Реновирале гаража и случајно откриле отвор во земјата- ги чекало изненадување (ВИДЕО) - Канал 5

Реновирале гаража и случајно откриле отвор во земјата- ги чекало изненадување (ВИДЕО)

Корисникот на Редит @sommelierbiz предизвика внимание на популарната платформа откако објави видео од неговата гаража.

Реновирале гаража и случајно откриле отвор во земјата- ги чекало изненадување (ВИДЕО)

Заедно со сопругата решил да ја преуреди гаражата не сфаќајќи дека под бетонскиот под се крие големо изненадување, пренесува Мирор.

Човекот објаснува дека поранешниот сопственик ја пренаменил гаражата во спална, а со прегледување на расположливата документација не нашол белешки за дополнителни градежни работи во надлежното одделение.

„Решивме да додадеме бања, а при поставувањето на цевките наидовме на дупка на бетонската плоча. Тоа ме заинтригира, па продолжив да дупчам“, објаснил тој.

Работите траеле неколку часа, а потоа видел скриено скалило! Тоа доведе до темна соба за која парот не знаел дека постои.

Откако се двоумел - и размислувал дали да повика полиција, мажот слегол во темнината, додека неговата сопруга го осветлила патот со светилка.

Колку што може да се види на видеото, мистериозната соба била празна, но ѕидовите се обоени, што укажува на тоа дека се користела за некоја цел.

Found hidden basement
byu/sommelierbiz inhiddenrooms

Многу корисници коментираа и шпекулираа за што е тоа, а еден напиша:

„Изгледа како подрум. Ознаките на ѕидовите веројатно потекнуваат од полиците. Собите како оваа беа популарни во домовите од 1950-тите. Се разбира, доколку условите тоа го дозволуваат“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. 

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Претставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. 

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ.

Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа.

Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката.

Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.

Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка.

Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување.

На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот.

Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа.

Во таа насока, беше истакнато дека присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава претставува потврда за развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и за потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство.

Соговорниците ја потврдија важноста на продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција во повеќе области, со посебен акцент на економијата, поврзувањето на граѓаните и развојот на туризмот.

Во делот на туризмот, беше нагласено дека постојат огромни потенцијали за поврзување меѓу двете земји, со цел поттикнување на туристичките посети и продлабочување на меѓусебните врски.

Средбата претставува можност за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во интерес на економскиот развој, новите инвестиции и унапредувањето на севкупните билатерални односи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер