НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
1НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ЗдравјеРеновиран дел од Универзитетската клиника за психијатријаПремиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари, заедно со директорката на Клиниката за психијатрија Славица Арсова, денеска, свечено го отворија комплетно реновираниот дел од Универзитетската клиника за психијатрија. Како што посочи Таравари, ова е втора Универзитетска клиника која што ја промовира оваа Влада, со услови подостоинствени отколку на приватните клиники во државата. – За шест месец ова е втора Универзитетска клиника што ја промовираме со услови можеби подостоинствени за нашите пациенти, отколку на приватните клиники во државата. На Дигестивна хирургија бевме пред неколку месеци заедно, денеска сме на Клиниката за психијатрија. Условите се навистина многу добри и се надевам до крај на јануари ќе одиме заедно со вас новинарите да ги промовираме Ургентниот интернистички центар на токсикологија, којшто е при крај, и се надевам, Клиниката за урологија, која што ќе изгледа исто како Клиниката за дигестивна хирургија и Клиниката за психијатрија. Секогаш како Влада, па и како Министерството за здравство, пред сѐ и над сѐ, целта ни е достоинствени здравствени услуги за пациентите во јавните здравствени установи, рече Таравари. Директорката Арсова истакна дека со новите услови за работа на Клиниката целиот медицински персонал ќе може да обезбеди квалитетна здравствена услуга на сите пациенти, бидејќи, како што рече, без квалитетни услови не може да се очекува квалитетна здравствена заштита. – Доколку не обезбедиме квалитетни услови, безбедни услови, пријатни услови за работа на здравствениот персонал, тогаш не може да очекуваме и квалитетна здравствена заштита и превенција на менталното здравје, за кое цело време зборуваме. Менталното здравје се негува уште од самото раѓање, па до крајот на нашиот живот и не се сомневам дека целиот персонал, од доктори до сестри, техничари, болничари и административен персонал на нашата Клиника се спремни да го пружат тоа на највисоко можно ниво. Покрај клиничката дејност, нашата Клиника се бави и со едукативна дејност, ние имаме и таква задача и цел да едуцираме нови кадри, нови здравствени кадри и да ги подобруваме и прошируваме здравствените услуги, рече Арсова. Премиерот, пак, вели целта на Владата е да обезбеди пристојни услови за граѓаните, како и за медицинскиот персонал. Мицкоски му честиташе на министерот за здравство за потпишувањето на колективните договори, изразувајќи надеж дека мотивираноста кај здравствените работници ќе биде уште поголема. – Сето она кое што во минатото било запоставено и заборавено, целта на оваа Влада, на министерот, како и на директорите во здравството е да направат додадена вредност да направат повеќе за граѓаните да имаат пристојни услови, онакви какви што заслужуваат и лица мотивирани кои што ќе се грижат за нивното здравје. Работевме многу и во делот на потпишување на колективните договори, му честитам на министерот и на директорот на Фондот за здравство, како и на сите кои учестуваат во тој процес, министерката за финансии исто така, бидејќи се потпишува договор којшто никогаш порано не бил направен со Синдикатите и колективен договор. Ценам дека на тој начин мотивираноста кај здравствените работници ќе биде уште поголема, им честитам на сите вклучени што направи овој објект овде када изгледа овака репрезентативно, рече Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонесиНародната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката. Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа. Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРепубликанците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец. Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски. Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива. Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим БајрамиДенеска продолжува рочиштето за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали. Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра. Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра. На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.Тагови: Државна лотарија Артан Груби Основен кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57