ВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортисти
Директорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на годишна конференција за спроведување на законот во САД
1ВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортисти
2Директорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на годишна конференција за спроведување на законот во САД
3ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалноста
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
БалканРепортажа на „Катимерини“ за граничниот премин Маркова нога-ЛемосРепортажа на „Катимерини“ за граничниот премин Маркова нога-Лемос: „Преспа: Стигнуваат до нашиот двор и не можат да влезат“.За растојание од пет километри возат околу два часа. Ова е реалноста што ја живеат жителите на општина Преспа, кои и покрај тоа што живеат веднаш до Македонија, за да ја посетат соседната земја треба да преминат преку граничниот премин Ники и да поминат над 130 километри. Причината е што граничниот премин кој се наоѓа на крајот на нивната општина и натаму останува затворен, пишува грчкиот весник „Катимерини“ во текстот посветен на граничниот премин Маркова нога-Лемос, јави дописничката на МИА од Атина. Во репортажата под наслов „Преспа: Стигнуваат до нашиот двор и не можат да влезат“, весникот ја истакнува важноста на граничниот премин што според проценките треба да почне со работа во 2027 година, коментира дека „седум години по потпишувањето на Договорот од Преспа, преминот сè уште не е ни почнат да се гради, а пренесува и изјави на градоначалниците на општина Преспа и општина Ресен. - Одобрена е програмата Интерег, преку која се обезбедени средства и завршени се студиите. Буџетот за грчката страна е пет милиони евра, вели градоначалникот на Преспа Јоргос Стергиу и додава дека процените се дека проектот ќе биде испорачан во 2027 година. Дополнително објаснува дека со пуштањето во употреба на граничниот премин ќе оживее туризмот во регионот, а главната причина, според Стергиу е директниот пристап што ќе постои до меѓународниот аеродром Охрид, кој е на само 35 километри од општина Преспа. - Ќе биде порта. Стигнуваат до нашиот двор и не можат да влезат, нагласи Стергиу, посочувајќи дека Преспанското Езеро е познато во светот по својот биодиверзитет. Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски за „Катимерини“ вели дека „од сè срце го очекуваат отворањето на преминот“, но и дека „амбициите се големи“, објаснувајќи дека жителите на Ресен очекуваат зголемување на туристите во околината, но и дека ќе се зголеми раздвиженоста на оние кои ќе поминуваат од Ресен за да стигнат до најблиските грчки плажи преку новиот граничен премин. Посочува дека паралелно ќе се олеснат контактите меѓу жителите од регионот, кои веќе заеднички учествуваат во различни европски програми, од кои многу се однесуваат на животната средина и заштитата на Преспанското Езеро, како што се броењето на пеликаните и други птици и риби. „Катимерини“ пишува дека според општина Преспа, проектот, покрај граничната инфраструктура, опфаќа и создавање на прекугранична пешачка рута што ќе ги поврзе селата Агиос Германос во Грција и Брајчино во Македонија, користејќи го новиот граничен премин. - Во моментот кога Бугарија и Романија влегуваат во Шенген, а движењето на луѓе и стоки станува сè полесно во Европа, граничниот премин Леимос што ги поврзува Грција и Македонија останува затворен. Граничниот премин кој функционираше со децении, олеснувајќи ја комуникацијата меѓу жителите кои минуваа оттаму дури и секојдневно за да одат во соседното село, каде можеби имаа ниви или дел од нивното семејство, беше затворен во мај 1967 година за време на хунтата, пишува весникот. За отворањето на граничниот премин, градоначалникот на Преспа Јоргос Стергиу пред девет месеци за МИА објасни дека повторното отворање на граничниот премин е тема за која интензивно се дискутира со години, уште пред потпишувањето на Договорот од Преспа, а доцнењето, според него е од практични причини, во однос на проектите што треба да се реализираат за да може да функционира преминот. - Кога ќе биде отворен граничниот премин ќе се промени динамиката и ќе произлезат нови можности. Ќе се создаде нова туристичка рута и во наши раце е да ја искористиме, за доброто на сите. Во однос на симболиката, очигледно е дека со отворањето на граничниот премин општина Преспа, но и општина Ресен нема повеќе да бидат на работ на државите, туку на граничен премин, а областа Преспа ќе стане центар за комуникација, истакна тогаш Стергиу за МИА. Во март 2019 година, тогашниот министер за надворешни работи на Македонија Никола Димитров и тогашната алтернативна шефица на грчката дипломатија Сиа Анагностопулу го потпишаа договорот за отворање на граничен премин во Преспанскиот регион Маркова нога – Лемос, кусо подоцна договорот беше ратификуван и од грчкиот Парламент. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортистиВо изминатите 11 месеци, Општина Кочани реализираше и започна значајни проекти за подобар живот на граѓаните, со фокус на инфраструктурата, социјалната грижа и младите.Се реконструира булеварот „Теодосија Паунов“, во должина од 1.040 метри, инвестиција од 88 милиони денари, од кои 85 милиони се обезбедени од Министерството за транспорт. Изведени се атмосферската канализација, тротоарот и велосипедската патека, а поставен е и завршниот асфалтен слој на едната коловозна лента. Започна и изградбата на домот за стари лица, со вкупна вредност од околу 247 милиони денари. Државата учествува со 200 милиони денари, а Општина Кочани со околу 47 милиони денари, со цел да се обезбедат подобри услови за грижа и достоинствен живот на повозрасните сограѓани. Посебно внимание се посветува на младите. За академската 2025/2026 година доделени се стипендии на 31 студент, во износ од 4.000 денари месечно за 10 месеци, а за спортските клубови и младите спортисти се обезбедени над 7 милиони денари. Со инвестиции во инфраструктурата, социјалните услуги и младите, Општина Кочани продолжува да гради град со повеќе можности, подобри услови и посигурна иднина за сите граѓани. Кочани напредува со работа, одговорност и конкретни резултати, се наведува во партиското сопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на годишна конференција за спроведување на законот во САДДиректорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на највлијателната годишна конференција за спроведување на законот во САД.На покана на Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамки на Кривичниот Оддел при Министерството за правда на САД, директорот на Царинска управа Бобан Николовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, присуствува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефови на полиции, која се одржува во САД. Поканата за учество на еден од најголемите и највлијателните годишни настани во областа на спроведување на законот, претставува признание за остварените резултати на Царинската управа во успешно гонење на криминалот. Тоа се огледа во фактот што, во периодот од јули 2024 до денес, Царинската управа поднесе 422 кривични пријави до надлежните јавни обвинителства. Преку вмрежување со органите за спроведување на законот на светско ниво, се овозможува значително зајакнување на капацитетите за борба против организираниот криминал. Истовремено, конференцијата претставува одлична можност за запознавање со најновите технологии и иновации во областа на откривањето и сузбивањето на криминалот. На настанот учествуваат повеќе од 600 изложувачи кои ги претставуваат најновите технолошки решенија, овозможувајќи директен увид во современите алатки и практики за спроведување на законот. Минатиот месец со поддршка и донација од Министерството за правда на САД, на три гранични премини, беше воведен систем за телесни камери. Примената на современа технологија во оперативното работење се очекува да резултира со зголемена ефикасност во спречување на нелегална трговија. Продолжуваме да ја зајакнуваме соработката на национално и меѓународно ниво, со цел поефикасна борба против организираниот криминал и заштита на границите. Царинска управаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалностаВенко Филипче пред две недели најавуваше анкети со кои требаше да покаже дека СДС бележи раст на рејтингот, а граѓаните наводно ја губат довербата во ВМРО-ДПМНЕ. Две недели подоцна, анкетите ги нема. Филипче и СДС молчат по дебаклот во Брвеница. ОД Филипче и СДС нема анкети, нема резултати, нема објаснување. Има само празни ветувања и лаги од Венко Филипче. Филипче, каде се анкетите што ги најави? Ако навистина покажуваат раст на СДС, зошто не ги објавиш? Од што се плашиш? Дали резултатите не се такви какви што ги претставуваше или станува збор за уште една пропагандна конструкција на партискиот штаб на СДС? Реалноста е јасна и не се менува со изјави и лаги од кујната на СДС. Резултатите во Брвеница се јасен политички удар за СДС, каде според прикажаните изборни резултати, СДС загуби со разлика од четири спрема еден. Додека Филипче зборува за наводен раст на поддршката на СДС, во партија се повеќе се јавуваат фракции и се поголемо е незадоволството на нивнито членство. Филипче да не се крие зад необјавени анкети и да ја замајува јавноста со празни ветувања. Политичката доверба не се гради со измислен оптимизам, туку со резултати и одговорност. Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче. ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од проверка на довербата кај граѓаните. Напротив, поддршката се потврдува со конкретна работа, одговорност и резултати. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат јасна политичка предност, додека СДС под раководство на Филипче сè повеќе се соочува со криза на доверба, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook