновник за убиствата е германскиот морнар Карл Фигенбаум.

Мериот за британскиот сајт „Икспрес“ изјавил дека до овој заклучок дошол низ анализа на документите и високо технолошките форензички експерименти. Тој исто така тврди дека Холивуд и бројните митови „искривиле“ бројни факти за случајот низ текот на годините.

Она што е вистина е дека петте жени: Мери Ен Николс, Ени Чепман, Елизабет Страјд, Кетрин Едоуз и Мери Џејн Кели, се избодени во Лондон помеѓу 31 август и 9 ноември 1888 година. Според најголемиот дел од исказите, жртвите биле проститутки и дека ги убил ист човек.

Истрагата која ја спровел Мериот со цел да ја дознае вистината, воопшто не била лесна. Тој пред суд дури ја извел и „Скотланд Јард“ во 2011 година, за да ја натера агенцијата да му ги предаде илјадниците документи кои се однесувале на случајот.

Тој од тој момент полека почнувал да доаѓа до Фајгенбаум, морнарот чии што бродови често биле закотвени во близина на местото во кое нерешените убиства се случувале.

Најважниот податок е фактот што адвокатот на Фајгенбаум, Вилијам Лотон, еднаш на репортерите им изјавил оти верува дека неговиот клиент ги признал злосторствата, тврдејќи дека болеста го натерала да ги убие тие жени. Тој навистина во еден момент е осуден и погубен поради неповрзано убиство во Њујорк 1894 година.

Меѓутоа, критичарите истакнуваат дека теоријата на Мериот не е баш најцврста и нагласуваат дека тој го дели проблемот со другите истражувачи за Џек Мевосек – недостаток на конкретни докази.

Мелони е лидер на листата на нејзината крајно десничарска партија на изборите за ЕП

Премиерката на Италија Џорџа Мелони денеска изјави дека ќе биде носител на листата на нејзината екстремно десничарска партија на изборите за Европскиот парламент во јуни.

„Одлучив да се кандидирам на чело на листата „Браќа на Италија“ (Fratelli d'Italia)“, рече таа на конгресот на нејзината партија.

Партијата на Мелони освои најмногу гласови на парламентарните избори во Италија во 2022 година.

Според анкетите, партијата би можела да освои околу 26 отсто од гласовите на изборите за ЕП, што ќе се одржат од 6 до 9 јуни.

„Сакаме да го направиме во Европа токму она што го направивме во Италија на 25 септември 2022 година, кога се одржаа изборите. А, тоа е да создадеме мнозинство што ги обединува силите на десницата и чевицата да биде вбо опозиција дури и во Европа“, изјави Мелони.

Фото: Никол Кидман во златен фустан

Актерката Никол Кидман  доби историско признание, и докажа дека е вистинска ѕвезда на филмската индустрија.

Мегапопуларната актерка неодамна ја доби наградата AFI (American Film Institute Lifetime Achievement) за животно дело и вклученост во филмската индустрија. Со тоа таа стана првата Австралијка која ја добила оваа престижна награда во Лос Анџелес.

На доделувањето на наградата на кое присуствувале многу колешки на Никол, сексапилната актерка блесна во златен долг и елегантен фустан кој ја истакна нејзината соврѓена става.

Спасовски од Шуто Оризари: Да не се попречува изборниот процес

 Да не се попречува изборниот процес, да не се закануваат, да не навредуваат, да останат на ниво на демократски вредности!

Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и коалицијата за европска иднина од ИЕ2, Оливер Спасовски, имаше свое обраќање во Шуто Оризари.

„Денеска продолжуваме со изборната кампања во Шуто Оризари на разговор со граѓаните за претседателските и парламентарните избори на 8 мај. Сакам да се сретнеме со сите граѓани, да влеземе во секоја куќа во општината Шуто Оризари, да поразговараме со секого за нашата перспектива на Македонија”, рече Спасовски. Притоа, тој ја истакна важноста да се гласа на 8 мај.

„Многу е важно граѓаните да останат смирени и овој втор круг од изборите да помине во демократска атмосфера. Упатувам порака до сите оние се дрзнуваат на било кој најчин да го попречуваат изборниот процес, да се закануваат, да навредуваат, да останат на ниво на демократски вредности. Да ги почитуваат граѓаните и на мирен, фер и демократски начин да заврши изборниот процес. Воедно ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски заокружувајки го бројот 1, и да гласаат за листата на пратеници исто така под број 1 за коалицијата за европска иднина”, порача Спасовски.

притисни ентер