Рено покажува брзина на предсезонските тестови во Формула 1 - Канал 5

Рено покажува брзина на предсезонските тестови во Формула 1

Пилотот на Рено, Нико Хулкенберг беше најбрз во првиот дел од четвртиот тест ден од предсезонските подготовки во Формула 1 за 2018 година.

Рено покажува брзина на предсезонските тестови во Формула 1
Германецот забележа најдобра обиколка со 1.22.507 минути, и беше за 0.282 секунди побрз од Валтери Ботас од тимот на шампионите Мерцедес.

Маркус Ериксон за тимот на Заубер беше трет со најмногу направени обиколки од сите на патеката „Каталонија“ - 69. Пјер Гасли од Торо Росо е четврти, а првите пет ги додаде младата ѕвезда на Ред Бул, Макс Верстапен кој, како и вчера, не се задржа долго на патеката и направи само 18 круга.

Белгиската надеж на Мекларен, Стофел Вандоорн работеше на различна програма и најбрзата обиколка беше доволна за шестото место.

Ѕвездата на Ферари, Себастијан Фетел исто не направи брза обиколка, иако забележа 37 круга. Неговото заостанување беше речиси десет секунди од лидерот./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Дваесет и пет години можат да се раскажат низ датуми, бројки и настани. Но вистинската приказна на СОС Детско село се раскажува низ животите што се промениле, децата кои добиле сигурност тогаш кога им била најпотребна, семејствата кои добиле поддршка да останат заедно и младите луѓе кои денес самостојно ја градат својата иднина.

Во изминатите 25 години, СОС Детско село промени повеќе од 6.090 животи.

Зад таа бројка не стои само статистика, туку илјадници лични приказни, различни почетоци, предизвици, успеси и нови можности.

„Домот не е само куќа ниту покрив над главата, туку место во кое ги учиме лекциите за блискост, припадност и доверба. За многу деца и млади, токму ваков дом беше, е и ќе биде СОС Детско село“, - порача претседателката Сиљановска- Давкова, честитајќи го јубилејот и нагласувајќи дека вложувањето во децата е вложување во нивната, но и во нашата заедничка иднина.

Денес СОС Детско село работи на превенција и зајакнување на семејствата, советување и поддршка на родители и деца, поддршка и развој на згрижувачките семејства, како и подготовка и поддршка на младите на патот кон самостоен живот. Во основата на сите овие услуги е една иста цел секое дете да расте во сигурна и поддржувачка средина и да добие вистинска можност да го развие својот потенцијал.

„Кога велиме дека низ овие 25 години сме поддржале повеќе од 6.090 животи, зборуваме за илјадници надежи, предизвици, успеси и нови почетоци. Зад секоја од тие бројки има нечие име, нечие детство, нечија борба и нечија шанса животот да тргне во поинаква насока. Тоа е вистинското значење на овие 25 години и тоа е нашиот најголем успех“, истакна Јулијана Накова Гапо, национална директорка на СОС Детско село.

Јубилејот беше и благодарност до сите оние кои низ годините ја граделе и поддржувале мисијата на СОС Детско село, згрижувачите и стручните тимови, институциите, компаниите, донаторите, партнерите, здруженијата, медиумите и пријателите на организацијата.

Јубилејната вечер ги стави во фокус и луѓето зад мисијата. Преку лични приказни, музика и сценски изведби, програмата покажа што значи поддршката кога ќе стигне во вистинскиот момент.

По 25 години, СОС Детско село со гордост гледа на изминатиот пат, но уште повеќе гледа напред, кон општество во кое секое дете ќе има сигурност, љубов, поддршка, чувство дека припаѓа и вистинска можност да верува во себе.

Затоа што понекогаш е доволен еден човек да направи разлика.

А кога цела заедница ќе одлучи да биде тука - МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Јапонските власти извршија претреси во просториите на најголемите производители на пиво во земјата поради сомневања дека заеднички делувале на зголемување на цените на производите.

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени и просториите на пиварниците Сапоро и Сантори Спиритс. Двете компании се замолени за коментар.

Акциите на Асахи, Кирин и Сапоро паднаа по објавувањето на истрагата. Сепак, Сантори не е јавно тргувана компанија, па затоа нејзините акции не се котирани на берзата. Според Јапан Тајмс, истрагата се фокусира на зголемувањето на цените спроведено од компаниите во април минатата година и октомври 2022 година.

Сите четири компании објавија зголемување на цените, наведувајќи ги зголемените трошоци за суровини и други фактори како што се трошоците за енергија и транспорт.

Реакции од Кирин Холдингс и Асахи

Кирин Холдингс изјави дека нејзината подружница, Пиварницата Кирин, била претресена „поради сомнение за кршење на Законот за забрана на приватна монополизација и одржување на фер трговија“. Компанијата изјави дека го сфаќа прашањето многу сериозно и целосно ќе соработува со Јапонската комисија за фер трговија, исполнувајќи ги сите барања за соработка. Кирин Холдингс порача: „Влијанието на ова прашање врз финансиските резултати на компанијата сè уште не е утврдено. Компанијата ќе открие какви било значајни информации во врска со понатамошниот развој без одлагање“.

Пиварниците Асахи соопшти: „Ние сме под истрага од страна на Јапонската комисија за фер трговија поради сомнение за кршење на Законот за забрана на приватна монополизација и одржување на фер трговија. Целосно ќе соработуваме со Комисијата“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Казнет е возачот, кој од автомобил накитен со албански знамиња глумеше полицаец среде Скопје (ВИДЕО)

Санкциониран возачот кој со возило го попречуваше сообраќајот во центарот на Скопје, соопшти МВР.  

Казнет е возачот, кој од автомобил накитен со албански знамиња глумеше полицаец среде Скопје (ВИДЕО)

Во врска со видеото споделено во дел од социјалните медиуми на кое се гледа како едно патничко возило на 05.10.2026 го попречува движењето на други возила во централното градско подрачје во Скопје на крстосница од ул.11-ти октомври, ул.Даме Груев и ул.Филип Втори Македонски,

денеска (07.10.2026) во СВР Скопје е повикан Н.В. сопственик на патничко возило "голф" со скопски регистарски ознаки.

Од страна на СВР Скопје кон Н.В. преземени се мерки по член 3 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер