Рено 4 се врати, но само на електричен погон (ФОТО) - Канал 5

Рено 4 се врати, но само на електричен погон (ФОТО)

Легендарната четворка се врати, но во форма на трендовски кросовер со електричен погон.

Рено 4 се врати, но само на електричен погон (ФОТО)

По повеќе од 8,1 милиони продадени единици и повеќе од три децении пауза, Renault го враќа легендарниот модел на сцената. Како и во случајот со малку порано лансираниот Renault 5, така и овој модел се карактеризира со висока модна свест, но и електричен погон.

Сосема е јасно дека овој модел не е таму за да ги руши рекордите на продажба. Заснован е на концептот 4ever Trophy, но со дури 68 проценти од деловите земени од R5. Тој е за добар чекор подолг од споменатиот (600 mm) и има 4140 mm, а бележи и плус по ширина и висина.

Во детали, овој автомобил навистина наликува на оригиналниот модел, но првенствено е кросовер со многу шминка и украсен со LED диоди, поголеми бандажи и многу пластика.

Зголемувањето на димензиите значи и значително подобра понуда на простор. Поголем е и багажникот со 420 литри во основната конфигурација, но и без најпрепознатливиот детал од оригиналот - менувачот Шераизл. Контролната табла ги позајмува 10,1-инчниот дигитален таблет со инструменти и стандардниот 10-инчен екран на допир од Renault 5 E-Tech, кој работи на инфозабавната мрежа на Google OpenR Link.

Други интересни внатрешни карактеристики вклучуваат менувач поставен на воланот, кој има облик на кармин. Многу попривлечни се темно сините навлаки направени од рециклиран материјал инспириран од фармерки.

Постојат бројни можности за индивидуализација, а кога ги броиме посебните бои на хаубата и покривот, станува збор за дури 670 од нив, но во сите случаи погонот е ист: напред со електричен мотор. Послабиот произведува 122 КС, а во комбинација со основната батерија од 40 kWh нуди автономија од 300 km. Ако изберете помоќен мотор од 150 КС, станува збор за батерија од 52 kWh и автономија од 402 km. Моќноста на полнење е 80 kW за помалата и 100 kW за поголемата батерија.

Помоќна опција значи 8,5 секунди за спринт до 100 km/h, максимални 150 km/h и носивост од 750 kg. Повеќе од солидни.

Неофицијалните информации говорат за почетна цена од 25.000 евра. Наместо за цената на моделот кој ќе излезе на пазарот следната година, ќе го споменеме и концептот FL4WER POWER инспириран од моделот R4 Safari.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психолог

Не секоја болка се гледа и не секоја борба се препознава – често позади насмевката се кријат страв, очај и тага за кои многумина молчат и не знаат како да побараат помош.

Светски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психолог

Психолозите предупредуваат, и покрај поголемата отвореност за овие теми, тие и натаму остануваат во сенката на стигмата и стравот од осуда. Наместо по разговор со стручно лице, и натаму се полесно се посегнува по дијазепами и антидепресиви за привремено стишување на состојбите, наспроти трајно решение на проблемот.

-Луѓето обично не зборуваат за тоа, си живеат дома, затворени меѓу четири ѕида со својата депресија, со анксиозноста, со паничните напади, недоволно бараат помош, така да би требало многу, многу повеќе да зборуваме, да се трудиме и да им овозможиме да стане достапна таа психолошка помош,- - Мирјана Јовановска – Психолог .

Проблемите со менталното здравје не ги заобиколуваат ниту младите, напротив се често некој од нив е осамен, тагува, поминува низ булинг или се бори со анксиозност – посочува психологот Розалија Секуловска, која вели, состојбите треба да се препознаат, а не да се игнорираат, и дека е во ред да се зборува за нив и да се побара помош.

-Најчесто, проблемите кои што се типични, карактеристични за таа возраст се анксиозноста, значи чувството на страв од страв дека нешто лошо ќе им се случи здравствено, тагата која што може да премине во депресија, нарушени односи со врсниците, со родителите, со социјалната средина. Последици од семејните проблеми, во зависност од какво семејство доаѓаат, самокритичност, ниска самодоверба. Социјалните мрежи го прават другиот проблем, колку што се добри, толку има и недостатоци, изолација, намалување на речникот, намалување на речникот, на живата социјализација. Осаменост, повлекување во себе, исклучување и булингот, дали е кај помладите и во средно училишта,- Розалија Секулоска – Психолог.

„Да не ти го земе Господ паметот“, „Срамота е да се побара стручна помош“ и многу други предрасуди и натаму се присутни во општеството, велат граѓаните,. Сепак забележуваат дека повеќе се говори за менталното здравје и сметаат дека грижата за истото, во денешно време, е исклучително важно.

„Би сакала моите блиски да разберат дека не сум ок“, „Да ме сфатат другите“, „да се отворам, да си ја олеснам душата“ се само дел од анонимните пораки од пациентите на универзитетската клиника за психијатрија по повод светскиот ден на менталното здравје. Од таму порачаа, во време кога депресијата, анксиозноста и останатите ментални потешкотии се во пораст, треба да се разбие стигмата и да се испрати порака дека барањето помош не е слабост, туку напротив.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неофицијални детали за случајот со тепаните момчиња

МВР детално ќе го расчисти случајот во кој две момчиња биле претепани од полициски службеници на почетокот на неделата.

Неофицијални детали за случајот со тепаните момчиња

Како што пишуваат дел од порталите повикувајќи се на полициски извори, случајот немал меѓуетничка компонента имајќи предвид дека и полицискиот службеник кој постапувал но и момчињата кои пријавиле насилство биле етнички Албанци.

Според истите информации, истрагата досега покажала дека полицаецот, кој наводно бил вработен во Крим полиција најверојатно ги пречекорил своите полициски овластувања, па според се уште неофицијалните информации, се очекува МВР против него да изрече соодветни санкции.

Случајот го отвори партијата дуи која во писмено соопштение побара одговорност. МВР и официјално потврди дека внатрешната контрола работи на овој случај и дека по завршувањето на истрагата ќе има соодветна постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски најава дека скопското кале по децении запуштеност ќе биде конечно уредено

Ќе добие ли скопското Кале лик каков што заслужува како една од најпознатите туристички дестинации во главниот град? 

Мицкоски најава дека скопското кале по децении запуштеност ќе биде конечно уредено

За следната година се очекува и официјално да се отворат вратите на двата музеи кои сега се во завршна градежна фаза- Музејот на праисторија и Музејот на османлиското наследство. Надлежните уверуваат дека се тече според планот и овие музејски поставки ќе бидат дел од понудата на градот од иницијативата Скопје- Европска престолнина на културата.

„ Археолошки музеј ќе стопанисува со двата објекта, ќе го решат ентериерниот дел и предметите за коишто споменав дека буквално беа оставени во субстандардни услови. Ќе бидат изложени да можат да ја раскажат приказната што со години се случувало на археолошкиот локалитет Кале. “-Весела Честоева – директорка на Управа за заштита на културно наследство.

„ Со одлука на Влада, Националниот археолошки музеј ги доби предметите коишто се прибавени при археолошките истражувања на скопската тврдина Кале и моментално работи на она што значи концепт и што ќе биде презентирано во Музејот на османслиското наследство и Музејот на праисторијата. “-Магдалена Манаскова – директорка на Археолошки музеј.

Според најавите, калето во иднина ќе се средува и од хортикултурен аспект, за достоинствено да се прикажат знаменитостите на Скопје пред домашните и странските туристи кои доаѓаат и во организирани тури. Оваа тврдина е од средниот век, а истражувањата покажале дека остатоците укажуваат на населување и обновување во различни периоди уште од праисторијата. Во минатото имала стратешка одбранбена улога, а денес претставува културно наследство на главниот град.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер