Репортер на Би-Би-Си е ограбен додека се јавувал во живо, реакцијата е хит (ВИДЕО) - Канал 5

Репортер на Би-Би-Си е ограбен додека се јавувал во живо, реакцијата е хит (ВИДЕО)

Ѕвездата на Би-Би-Си, Хари Лоу, беше на задача да зборува за силен дожд и поплави во предградието на Лондон во понеделникот вечерта, кога наводно неговиот ранец бил украден од крадец.

Репортер на Би-Би-Си е ограбен додека се јавувал во живо, реакцијата е хит (ВИДЕО)

„Прв пат во кариерата синоќа - ми ја украдоа чантата среде нашиот пренос во живо“, напиша тој на X покрај објавениот клип. На почетокот на снимањето, Лоу дава информации за времето, по што следи претходно снимено интервју што го направил со млад локален жител.

Кога камерата се вратила на улицата, настанала неколку секунди тишина, а репортерот изгледал дека забележал дека нешто не е во ред, а Лоу подоцна открил дека токму тогаш крадецот побегнал со неговата торба.

Репортерот ја задржа присебноста и мирно си ја извршуваше својата работа, а многумина ја пофалија неговата реакција, вклучувајќи ја и неговата колешка Холи Клеменс, која напиша: "О, Хари!! Ти си апсолутен професионалец. Сепак, тоа е ужасно, жал ми е што се случи".

Кражбата не е забележана со камера, а Лоу не открил што имало во украдениот ранец, ниту пак откри дали крадецот бил уапсен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник .

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник од штипско во присуство на негов родител.

На објавеното видео се гледа како тој управува мотоцикл на едно тркало со што го загрозил безбедното одвивање на сообраќајот. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – вознемирена мајка се јавила во полиција

Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, И.А. пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасада

Случајот со Ива Михаилова продолжува да ги влошува односите меѓу Македонија и Бугарија...

Македонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасада

Само неколку дена откако бугарскиот амбасадор во Скопје, Радуков беше повикан во МНР за да му се изрази незадоволство од начинот на кој постапува официјална Софија, сега и самиот тој стана проблем....

МНР сега реагира за неговите изјави, како и за изјавите на бугарскиот министер за внатрешни работи... Деталите ги има Михаило Донев.. Михаило, што точно МНР им забележува на Радуков и Демерџиев?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер