Решена е мистеријата на напредна кинеска цивилизација, исчезната пред 4.000 години - Канал 5

Решена е мистеријата на напредна кинеска цивилизација, исчезната пред 4.000 години

Пред околу 5.300 години, во источна Кина се појавила цивилизација која што изградила неверојатен град што можеби дотогаш не постоел во цела Азија.

Решена е мистеријата на напредна кинеска цивилизација, исчезната пред 4.000 години

Археолошките наоди на градот Лиангжу, изграден од истоимената култура, покажуваат бројни знаци на социјален, културен и технолошки напредок за тој период, особено во земјоделството и наводнувањето.

Користеле за тоа време софистициран систем на канали и брани, а некои градот го нарекле неолитска „Венеција на истокот“.

И покрај тоа, на оваа цивилизација набрзо и дошол крајот. По милениуми на иновации, културата на Лиангжу исчезнала, а градот нагло бил напуштен пред 4300 години, пишува Science Alert.

Досега не било познато што точно довело до падот на оваа цивилизација, иако експертите претпоставувале дека причината е некоја природна катастрофа.

„На зачуваните урнатини е пронајден тенок слој глина, што покажува дека колапсот на оваа напредна цивилизација е поврзан со поплавување на реката Јангце или поплавување на Источнокинеското Море. Сепак, не можевме да извлечеме јасен заклучок од самиот слој од кал“, вели геологот Кристоф Спотл од Универзитетот во Инсбрук во Австрија.

Се чини дека сега има појасна слика за катастрофата што ја погодила оваа древна култура.

Спотл и неговите колеги истражувале минерални формации, како што се сталагмити, од две подводни пештери во регионот, од кои може да се добијат информации за климатските услови пред илјадници години.

Нивната анализа покажала дека падот на цивилизацијата Лиангжу се совпаднала со периодот на екстремно обилни врнежи кои веројатно траеле со децении.

„Огромните монсунски дождови веројатно предизвикаа големи поплави на реката Јангце и нејзините притоки, а софистицираните брани и канали од тоа време не можеа да ја задржат водната маса. Како резултат на тоа, луѓето веројатно беа принудени да го напуштат овој древен град“, рече Спотл.

Имено, културата Лиангжу настанала во период на суви и релативно стабилни временски услови.

„Археолошките студии покажуваат присуство на големи хидраулични комплекси, како што се големите брани во близина на градот Лиангжу, што биле изградени пред 5.300 до 4.700 години“, наведуваат научниците во студијата.

„Ова покажува дека културата на Лиангжу ефикасно управувала со водните ресурси користејќи хидраулична инфраструктура за да ги ублажи поплавите и/или со наводнување да преживее во сува клима“, додаваат тие.

Меѓутоа, со текот на времето, климата станала уште посушна, а веројатно пред околу 4.400 години дошло до „мегасуша“, по што била прекината изградбата на браните. Но потоа, стотина години подоцна, дошол период на интензивен дожд и постоечките брани не биле доволни за да го заштитат градот од поплави.

Во списанието Science Advances е објавена студија под наслов Collapse of the Liangzhu and other Neolithic cultures in the lower Yangtze region in response to climate change .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката.

На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето.

Вежбање, сауна и масажа

Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби.

На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви.

По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа.

Неодамна го прослави својот 30-ти роденден

Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми.

Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите.

Ново поглавје во животот

Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска.

Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“.

Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите.

Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал.

Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер