Рено со благ раст на продажбата во 2024. - Канал 5

Рено со благ раст на продажбата во 2024.

Француската автомобилска групација Renault објави дека нејзината продажба во 2024 година се зголемила за 1,3 отсто, бидејќи силните резултати во четвртиот квартал ја надоместиле слабата побарувачка во претходните квартали.

Рено со благ раст на продажбата во 2024.

Продажбата на групацијата сепак нагло забави во споредба со 2023 година кога пораснаа за девет отсто, како одраз на влијанието на инфлацијата врз побарувачката и силната кинеска конкуренција.

Групацијата продаде 2,26 милиони возила минатата година, со поголем удел на хибридни и електрични модели, кои забележале раст од 6,1 отсто во четвртиот квартал.

Во Европа продале 1,599 милиони возила, 3,5 отсто повеќе отколку во 2023 година.

Електричните возила сочинуваа девет отсто од продажбата во Европа минатата година, а во четвртиот квартал нивниот удел се зголемил на 12 отсто. Продажбата на хибридни возила се зголемила за 45 отсто минатата година и сега претставува четвртина од продажбата на групацијата, велат тие.

Уделот на електричните возила во продажбата на брендот Renault во Европа бил 16 отсто во четвртиот квартал, изјави извршниот директор на Renault, Фабрис Камболив.

Компанијата забележува дека прелиминарните бројки за продажба во Европа покриваат подгрупа европски пазари, вклучувајќи ги Франција, Германија, Италија, Шпанија, Британија, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Романија, Словенија и Швајцарија.

Компанијата ќе ги објави своите конечни финансиски резултати за 2024 година на крајот на февруари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји

Шефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји.

СДСМ: Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји

Нема резултати – има театар со реконструкција. Ова не е реформа на владата туку козметичка промена на истата криминална структура.

Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти“, велат од опозициската СДСМ.

Според нив „внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека нешто се менува. Ова е тактиката на Мицкоски: кога економијата е во колапс, кога буџетот е празен, кога нема пари ни за пензии, кога европскиот пат е блокиран – тогаш се прави „реконструкција“ за да се одвлече вниманието велат од опозициската партија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со презентација на докази за државниот пазарен инспекторат

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со презентација на материјални докази од Обвинителството кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат.

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со презентација на докази за државниот пазарен инспекторат

Судењето за трагедијата во кочанската дискотека „се одвива во судницата во „Идризово“.

Обвинителството презентира материјални докази, вклучувајќи документи и снимки кои откриваат пропусти во безбедноста и контролите од институциите. “, во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвездено небо и „Некогаш и негде“ пред платото на „Борис Трајковски“ – последен поздрав за Владо Јаневски

Денеска на градските гробишта во Бутел ќе биде погребан македонскиот пејач и автор, Владо Јаневски.

Ѕвездено небо и „Некогаш и негде“ пред платото на „Борис Трајковски“ – последен поздрав за Владо Јаневски

Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Јаневски за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на градските гробишта во бутел во периодот од 10 до 11 часот.

Синоќа пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје граѓаните се собраа за да му оддадат последна почит на легендарниот македонски пејач, кој почина во неделата на 66-годишна возраст.

Со минута молк и со неговите најубави песни фановите се простија од својот омилен пејач.

Со вклучени светилки на телефоните стотиците присутни направија „ѕвездено небо“ додека заедно го пееја најголемиот хит на Јаневски, „некогаш и негде“.

Присуствува и повеќе негови колеги и пријатели, меѓу кои Силви и Влатко Плевнеш, Слаткар, Антониа Гиговска и Роберт, Спасеновски, Лара Иванова, Пајак, Валентино Скендеровски, Стево Чепишевски, Стефан Филиповски, Ѓорѓе Давид…

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер