Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт
1Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
АвтомобилизамРено до 2031 година планира нови седум електрични модели Откривајќи ги плановите на темата за транзиција кон гамата на електрични автомобили, францускиот производител Renault до 2031 година ќе лансира седум нови електрични модели.Сите ќе се произведуваат во новата дивизија Ampera, а Renault има големи очекувања за електрифицираните верзии на легендарните Four и Five, и конечно прифатливата Twingо EV – најавено за 2026 година. Пред неколку недели Renault официјално го објави формирањето на новата европска дивизија, Ampere, која ќе ги произведува идните електрични модели на француската марка. Сега производителот од Булоњ-Биланкур ги откри новите планови за електрификација на својата палета. Имено, новиот план се состои од лансирање на седум електрични модели до 2031 година. Од нив, два модели ќе бидат од новата генерација. Сите нови модели ќе ги произведува нова дивизија - Ampere, а ќе се базираат на две наменски платформи, дизајнирани од темел. Тоа се архитектури AmpR Small (CMF-BEV) и AmpR Medium (CMF-EV). Во исто време, Renault вели дека нивните идни електрични модели ќе бидат дистрибуирани во сегментите A, B и C. Французите очекуваат сегментот на субкомпактен и компакт да претставува 75% од пазарот на електрични возила до 2030 година. Првиот електричен модел во оваа нова гама веќе е лансиран во 2022 година. Тоа е Renault Megane E-Tech. По него ќе биде лансиран новиот Scenic E-Tech кој ќе дебитира на пазарот во 2024 година. Исто така, по овие два модели, во 2024 година ќе пристигне новиот електричен Renault 5 EV, потоа Renault 4 EV од 2025 година и Renault Twingo EV во 2026 година. Дополнителни два нови електрични модели ќе бидат лансирани во 2027 и 2028 година како замена за Megane E-Tech и Scenic E-Tech. Покрај новите модели на Renault, Ampere ќе произведе два електрични модели за Alpine, потоа новата генерација на Nissan Micra, како и електричен SUV за Mitsubishi. Овде е важно да се напомене дека Ampere ќе ги поддржи и плановите за електрификација на Dacia со помош на нови софтверски системи. Повеќето од споменатите модели ќе се произведуваат во Франција, во фабриките во Дуаи и Mобеж. Куќиштата за батерии и сродните компоненти ќе се произведуваат во Руиз, додека електричните погони ќе се склопуваат во Клеон. Рено наведува дека производствениот капацитет во овие фабрики ќе се зголеми од 400.000 на 620.000 возила годишно до 2028 година. Така, Renault сака да продаде 300.000 електрични автомобили до 2025 година и милион такви автомобили до 2031 година. Со поделбата на Ampere, Renault планира да ги намали трошоците за производство за 40% до 2028 година. Трошоците за производство на батерии ќе бидат пониски за 50%, додека трошоците за електричните мотори ќе се намалат за 25%. Ќе се намали и цената на платформите. Трошоците за производство на каросеријата ќе бидат помали за 15 отсто, а трошоците за логистика за дури 50 отсто. На овој начин, Renault сака да постигне паритет меѓу електричните модели и оние со класични мотори до крајот на 2028 година. Проектираните приходи се предвидува да се зголемат од 2,8 милијарди евра во 2023 година на 10 милијарди евра во 2025 година и дополнително да надминат 25 милијарди евра до 2031 година..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаСиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС. Congratulations on the outcome of today’s elections in Serbia! The Serbian citizens have demonstrated democratic maturity through a peaceful transfer of political power — Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) October 25, 2026 Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во СрбијаПретседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите. „Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа! Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен. Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка. На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. “ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСтудентите ја прославија победата во центарот на БелградВеднаш по прогласувањето на победата, во центарот на Белград почна славењето, кое траење до доцна во ноќта. Таму беше и екипата на Канал 5 – новинарот Михаило Донев и снимателот Зоран Блажевски.Каква беше синоќа атмосферата на улиците во главниот град на Србија и како е утринава се разотиде ли народот од улиците? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook