Репортажа на Канал 5: Скопјани ја заменија градската жештина со свежината на боровата ладовина - Канал 5

Репортажа на Канал 5: Скопјани ја заменија градската жештина со свежината на боровата ладовина

Дел од Скопјани кои не заминаа на некои од туристичките дестинации, ги затекнавме како големиот празник Илинден со своето семејтво и со пријателите го прославуваат со излет во природа, во ладовина за да избегаат од во овие летни горештини.

Репортажа на Канал 5: Скопјани ја заменија градската жештина со свежината на боровата ладовина

Дел од Скопјани кои не заминаа на некои од туристичките дестинации, ги затекнавме како големиот празник Илинден со своето семејтво и со пријателите го прославуваат со излет во природа, во ладовина за да избегаат од во овие летни горештини и од жешкиот градски асфалт.

На само десетина километри од Скопје во близина на Ѓорче Петров, крстот кај село Кучково е едно од тие излетнички места популарни за жителите кои гравитираат во овој дел на метрополата. За посетителите кои иако беа во помал број од вообиченото и задскриени во длабоките борово ладовини на околу 700 метри надморска висина, ова место нуди разладување и можност за прошетка по патеките за време на топлите летни денови и уживање во дружбата со пријателите за прослава на големиот празник .

Она што беше очигледно е дека сите ги почитуваат препораките и воопшто не планирале да прават скара заради опасноста од пожари па си понеле од дома готова храна и салати, но исто така разочарува отпадот које е расфлран на секаде наоколу иако контејнери има сосема доволно за да не се нагрдува сликата на ова убаво излетничко место со прекрасен поглед на Скопје.

И додека официјалните чествувања на Илинден се одржуваат на повеќе локации низ државата, за многумина празникот е и можност да се избега од секојдневието. Крстот во Кучково е само едно од излетничките места каде што празничниот ден се одбележа во мирна атмосфера, со дружење, рекреација и прекрасен поглед кој не потсетува дека на само неколку минути оддалечена од градот имаме прекрасна природа за уживање.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бен Афлек освои 1.000.000 долари во квизот „Милионер“: Се радуваше како дете!!

Холивудската ѕвезда, актерот Бен Афлек освои 1.000.000 долари во квизот „Милионер“, по сензазионалната добивка  популарниот Бетмен се радуваше како дете, сега е познато и каде ќе завршат парите.

Бен Афлек освои 1.000.000 долари во квизот „Милионер“: Се радуваше како дете!!

Холивудскиот актер Бен Афлек освои еден милион долари во специјално, хуманитарно издание на популарниот квиз.

Со овој голем успех, Бен Афлек се приклучи на одбраната група славни личности кои успеаја да стигнат до самиот врв и да ја освојат максималната сума во ова шоу.

Во оваа специјална емисија, славните личности се здружуваат со искусни натпреварувачи во квизови, а целиот паричен износ од наградата е наменет за хуманитарни цели.

Афлек настапи во тим со Џејми Динг, поранешен шампион на познатиот квиз „Jeopardy!“, а се натпреваруваа за фондацијата „Eastern Congo Initiative“, која актерот ја основаше заедно со други партнери во 2010 година.

Тандемот стигна до самиот финиш на квизот „Дали сакаш да станеш милионер?“ и прашањето од милион долари, кое гласеше: „Како дел од годишната традиција за Денот на благодарноста, кое од следниве имиња не се однесува на мисирката помилувана од претседателот на Соединетите Американски Држави?“

Понудените одговори беа: А) Путер од кикирики и желе, Б) Татер и Тот, В) Макарони со сирење и Г) Шпагети и ќофтиња.

Бидејќи не беа сосема сигурни, Афлек и Динг решија да користат дури и две џокер-карти на последниот чекор.

Прво, го повикаа водителот Џими Кимел за помош.

Кимел истакна дека верува дека точниот одговор е под Д (Шпагети и ќофтиња), на што Афлек му рече со насмевка: „Всушност, многу добро ја разбираш храната и актуелните настани. Можеше да го знаеш ова.“

Како дополнителна сигурност, го искористија џокерот „Покани пријател“ и го повикаа Стивен Морисон, кој исто така е преценет квиз-натпреварувач.

За време на разговорот, Џејми се пошегува со Кимел на сметка на неговата позната измислена нетрпеливост кон Мет Дејмон: „Џими, можеби ќе ти се допадне овој мој пријател. Дипломирал на Харвард, татко е, а разликата во години меѓу нас е две години. Заедно сме поминале многу нешта, исто како Бен и Мет“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во потпелистерско Трново се одржа 55-та семакедонска средба

Потпелистерското село Трново, односно дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ е местото каде се одржува Семакедонската средба, годинава по 55 пат.

Во потпелистерско Трново се одржа 55-та семакедонска средба

Традиционално ја организираат Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.

На големиот празник Илинден голем број наши сограѓани, гости од други градови во Македонија, Македонци од соседните земји, иселеници, денеска празнуваа со песна и оро, а беа испратени значајни пораки за нашата земја, за нејзината позиција и за предизвиците со кои се соочува.

По интонирањето на македонската химна пред присутните се обратија говорниците на годинашната средба.

Општина Битола, продолжува да биде поддржувач на оваа значајна манифестација, како обележје на Битола и нејзините бројни иселеници. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот на Битола Тони Коњановски рече дека културата, традицијата, меѓусебното почитување и зајакнувањето на нашите врски на соработка и разбирање не прават уште посилни исправени пред предизвиците на денешницата.

„Ви посакувам добредојде на сите Битолчани, на сите Македонци иселеници од Македонија, на Македонците од соседните земји и на Македонците од Европа и прекуокеанските земји, кои деновиве престојуваат во Битола, во Македонија и се дел од оваа Семакедонска средба. Битола во минатото ја испишала историјата на печалбарски крај и сите сакаме тоа да биде историја, да не ни се повторуваат миграциите, да бидеме тука сите свои на своето и заедно да го градиме подоброто утре за нас и за генерациите после нас. Оние кои заминуваат, верувам дека еден ден своите професионални искуства ќе ги споделуваат заедно со нас, во нивниот роден крај каде заедно ќе продолжиме да инвестираме во подобра иднина и подобри услови за напредок на младите генерации. Светското искуство, секогаш може да даде позитивна насока во идеите, иницијативите и проектите кои се реализираат за поубава Битола.Нема подобро од родниот крај, кој Ви подава рака за враќање назад во татковината, овде сите заедно да живееме, овде да растат новите генерации Македонци. Општина Битола ќе ги негува и унапредува културните врски со иселениците од Македонија. Нека ни е честит големиот празник „Илинден“ и за многу години“ рече градоначалникот Коњановски.

Свои обраќања имаа и г. Петар-митрополит преспанско-пелагониски, Иван Џо Петрески, претседател на Матицата на иселеници од Македонија, Александар Јаневски-претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“, Тодор Петров-претседател на Светскиот Македонски Конгрес и Драган Ковачки пратеник во Собранието и генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ.

Програмата продолжи со културно-уметничка програма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ешерихија коли откриена во морето кај Корчула

Во екот на туристичката сезона, на плажата Билин Жал во Лумбарда на хрватскиот остров Корчула е регистрирано краткотрајно фекално загадување на морската вода

Ешерихија коли откриена во морето кај Корчула

Во екот на туристичката сезона, на плажата Билин Жал во Лумбарда на хрватскиот остров Корчула е регистрирано краткотрајно фекално загадување на морската вода, поради зголемено присуство на бактеријата ешерихија коли, соопштија здравствените власти.

Според резултатите од шестото редовно испитување на квалитетот на водата, што го спроведе Институтот за јавно здравје на Дубровничко-неретванската жупанија, концентрацијата на бактеријата ја надминува дозволената гранична вредност.

Поради тоа, надлежните препорачуваат посетителите привремено да не се капат на оваа плажа сè додека квалитетот на морската вода повторно не биде оценет како безбеден.

Институтот најави дека ќе продолжи со дополнителни анализи и земање примероци сè до целосно исчезнување на загадувањето. За случајот се известени инспекциските служби и другите надлежни институции, кои ќе го следат развојот на состојбата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер