3Во Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 тела
МакедонијаРепортери без граници: Македонија 117-та, со раст од 6 места Во извештајот на Репортери без граници за 2014 година, Македонија е рангирана на 117 место по медиумски слободи, со мало подобрување од 6 места во однос на извештајот од 2013 година. Репортери без граници истакнуваат дека во текот на 2014 година новинарот Томислав Кежаровски бил во домашен притвор, по пресудата поради објавување на идентитетот на заштитен сведок во процес за убиство. Кежаровски беше ослободен од отслужување на остатокот од казната по заклучувањето на извештајот на Репортери без граници. Дополнителни проблеми на кои посочува се начиот на распределба на државните средства за рекламирање и користењето на тужбите за клевета. Извештајот наведува дека во текот на 2014 година од новинари било побарано да избришат фотографии и видео снимки, што се однесува на известувањето при немирите во Ѓорче Петров по убиството на младиот Ангел Петковски во мај. Во споредба со другите земји во регионот, Црна Гора е рангирана на 114 место, Бугарија е 106та, Грција е на 91 место, Косово - 87, а Србија е 67ма. Во општите забелешки, Репортери без граници истакнуваат дека скандинавските земји Финска, Норвешка и Данска се на врвот на табелата, додека на дното се Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја. Организацијата тврди дека во 2014 година дошло до општо влошување на состојбата со слободата на медиумите на сите континенти, поради повеќе војни, закани од не-државни институции и напади при демонстрации, како и поради економската криза. Две третини од земјите на индексот имаат полоши оценки во однос на 2013 година. Земени во целина, регионот на Европската Унија и Балканот се оценети како се уште најдобри за медиумските слободи во светот, но имаат и најголем пад во оценките, со значително влошување на оценките на Италија и Исланд, поради мафијашки и политички притисоци врз медиумите. Според листата на Репортери без граници, САД се на 49 место, и бележат пад од три места, пред се поради судскиот процес против новинарот Џејмс Ризен од Њујорк тајмс поради неговото одбивање да го открие изворот на информација, како и поради објавената војна од страна на администрацијата на претседателот Барак Обама против каналите за информирање на јавноста, вклучително и мрежата Викиликс. По масакрот во францускиот сатиричен неделник Чарли Хебдо, Репортери без граници предупредуваат на обидите да се цензорираат медиумите преку повикување на заштита на верските чувства на граѓаните. Индексот на Репортери без граници се објавува од 2002 година, и се подготвува во соработка со локални организации кои дејствуваат во државите кои се набљудуваат, и кои бараат од локални новинари, активисти за човекови права и правници да одговарат на 80-ина прашања за да ја оценат медиумската состојба во својата земја. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКовачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“Претседателот на Комисијата за локална самоуправа Драган Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“.Денеска во Собранието се одржа средба меѓу претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Драган Ковачки, и заменик-раководителот за меѓународна соработка на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Флоријан Фејерабенд, како и претставникот на Фондацијата, Даниел Браун. На средбата присуствуваа и пратеничките Иванка Василевска и Драгана Бојковска. На средбата, Ковачки изрази благодарност за континуираната и недвосмислена поддршка што Фондацијата „Конрад Аденауер“ ѝ ја дава на нашата држава во изминатите години. Воедно, тој се осврна на предизвиците со кои се соочуваше државата во изминатиот период, како и на оние што претстојат, нагласувајќи ја важноста на соработката со меѓународните партнери. Посебен акцент на разговорите беше ставен на процесот на европска интеграција на нашата држава, актуелната геополитичка состојба на Западен Балкан и односите меѓу земјите во регионот. Беше дискутирано и за отворените прашања со Република Бугарија, при што беше истакнато дека стратешка цел на нашата држава останува членството во Европската Унија. Европската перспектива е од суштинско значење за стабилноста, просперитетот и обезбедувањето подобра иднина за идните генерации. Од своја страна, Даниел Браун изрази благодарност за гостопримството и досегашната соработка со нашата држава. Од страна на високите претставници на високите претставници на германската фондација беше потврдена нивната подготвеност за продолжување на соработката и во иднина преку нови работилници, експертски програми и специјализирани обуки кои ќе придонесат за јакнење на институциите и на парламентарната демократија. Соговорниците се согласија дека местото на нашата земја е во Европската Унија и дека европската интеграција останува приоритет. Средбата заврши во конструктивна атмосфера, со заемно изразена подготвеност за продолжување на дијалогот и зајакнување на соработката, соопштуваат од Собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
ФудбалСкандал во Лигата на шампионите: Со факели гаѓаат лица со инвалидитет (ВИДЕО)Белгиската полиција започна истрага откако навивачите се побунија на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Клуб Бриж и Ленс. За време на натпреварот, кој Бриж го доби со 3:0, гостинските навивачи запалија голем број факели и ги фрлија кон домашните сектори на стадионот „Јан Брејдел“. На францускиот клуб сега му се заканува сериозна казна од УЕФА. Дел од пиротехничките средства беа фрлени и на трибината наменета за лица со посебни потреби, а во инцидентите беше повреден еден полицаец од Ленс, на кого му беше помогнато на стадионот. Поради нередот, натпреварот беше накратко прекинат. Полицијата ги прегледува снимките Полицијата во Бриж спроведува темелна истрага, а нивната специјална фудбалска единица ќе ги прегледа снимките од безбедносните камери за да ги идентификува одговорните, објавува белгискиот „Хет Ниусблад“. Портпаролката на полицијата потврди дека по анализата ќе биде составен официјален извештај. Никој не е уапсен на стадионот бидејќи полицијата проценила дека обидот за апсење во средината на немирите би можел да предизвика ескалација на конфликтот. Интересно е што немаше инциденти пред натпреварот. Натпреварот беше прогласен за висок ризик, но пристигнувањето на француските навивачи, кои беа придружувани до стадионот со придружувани автобуси, беше мирно. Steward at the Club Brugge match was injured because RC Lens fans lit flares and was then helped by other fans. 🎥 e.steenkiste https://t.co/MWoDV0crH8 — Football Fans Stuff (@officialffsnews) October 22, 2026 Ленс веќе е на условна казна За Ленс, ситуацијата е дополнително комплицирана бидејќи веќе има условна казна од УЕФА поради претходните навивачки немири. По употребата на пиротехнички средства на патот кон Славија во Прага во септември, клубот беше казнет со 15 илјади евра. Исто така, му беше изречена условна забрана за продажба на билети на своите навивачи за еден гостувачки европски натпревар. Поради новите инциденти во Бриж, на францускиот клуб му се заканува активирање на таа забрана, како и дополнителни дисциплински мерки. Конечната одлука ќе ја донесе УЕФА по прегледот на извештајот од натпреварот.Тагови: Лигата на шампионите факели Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаМицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развојОдржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која разговаравме за можностите за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети на државата.Продолжуваме со посветена работа на создавање услови за нови инвестиции, реализација на значајни инфраструктурни проекти и забрзување на економскиот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter