Реновирани хирушките сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија - Канал 5

Реновирани хирушките сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

 Комплетно се реновирани хирушките сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и набавена е најсовремена опрема. Тие не беа реновирани повеќе од 60 години.

Реновирани хирушките сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

На пуштањето во употреба на реконструираниот оддел за торакална хирургија присуствуваа премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби, министерот за здравство Венко Филипче, заменик – министерот за здравство Илир Хасани, министерот за надворешни работи Бујар Османи, директорите на Фондот за здравствено осигурување и на здравствени институции.

Премиерот Заев рече дека со отворањето на реконструираниот оддел за торакална хирургија продолжуваат со низата капитални инвестиции во насока на подобрување на здравствените услуги за сите граѓани. Тој им честиташе на сите кои вредно работеле на реновирањето и во екот на пандемијата со Ковид-19.

Во реконструкцијата на одделот, како што посочи премиерот, се вложени 60 милиони денари со што комплетно се реновирани хирушките сали, купена е најсовремена опрема за комплетна грижа и лекување на пациентите, бидејќи квалитетната здравствена услуга ни е на прво место.

– Со овој чекор кој е дел од капиталните инвестиции во јавно здравствените установи Владата ја потврдува својата цврста определба за градење одржлив и ефикасен здравствен систем кој ќе им биде силна потпора на граѓаните. Во изминатите четири години Министерството за здравство интензивно работеше на подобрување на условите во јавно здравствените установи со цел поквалитетна здрвствена услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници. Овој хирушки центар е столбот на здравствениот систем. Со заеднички сили реализиравме капитални инвестиции во реконструкции и инфраструктура во 32 здравствени установи ширум земјава, истакна Заев.

Потенцира дека со тој план биле опфатени Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар, клиниките за дигестивна хирургија, за хематологија, за пластична и реконструктивна хирургија, за неврохирургија, за ендокринологија, за психијатрија, за очни болести, гинекологија и акушерство, Заводот за слух, говор и глас, за детски болести, Институтот за трансфузиона медицина, Специјализираната болница за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок, Поликлиниката Железара, како и целиот комплекс на Интерни клиники во Клиничкиот центар.

– Реновирани се двете гинеколошки операциони сали во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза" во Чаир, во Здравствениот дом во Велес, Битола и Македонски Брод целосно се обновени службите за Итна медицина помош. Исто така, во поиклиниките Чаир и Ѓорче Петров комплетно се реновирани вакциналните пунктови. Годинава е во тек и втората фаза од реконструкцијата и адаптацијата на Општата болница во Кичево. Меѓу главните приоритети на буџетската политика 2021 година е поддршката на здравствениот сектор што значи заштита на здравјето и животите на граѓаните, додаде Заев.

Министерот Филипче рече дека му е драго кога на овој начин се одбележуваат вакви настани во рамки на целокупната нивна програма со заемен договор со директорите на јавно здравствените установи од чии буџети треба да се зајакне инфраструтурата во Клиничкиот центар, каде со години работат врвни експерти од одредени области.

– За време на кризата многу работи се средија, паркинг просторот, влезот се реши и проблемот со улицата „Водњанска". Ги нема повеќе тие колони возила кои чекаат да стигнат до клиниките. Во рамките на тој целокупен план денеска се промовираат новите сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, целосно реновирани на начин на кој ниту едни операциони сали тука во блокот, каде со години наназад се изведуваат најсложените оперативни интервенции не се реновирани повеќе од 60 години. Сега благодарение на овие целосно реновирани операциони сали нашите лекари и експерти од сферата на васкуларната и торакалната хирургија ќе можат да дадат здравствени услуги на пациентите какви што се даваат во најразвиените европски болнички центри. Тоа значи дека ѕидовите, подовите, протокот на воздухот се направени по сите европски стандарди, рече Филипче.

Опремата која се наоѓа во салите, потенцира министерот, нуди можност пациентите да добијат услуги од секаков вид и повеќе од сферата на торакалната и васкуларната хирургија и нема потреба тие да се праќаат на лекување во странство. Додаде дека тоа значи сериозно зајакнување на овој осетлив дел од здравствениот систем.

– Со пуштањето во употреба на реновираните хирушки сали го подигнуваме квалитетот на здравствени услуги на највисоко можно ниво во современата медицина посебно во хирургијата за што сме посебно горди заедно со колегите и персоналот на Клиниката, рече директорот на Клиниката, Неџати Јакупи.

Тој и се заблагодари на Владата за поддршката во буџетот и посака соработката да продолжи, како и инвестициите во јавното здравство посебно во терциерното здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 7. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 7. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 7. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Откако се ви стана јасно , повторно запаѓате во преодна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта.

Кариера

Или вие ќе бидете премногу попустливи кон надредените или тие така ќе се постават кон вас.

Здравје и совет

Неизбалансираност на крвната слика.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Она што можеби ве измачуваше, денеска ќе знаете да го искажете со многу чувства и искреност.

Кариера

Создадени се условите за една нова деловна соработка со соработници кои не се од истото место каде што работите.

Здравје и совет

Ќе бидете поспани.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашето семејстов како да ве окупира за себе , па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се.

Кариера

На дневен ред ќе се најде мала анализа за една заостаната работа . Се друго што се однесува на работата , се одвива во ред.

Здравје и совет

Контролирајте го количеството храна што го внесувате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Со саканата личност ќе се обидете да изведете нешто ново во сексот. И на двајцата ќе ви биде мило за тоа.

Кариера

Ќе се уверите сдека вложувачите се сосема подготвени за да ги прифатат вашите идеи. Внимавајте само во целиот процес да не бидете насилни.

Здравје и совет

Бидете тактични.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно е дека вашата сакана личност ќе бара многу внимание. Прифатете го тоа како реалност.Посветете и се.

Кариера

Сега конечно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се подготвени за дас е склучи договор.

Здравје и совет

Остварете се што ќе замислите .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе ги дефинирате своите љубовни очекувања.Ќе се обидете да бидете доследни и покрај искушенијата.

Кариера

Конечно ќе сфатите како да заработите повеќе пари , а се појавува и добра можност за тоа да го остварите.

Здравје и совет

Можна е преодна несоница.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска лесно ќе воспоставувате контакти , а и денот е добар за тоа. Ако сте сами , излезете на кафе.

Кариера

Ќе размислувате дали да смените еден метод во работењето или пак да го смените целиот процес. И тука ги ширите контактите.

Здравје и совет

Излезете меѓу луѓе.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Некои ќе го фаќаат последниот воз за да се додворувата на една личност која исклучително им е драга.

Кариера

По мало надмудрување со спонзорите , ќе успеете да постигнете каков- таков договор.

Здравје и совет

Некои работи веќе ја губат смислата.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Добро ќе ја разберетње саканата личност и сега се обидувате да играте според правилата што сте ги поставиле. Добро е.

Кариера

Работите си одат по својот тек и добро е. Денеска занимавајте се со мали поттици со кои ќе ја пофобрите работата.

Здравје и совет

Посилни сте од повеќето.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата врска добро функционира , а денеска ќе мора да изреагирате на една работа , што ќе ви одземе дел од времето што сте планирале да го минете со саканата личност.

Кариера

Состојбата е зрела за вашето напредување на работното место , па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин.

Здравје и совет

Мала главоболка или тага.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денешниот ден најверојатно многу ќе ве насочи кон домот и семејството. Нешто тука би можело да созрее.

Кариера

Ќе се чувствувате распнати меѓу две опции , а ниту една нема да ви изгледа добро. Поминете преку тоа и имајте трпение.

Здравје и совет

Наскоро се ќе биде појасно.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе имате силна фантазија , така што без проблем ќа ја надвладеете секоја празнина во личните односи.

Кариера

Ќе ви се јават соработници од странство со интересен предлог за кој ќе треба да размислите сериозно.

Здравје и совет

Она што го немате, ќе го измислите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)

Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.

Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)

Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата.

Тој поминал со полесни повреди

Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле.

И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите.

Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент.

Тркалото удрило и во два автомобила

Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида.

Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)

Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.

Апокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)

Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“.

Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето.

Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд.

Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи.

„Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд.

Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер