Репрезентативка на Албанија е толку убава што стана Мис Универзум (ФОТО)

Убавата Американка Синди Марина има 20 години и игра одбојка во репрезентацијата на Албанија.

Нејзините родители како да знаеле дека ќе биде убава , зашто и го дале името според манекенката од 90 – тите , Синди Крафорд.

Младата Сибнди допрва ќе ја почне манекенската кариера , откако оствари успеси во албанската одбојкарска репрезентација. Таа годинава ја освои титулата Мис Универзум на Албанија , па ќе ја претставува оваа земја на светскиот избор.

Синди е родена 1998 во Чикаго , а нејзиниот татко Адријан пред преселбата од Албанија во САД , играл фудбал , а мајката Кристина била професионална одбојкарка во Албанија и во Италија.

Foto: @pirrobeati @cindymarinaa #missuniversealbania2019

A post shared by Miss Universe Albania (@missuniversealbania) on

Пред четири години Синди , која сега студира на Универзитетот во Лос Анџелес, почна да игра одбојка за албанската репрезентација и стана најмлада репрезентативка на оваа земја.

blond

A post shared by Cindy Marina (@cindymarinaa) on

Италијанскиот министер ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска ги повика западните земји повеќе да се ангажираат за преговори со рускиот претседател Владимир Путин за дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина.

Кросето за италијанскиот весник „Месаџеро“ изјави дека економските санкции што Западот ги воведе кон Русија не ги дале очекуваните резултати, односно не ги спречиле руските сили да продолжат со нападите врз Украина.

Тој истакна дека единствениот начин да се стави крај на војната во Украина е во преговорите да се вклучи Путин.

Тој, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина, велејќи дека помошта за Киев има за цел „да се добие во време“ и да се создадат услови за постигнување примирје.

Кросето тврди дека, доколку руските војници го заземат Киев, тоа „неизбежно ќе доведе“ до конфликти со други земји кои, како што наведе, нема да прифатат руски тенкови на своите граници.

Италијанскиот министер рече дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека украинската контраофанзива минатото лето е осудена на неуспех поради воената супериорност на Русија, но дека Зеленски не го послушал неговиот совет.

Тен Хаг: Никој во Манчестер јунајтед освен Мурињо не ги доби играчите што ги сакаше

Тренерот Ерик тен Хаг одговори на споредбата што ја направи Жозе Мурињо за нивната работа во Манчестер јунајтед.

- Освен Мурињо, ниту еден тренер не ги доби играчите што ги сакаше, што ни требаа. Уверен сум дека ќе ги постигнеме нашите цели, но конкуренцијата е голема. Има седум или осум екипи во Премиер лигата кои имаат многу добри состави и во иднина ќе се борат за титулата. Значи, за да ја освоите титулата, треба да создадете навистина квалитетен тим, рече главниот тренер на Манчестер Јунајтед во интервју за „ESPN“.

Претходно Жозе Мурињо правејќи споредба со Тен Хаг за работата во Манчестер јунајтед, рече дека ја немал поддршката што ја ужива Тен Хаг.

-Немав такво ниво на поддршка. Немав такво ниво на доверба. Во тимот имаше од претходно неколку играчи што не ги сакав пред, истакна Мурињо.

Португалскиот стручњак беше тренер на клубот од мај 2016 до декември 2018 година.

Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска до Парламентот на Украина, Врховната Рада, поднесе предлог-закони за продолжување на вонредната состојба и периодот на општа мобилизација.

Во Врховната Рада се регистрирани предлог-закони „За продолжување на вонредната состојба во Украина“ и „За продолжување на периодот на општа мобилизација“, пренесува Украинформ.

Во образложението на предлог-законот пишува дека се работи за продолжување на општа мобилизација и вонредна состојба за 90 дена, од 14 мај, кога истекува претходното продолжување од 14 февруари.

притисни ентер