Решена е мистеријата на розовото небо над британски Кент, на жителите им олесни (ФОТО) - Канал 5

Решена е мистеријата на розовото небо над британски Кент, на жителите им олесни (ФОТО)

Зажарена розова светлина се појави непосредно пред изгрејсонце во четвртокот во Танет, во близина на Кент, Англија, при што локалните жители шпекулираа што би можело да ја предизвика сцената како директно од научно-фантастичен филм.

Решена е мистеријата на розовото небо над британски Кент, на жителите им олесни (ФОТО)

Зажарениот розов сјај што го осветли небото во Кент ги остави луѓето збунети оваа недела, а некои велат дека изгледало како „крајот на светот“, пренесува Independent.

Како сцена директно од научно-фантастичен филм, збунетите жители на Танет останале да шпекулираат за тоа што би можело да го предизвика чудното осветлување.

Дејл Вест, жител на Танет, рече дека на почетокот изгледало туѓо, начинот на кој розовата светлина се мешала со утринската магла и облаците.

Споделувајќи ги сликите на интернет, еден жител се пошегувал.

- Мислев дека е крај на светот, барав четворица коњаници - напишал тој.

Идентични розови светла се забележани низ целата земја во последните недели. Локалните жители на Источен Јоркшир, исто така, се огласија на социјалните мрежи за да го опишат мистериозниот сјај како знак на вонземјани и НЛО. Реалноста на светлината, сепак, има многу поразумно објаснување.

„Thanet Earth“, голема индустриска фабрика лоцирана во Бирчингтон, е одговорна за вештачката розова светлина - која се користи за одгледување на 400 милиони домати.

Според нивната веб-страница, најголемиот британски комплекс со стакленици се наоѓа во пределот на Источен Кент. Се проценува дека овие огромни оранжерии секоја година произведуваат околу 400 милиони домати, 30 милиони краставици и 24 милиони пиперки.

Огромниот комплекс е идеално лоциран во југоисточна Англија поради подолгите дневни часови, што им помага на растенијата да растат. Меѓутоа, бидејќи на растенијата им е потребна светлина во темните британски зими, во овој период од годината се користат вештачки замени.

Портпаролот на Thanet Earth објасни.

- Како одговорен локален бизнис, ние постојано го следиме начинот на кој нашиот бизнис влијае на заедницата околу нас и при одредени временски услови неизбежно ќе се рефлектира светлина, особено кога има мала густа облачност над областа Танет. Ние го ублажуваме овој одраз на светлината колку што е можно со инсталирање ролетни во нашите оранжерии кога светлата се палат. Постојано ги проценуваме нашите операции и нивното влијание врз заедницата, а розовите LED светла што ги користиме овде во Thanet Earth имаат многу пониски нивоа на емисија во споредба со другите видови светла за растење. Воздишка на олеснување за жителите на Танет кои, за среќа, не беа нападнати од вонземјани - објасни портпаролот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Сопственик на златара се обидел да криумчари 4 милиони денари вреден златен накит преку Богородица

Четири милиони денари вреден златен накит, што тетовчанец, сопственик на златара, се обидел да го кримчари во перница за врат, е запленет од царински службеници на граничниот премин Богородица.

Царинска управа: Сопственик на златара се обидел да криумчари 4 милиони денари вреден златен накит преку Богородица

Против сторителот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.

Кривичното дело е откриено при контрола на автобус, кој сообраќал на релација Истанбул - Гостивар. На прашањето дали имаат нешто да пријават, ниту еден од патниците не пријавил стока за царинска контрола, по што е извршен детален преглед. Притоа, во внатрешноста на перницата за врат што ја носел осомничениот, се откриени 77 парчиња златен накит со тежина од 612 грама.

Во предистражната постапка на Одделението за истраги се обезбедени докази дека лицето, откако го купил златниот накит од златарска работилница во Истанбул, имало намера нелегално да го пренесе во државава и да го продава во својот златарски дуќан.

Царинската управа продолжува со активностите насочени кон заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување услови за фер економија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг, СДС на чело со Филипче е декласиран со 4 спрема 1.

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг

ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со предност околу 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ. Во однос на СДС победивме со разлика поголема од 4 спрема 1. Од 6 кандидати, Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 2945 гласови.

СДС и Венко Филипче доживеја уште еден изборен дебакл во Брвеница. СДС според резултатот во Брвеница доживеа уште еден сериозен изборен неуспех. СДС се наоѓа на четвртото место, со повеќекратно помала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.

На СДС им го честитаме освоеното четврто место и им посакуваме уште многу вакви резултати со Венко Филипче на чело.

И покрај дебаклот во низа на СДС, Венко Филипче не треба да си поднесе оставка бидејќи се додека тој управува со СДС и е послушник на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе се одлучат за работа и резултати, и борба за иднина каква нуди Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со работа, одговорност и јасна цел, победа на 1 ноември и иднина со повеќе резултати за сите граѓани на Брвеница, без разлика на нивната етничка припадност.

Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Додека пациентите чекаат со месеци за дијагностика, апаратите и скренерарите не работат, терапиите доцнат, нема лекови Владата на Мицкоски со новиот ребаланс ги намалува парите за здравството.

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Од капиталните инвестиции се кратат 100 милиони евра. Помалку пари се предвидуваат за болниците во Штип и Кичево, но и за ретки болести и за инсулин.

Власта ги намалува парите за здравјето на граѓаните, во услови кога здравствениот систем веќе е во хаос.

Три недели во Клиничкиот центар не работеше ниту еден компјутерски томограф.

Пациентите чекаат прегледи неопходни за навремена дијагноза и лекување.

ПЕТ-скенот, неопходен за онколошките пациенти, во изминатите две години е проследен со дефекти и прекини во работата. По последното пуштање во употреба работел само неколку дена, па повторно се расипал. Пациентите чекаат и по пет месеци за преглед од кој зависи понатамошното лекување.

Само минатата година биле дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка.

Наместо навремена дијагностика и сигурна терапија, онколошките пациенти во повеќе наврати остануваа со месеци без потребните лекови поради административна неодговорност и незаинтересираност на власта.

За овие пациенти секое одложување на прегледот или терапијата може да има животозагрозувачки последици.

Дел од клиниките работат со само една операциона сала, со недостиг на медицински персонал и со апарати чија исправност е неизвесна. Граѓаните редовно плаќаат здравствено осигурување, а потоа лутаат од една во друга болница и чекаат со месеци за основна здравствена услуга.

Во Гостивар 5.000 луѓе се отруја. До денеска нема одговорност, а јавноста сè уште нема објавени резултати за водата, нема Извештај ниту за Гостивар ниту за над 50 населени места.

Во 21 век, додека здравствените системи вложуваат во нови технологии и современо лекување, власта на ВМРО не обезбедува ни исправни основни апарати, редовна терапија и навремени прегледи.

Ова е потфрлање во најважната обврска на секоја влада – заштитата на здравјето и животот на граѓаните.

Мицкоски и Клековски не можат да побегнат за хаосот во здравството.

Клековски треба да поднесе оставка.

Скопје, 20.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер