Рено претстави кампер за љубители на природата и патувањата (ФОТО) - Канал 5

Рено претстави кампер за љубители на природата и патувањата (ФОТО)

Популарноста на таканаречениот „комбе“ животен стил незапирливо расте, а Renault е најновиот производител што се приклучува на овој сегмент.

Рено претстави кампер за љубители на природата и патувањата (ФОТО)

Француската компанија ќе го искористи Van Life Expo овој викенд за премиерно да го претстави новиот модел Trafic Escapade, дизајниран за љубителите на патувања и престој во природа. Станува збор за кампер кој нуди паметни решенија како што се заден кревет и компактен кујнски модул.

Практичност и удобност за викенд авантури

Новиот Trafic Escapade на Рено е дизајниран како едноставен и функционален кампер. Внатрешноста нуди ротирачки седишта во вториот ред и задна клупа што лесно се претвора во удобен кревет. Главната ѕвезда на овој модел, сепак, е компактниот кујнски модул сместен во задниот дел од возилото. Опремен е со шпорет на гас, простор за складирање и склоплив мијалник со туш, напојуван од резервоар за вода од пет литри. Практична склоплива маса е достапна и во побогати пакети опрема.

Модерна опрема и безбедност

Иако Renault сè уште не ги откри сите детали, потврдено е дека Trafic Escapade ќе биде достапен со пакетите опрема Evolution и Iconic. И двата пакети ќе вклучуваат камера за заден поглед, бројни системи за помош на возачот и 17-инчни алуминиумски тркала како стандард. На клиентите ќе им бидат достапни и безжичен полнач за паметни телефони, автоматски клима уред и 8-инчен мултимедијален систем Easy Link.

Во понуда се два дизел мотори

Под хаубата ќе се најдат два докажани 2,0-литарски Blue dCi дизел единици. Основната верзија развива 148 КС (110 kW) и 350 Nm вртежен момент, а ќе биде достапна со деветстепен мануелен или автоматски менувач. За оние кои бараат поголема моќност, постои и помоќна верзија со 168 КС (125 kW) и 380 Nm вртежен момент, која доаѓа исклучиво со автоматски менувач.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Околу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“.

Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто.

Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапред

Со најновата промотивна понуда, Стопанска банка им овозможува на граѓаните да ги орочат своите средства, со атрактивни фиксни каматни стапки и исплата на каматата однапред, уште на самиот почетокот, во моментот (или на датумот) на орочувањето.

Стопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапред

Станува збор за промотивен производ кој не е во редовната понуда на депозити во Банката. Рокот на орочување на депозитите од оваа понуда е 25 месеци, со атрактивна годишна каматна стапка од 3,7 отсто за депозити во денари и 2,8 отсто за депозити во евра, која останува непроменета во текот на целиот период на штедење.

Една од главните предности е што клиентите ја добиваат пресметаната камата однапред, веднаш при орочувањето на средствата, на сметка по нивен избор.

Минималниот износ што може да се орочи е 300.000 денари или 5.000 евра, а понудата е достапна за резиденти и нерезиденти. Клиентите во секое време можат да имаат увид во состојбата на својот депозит преку дигиталните сервиси.

Специјална промотивна понуда важи за депозити орочени до 31 декември 2026 година.

Со оваа промотивна понуда, Стопанска банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање атрактивни депозитни производи, приспособени на потребите и интересите на своите клиенти. Преку поволни и фиксни каматни стапки, како и можноста за исплата на каматата однапред, Банката им овозможува на клиентите сигурност и предвидливост во планирањето на нивните средства, како и непосредна придобивка од нивното штедење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

Фејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер