Решена мистеријата за бегството од Алкатраз! (видео) - Канал 5

Решена мистеријата за бегството од Алкатраз! (видео)

Во јуни 1962 година тројца затвореници успеале да побегнат низ дупка која ја ископале во ѕидовите на затворот Алкатраз во Сан Франциско.

Решена мистеријата за бегството од  Алкатраз! (видео)
Властите тврдат дека се удавиле за да го сочуваат митот за затворот од кој никој не успеал да побегне.

Дали навистина било така?

Затворениците во текот на бегството се качиле на покривот од затворот, а за да го сокријат бегството, на креветите оставиле кукли кои сами ги направиле од картони и коса украдена од затворскиот фризер.



Браќата Џон и Кларенс Енглин и нивниот пријател Френк Морис направиле весла и сплав од украдени кабаници и се впуштиле во немирните води на заливот во Сан Франциско.

Алкатраз бил затвор на остров во тој залив, оддалечен од копното 2.4 километри.

управата на затворот со децении тврди дека бегалците се удавиле за да го сочува митот за совршено чуваниот затвор од кој никој не успеал да побегне.

Меѓутоа, сега после 50 години, откриени се нови докази кои ги претстави семејството Енглин, кое соработува со властите прв пат во последните половина век.

Семејството тврди дека браќата не само што го преживеале бегството, туку биле здрави и живи се до средината на 70-тите години на минатиот век, а можеби се живи и денес.

Доказите, кои ги презентирале внуците на браќата Енглин, Дејвид (48) и Кен Вајднер (54), објавени се синоќа во телевизиската емисија на ТВ каналот „History”.

Тие докази повторно го отворија случајот, па истражителите имаат намера да тргнат во Јужна Америка, во потрага по најпознатите американски бегалци.

„Ова е апсолутно најдобриот доказ кој го имаме уште од бегството“ – изјави пензионерот Арт Родерик, кој цели 20 години ја водел истрагата за бегството од Алкатраз.


Семејството Енглин ги чувало доказите, бидејќи според нив со години биле шпионирани и малтретирани од страна на ФБИ.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на Бугарија

Бугарија денеска примила повик за помош од товарен брод што тонел во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, соопшти Министерството за транспорт.

Потопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на Бугарија

Бродот „Бетул 8“, кој пловел под сомалиско знаме и на кој имало 12 членови на екипажот, превезувал три тони пченица и пловел од Романија кон Египет. Од Министерството за транспорт не наведоа што се случило со посадата.

Два бугарски, еден романски и еден турски брод се упатени кон местото на настанот, се додава во соопштението.

Причината за инцидентот не е јасна, но во изминатите неколку недели имаше низа смртоносни напади со беспилотни летала врз бродови во близина на бреговите на Бугарија и Романија, за кои се верува дека се поврзани со војната во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград

Деветнаесетгодишен државјанин на Македонија е уапсен под сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибек, во Белград.

Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград

Осомничениот бил приведен на границата со Хрватска, додека се обидувал да ја напушти Србија, објавија српските медиуми..

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, на А. А. му е одредено задржување до 48 часа поради сомнение за обид за убиство и недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.

Според сомненијата, на 8 август минатата година, на улицата „Народни херои“ во Белград, осомничениот испукал повеќе куршуми од пиштол кон Ненад Алајбеговиќ, кој во тој момент се наоѓал во своето возило.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукаку се повлече од репрезентацијата на Белгија

Белгискиот напаѓач 33 годишниот Ромелу Лукаку денес преку социјалните мрежи, го објави крајот на својата репрезентативна кариера, која трае 16 години. 

Лукаку се повлече од репрезентацијата на Белгија

Од неговиот прв повик во националниот тим на 3 март 2010 година, кога имаше само 16 години, Ромелу го носеше дресот на репрезентацијата 135 пати и постигна 94 гола.

Со оваа импресивна статистика, тој е најдобриот стрелец на сите времиња за „Црвените ѓаволи“. „Шеснаесет години.

Во текот на овие 16 години, дадов сè што имав за националниот тим. Доживеав секакви емоции што можат да се замислат“, напиша Лукаку на Инстаграм, придружувајќи ја објавата со серија фотографии од неговата репрезентативна кариера.

Во текот на својата репрезентативна кариера, Лукаку настапи на четири Светски првенства и три Европски првенства. Тој беше клучен играч во белгиската „златна генерација“ – тим кој со години беше меѓу најдобрите во светот и подолго време го држеше првото место на ранг-листата на ФИФА. Во моментов настапува за турскиот клуб Фенербахче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер