МакедонијаРепортажа на Канал 5 – што гледаат странските туристи во центарот на Скопје?Туризмот е една од најбрзорастечките индустрии во светот. Државите во соседството прават буквално милијарди евра годишно од туристите. Сите се трудат, вложуваат, обновуваат, учат…се со цел, нивните земји да бидат што попривлечни за поситителите, но и уредна за локалните жители. Огромни суми се вложуваат во главните градови. Тие се срцето на државата и лицето на нацијата. Да ја видиме тажната и поразителна слика од главниот град на Македонија – Скопје. Репортажа и уреднички коментар на Александар Видиновски. Што гледаат туристите кои сакат да се запознаат со нашиот главен град? Следиме една обична туристичка рута – од Транспортниот центар до центарот на Скопје. Што гледаат по пат и какви впечатоци ќе понесат? Каква перцепција имаат за нас по сето она што ќе го видат тула? Еве ја сликата… Сите оние кои со преку главниот транспортен центар ќе стигнат до Скопје ќе ги дочека овој призор. Исушена трева, неуреден паркинг, ѓубре, дамки, миризби, срамен хаос. Ова е првиот простор надвор од Централниот транспортен. Скопје има една од ретките железнички станици во Европа која практично е висечка, крената на огромна платформа. Архитектонски бисер на кој бевме горди. Сега изгледа вака. Сцените од внатрешноста се најблаго кажано бизарни. Се користи како јавен тоалет од бездомни и инвалидизирани лица, кој буквално молат за помош…. Состојбата е толку очајна и бедна, а надлежните незаинтересирани, што на граѓаните им останува само да се молат нешто да се промени… Продолжуваме по екстремно валканиот простор под железничката станица. По патот кон Центар од десна страна се забележува главната Пошта во Скопје. Ова е знакот за поштата, а вака изгледа влезот. Низ прозорците не може да се погледне, будејќи се целосно покриени со измет. Никој не ги чисти со години. Ова е панорамата од другата страна. На улицата заштитните столпчиња – искршени. Одиме понатаму. Ова е почетокот на единствено уредениот кеј – 13 Ноември во срцето на Скопје. Миризбата е неподнослива поради ѓубрето. Нереалното нешто уште скапува Вардар. Погледот надоле го пресретнува огромно количество смет. Низ ГТЦ одиме кон најцентралниот скопски парк спроти Собранието. Ова не е уметничка инсталација во Жена парк. Ова е распан систем за наводнување. Огромни количини вода неконтролирано се испуштаат. Секако фонтаната на спомен плочата за бегалците од Егејска Македонија не работи и е сува, додека на 3 метри од таму има водоскок. Во соседната фонтана – расположен човек го нашол решението до жештината. Странците со насмевки го фотографираат. Патеките во паркот изгледаат вака. Уништена е и урбаната опрема. Во спротива е Собранието. По погледите и што снимаат странските туристи, се добива впечаток е дека не можат да се изначудат зошто е се уништено. Столпчињата тука и не треба да ги коментираме. Навистина се ретко убави. Буквално ретко. Собранието се уште изгледа како да се наоѓа на бојно поле. Градската болница исто така. Фалат делови од фасадата. Некој решил дека треба да се демонтираат цели делови од истата за да се постават црева од клима уредите. Продолжуваме кон централни пазар. Тој се наоѓа на точно 100 метри воздушна линија од Собранието. Во сите градови овие места се секогаш најуредени. Тие се лицето на градот. Кај нас ова и сликата. Целосно неуреден простор. Ѓубре има на секаде. Некогаш градскиот ѕид беше нешто со што сите се гордеевме. Сега е во очајна состојба. Фасадите на зградите во најстрогиот центар на градот изгледаат постапокалиптично. Нема буквално ниту една зграда која е во добра состојба. Ѓубре има во енормни количини. Преку главната пешачка патека се упатуваме кон плоштадот. Руинираните жардињери тука се импровизирани канти за отпад. Местата за туристички автобуси секако се празни. Наместо нив непрописно паркирани автомобили. На улица Македонија го има и ова. Опасност за децата и минувачите. Колку е се валкано покажува и следниот кадар. Тазе означените пешачки премиени веќе се прекриени со нечистотијата која ја има насекаде. Стигнуваме на главниот плоштад. Огромните бандери се искривени. Сите се рѓосани, а дел се потпираат со камења. Тука е местото каде што е родена најпознатата скопјанка Мајка Тереза. Ова место да беше во некој друг град сигурно ќе беше уредено и редици туристи кои чекаа да се фотографираат. Кај нас е вака. Веднаш до спомен плочата се залепени големи уништени транформатори за струја. На дрвото кое го посади лично Мајка Тереза, среде лето стојат новогодишни светкави снегулки и сијалички. На клупите до нив, отпадоци. Осветлувањето на зградата од спротивната страна изгледа вака. Општ хаос кој почнуваме да го прифаќаме како нормално. Ова е новата подна фонтана во центарот на централни плоштад. Огромни дупки зјаат и убаво покажуваат како е да се живее во држава која се изгубила самата себе. Во дупките смет. Прскалките платени со наши пари украдени. Вегетацијата добро напредува на Камениот мост и околината. Фонтаните заглавени во ѓубре. Осветлувањето на симболот на Скопје целосно уништени и делува тажно. Општа негрижа. Најновиот мост каде што требаше да има панорамско тркало веќе се целосно уништен. Речиси сите плочки одлепени и паднати. Коритото на Вардат преполно со отпадоци. Мостовите вандализирани. Куќарките кои беа наменети за продавање на книги – обиени и ограбени. Преку мостот е зградата на Македонскиот народен театар. Место туристичка атракција изгледа ваква. Нема зборови кои можат да опишат колку е се распаднато и неуредно. За ова нема никакво оправдување. Ова е национален срам за Македонија и предавство без преседан. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕОТоварен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“. „Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами. 🚨 JUST IN: First video of the damage following a tarmac collision between a UPS 767 and Copa Airlines 737 at Miami International Several injuries reported on the Copa 737 But thank God this wasn’t more severe 🙏🏻 https://t.co/dAootpX9Hm — Nick Sortor (@nicksortor) November 15, 2026 Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот. Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.Тагови: авион Мајами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветЕксплозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута. ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец. Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар. Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив. 🚨🇮🇷 Another day, another oil tanker IN FLAMES in the Strait of Hormuz, with Iran's Revolutionary Guards releasing footage of the burning vessel. Tehran says the tanker was attempting to pass through the strategic waterway without authorization. Writer: Oliver https://t.co/wqbwoEpDXV — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 14, 2026 Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп повторно на нишан?Израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби.Израел им доставил на Соединетите Американски Држави разузнавачки информации за наводните планови на Техеран да го нападне американскиот претседател Доналд Трамп и високи функционери во неговата администрација со беспилотни летала, објави денес израелскиот весник Израел Хајомз. Според весникот, израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби. Друга западна разузнавачка служба наводно ги потврдила информациите. Службениците изјавија дека можноста за постигнување договор меѓу САД и Иран значително се намалила во последните денови и дека една од главните причини за ова се разузнавачките информации што Мосад ги доставил до американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Според овие наводи, еден можен метод на напад би биле беспилотни летала наполнети со експлозиви, против кои, според службениците, тешко е да се дејствува со користење на стандардни безбедносни мерки. Откако Мосад доставил разузнавачки информации, американските функционери кои се сметаат за потенцијални цели на нападот значително ги намалиле своите појавувања на јавни настани на отворено, додека неколкумина биле привремено преместени од своите домови за да обезбедат објекти, според Израел Хајом. Весникот, исто така, објавува дека се воведени посебни безбедносни мерки за време на јавните појавувања на претседателот Трамп. Иако некои настани беа организирани на отворено пред среднорочните избори за Конгресот, ваквите собири сега се значително намалени, според официјални лица. Се додава дека се воведени дополнителни безбедносни мерки за време на настаните на кои присуствуваше американскиот претседател, вклучително и специјални системи дизајнирани да ги неутрализираат заканите од беспилотни летала. Меѓу официјалните лица за кои се вели дека се под посебни мерки за заштита се секретарот за финансии Скот Бесант, кој одигра клучна улога во донесувањето одлуки за економски санкции против Иран, и државниот секретар Марко Рубио, кој, според весникот, се спротивставил на постигнувањето договор со Техеран. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00