Репортажа на Канал 5 од Мала Преспа: „Нѐ оставивте како сирачиња“

Македонците во Албанија се уште се во шок од пописот кој не го признаваат. Според податоците бројот на нашинците таму се намалува, за сметка на големиот број Бугари, кои никогаш до сега не фигурирале таму.

Која е причината за ова? Како се заплашуваа Македонците во Албанија и која е улогата на официјална Тирана во оваа од специјалната репортажа на Александар Видиновски и снимателот Тони Стојановски.

Во видеото погледнете ја целата репортажа.

Вера Ванг го прослави 75. роденден со нови модни креации

 Вера Ванг неодамна го прослави својот 75. роденден, co фотографии на „Инстаграм“, на коишто уште еднаш се пофали со својот младешки изглед, како и со нови модни креации.

Иако роденденот го прослави на 27 јуни, прославата се одржа викендов. Американската модна дизајнерка со кинеско потекло е препознатлива по тоа што им пркоси на годините, па за новата пригода, таа облече два елегантни вечерни фустани - по нејзина модна замисла. За нејзината младоликост вели дека клучни се спиењето и опуштениот дел од денот.

- Сум одела на уметничко лизгање и балет. Тоа некако останува со вас. Мора да бидам искрена - спиењето е клучно. Мислам дека јас не би била јас ако не можам да спијам. Тука е и „вотката“... Коктел од „вотка“ на крајот од денот ми помага да прејдам од многу интензивен работен распоред во нешто поинтимна атмосфера, рече таа во една прилика.

Кон крајот на минатата година таа позираше со ќерките Сесилија и Џозефин, а многумина ѝ поласкаа велејќи дека таа изгледа како да ѝ се сестри.

Бабите и дедовците во Шведска можат да добијат додаток за грижа за нивните внуци

 Во Шведска почна да се применува нов закон што им дозволува на бабите и дедовците да добиваат платено родителско отсуство додека се грижат за своите внуци до три месеци во текот на првата година на детето.

Шведскиот парламент го одобри минатиот декември владиниот предлог за трансфер на родителски додаток. Тоа се случува 50 години откако Шведска стана прва во светот која воведе платено родителско отсуство за татковците, а не само за мајките.

Според новиот закон, родителите можат да префрлат дел од додатокот за родителско отсуство на бабата и дедото на детето.

Родителска двојка може да префрли најмногу 45 дена на други, додека самохран родител може да пренесе 90 дена, објави Шведската агенција за социјално осигурување.

Родителскиот додаток во Шведска се исплаќа за 480 дена или околу 16 месеци по дете.

Таа такса се пресметува врз основа на целосен приход за 390 дена, додека за останатите 90 дена се добива фиксен износ од 17 долари на ден.

Има и други бенефиции за родителите во Шведска - тие исто така можат да работат со скратено работно време додека детето не наполни осум години, додека државните службеници можат да добијат скратено работно време додека детето не наполни 12 години.

Приватните автобуси до петок ќе возат само до 10 часот наутро

Од понеделник можно е воопшто да не сообраќаат.

Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз од утре до петок ќе взоат само до 10 часот наутро. Алармираат дека се наоѓаат во многу тешка финансиска состојба бидејќи Град Скопје со месеци не им исплаќа пари и доколку не ги добијат потребните финснии најавуваат дека е можно да ги паркираат автобусите.

притисни ентер