Лефков: Дали Филипче и талогот на СДС ширејќи паника за центрите за податоци се против сајбер безбедноста?
1Лефков: Дали Филипче и талогот на СДС ширејќи паника за центрите за податоци се против сајбер безбедноста?
3Штерјова : Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски
ЕвропаРение: Кубилиус не предлага „Европски воени сили“, туку само поттикнува на размислувањеЕврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус не предлага никакво создавање на „Европски воени сили“, туку само поканува на дискусија за размислување, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за одбрана Тома Рение.- Еврокомесарот Кубилиус поканува на дискусија за размислување за тоа што Комисијата идентификуваше критични празнини во капацитетите во Европската Унија и во одбранбениот сектор, како и за тоа дали можеме да имаме поголема координација на ниво на ЕУ, рече Рение. Ставот на Рение беше одговор на новинарско прашање за изјавата на Кубилиус дадена на обраќање на Безбедносна конференција во Шведска дека Европската Унија можеби ќе треба да создаде комбинирани воени сили од околу 100.000 војници, кои би да ги замениле американските трупи во Европа. Според Кубилиус, во услови кога се соочува во руската агресија врз Украина и заканите на САД кон Гренланд, ЕУ мора да направи нова „голема експлозија“ („Биг Бенг“) за повторно обмислување на заедничката одбрана на Европа, која би се базирала на три столба – повеќе инвестиции во производствените одбранбени капацитети, подготвени и поорганизирани институции и постоење политичка волја за одвраќање и доколку е потребно и за борба. - Треба да почнеме да ги инвестираме нашите пари на таков начин што ќе можеме да се бориме како Европа, а не како збир од 27 национални „бонсаи армии“, рече Кубилиус.Тагови: Рение Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаЛефков: Дали Филипче и талогот на СДС ширејќи паника за центрите за податоци се против сајбер безбедноста? Неколку дена сведочиме на паниката што СДС и Венко Филипче ја шират дури и за оваа идеја за изградба на дата центи или центри за податоци.Прво, Филипче и неговото актуелно раководство во СДС треба да направат разлика помеѓу приватни дата центри и државен национален дата центар. Второ, Филипче е последен кој може да се грижи за интересите на граѓаните и нивниот квалитет на живот. Државата има обврска од Реформската агенда или патот до ЕУ за изградба на национален дата центар. И како што информиравме Македонија има дата центар во Прилеп кој е секундарен, она што и треба е примарен каде што на едно место ќе се чуваат сите податоци од државните институции. Значи цел на овој дата центар е безбедност на личните податоци на граѓаните како и безбедност на податоците од државните институции. Дали Филипче и СДС кои шират паника се против безбедност на лични и државни податоци? Дали СДС знае дека тоа е клучно за безбедност и стабилност на државата? Дали СДС знае дека безбедни лични информации на граѓаните е од голема важност за остварување на нивните права по различни основици како здравствени, социјални и слично? Сајбер безбедноста или заштита од напади на системот на податоци е одлика на секоја современа држава. И вообичаено додека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секој еден граѓанин и за државата, СДС бара начини за остварување на интереси на поединци. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски на средба со Раул Медина директор на ЕВРОКОНТРОЛСоработката со ЕВРОКОНТРОЛ е одлична, работиме на унапредување на ефикасноста и квалитетот на воздушниот сообраќај во Македонија.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Раул Медина, генералниот директор на ЕВРОКОНТРОЛ. Присутни на средбата беа и Драги Стојаноски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство и Владимир Ристески, директор во М-НАВ. На средбата беше разгледа досегашната соработка со ЕВРОКОНТРОЛ и можностите за нејзино унапредување, со посебен фокус на зајакнување на капацитетите на воздухопловните власти во Македонија. Заменик претседателот на Владата, Николоски, истакна дека државата во континуитет работи на развој на техничките и оперативни капацитети на Агенцијата за цивилно воздухопловство, како и на Македонската Навигација, при тоа се работи на План за унапредување и зајакнување на човечките ресурси, со цел системот да одговори на зголемените потреби и очекуваниот понатамошен раст на сообраќајот. Токму во таа насока политиките и мерките што ги презема Владата се насочени кон унапредување на оперативноста и капацитетите на воздухопловните власти, како и кон создавање услови за понатамошен одржлив развој на цивилниот воздушен сообраќај. На средбата беше потенцирано и дека Македонија бележи силен развој на авиосообраќај и по број на операции и по број на патници, што претставува значаен придонес за подобрување на поврзаноста на земјата, влез на нови авиокомпании и отворање нови можности за граѓаните и економијата. Вицепремиерот Николоски информираше и дека со новиот радарски систем кој е веќе инсталиран се очекува дополнително да се зајакнат техничките капацитети за управување со воздушниот сообраќај. На средбата беше потврдена важноста од продолжување на соработката со ЕУРОКОНТРОЛ насочена кон националните приоритети на државата која до сега се реализира преку Програмата за поддршка на државите, а во насока на унапредување на безбедноста, ефикасноста и квалитетот на воздушниот сообраќај. Посетата на директорот на ЕВРОКОНТРОЛ во Македонија е дел од состанокот на воздухопловните власти на земјите од регионот во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаШтерјова : Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце ГеоргиевскиДевет месеци по преземањето на функцијата, градоначалникот на Скопје, Орце Георгиевски, сè уште нема обезбедено функционален и редовен јавен превоз за скопјани, обвини советничката на СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова.„Градоначалник, во предизборната кампања ветувавте квалитетен и целосно функционален јавен градски превоз, вклучително и обезбедување доволен број исправни автобуси и навремено движење согласно возниот ред. Во едно интервју рековте дека првиот чекор ќе ви биде темелна ревизија на работењето на ЈСП од страна на експерти. Јас до сега не сум видела резултати од таа ревизија“, рече Штерјова. Таа нагласи дека реалноста во ЈСП и натаму е далеку од ветувањата, а претпријатието продолжува да се соочува со сериозни финансиски и оперативни проблеми. „И по девет месеци сликата со јавниот превоз е речиси иста како претходно. Бројот на автобуси е далеку од потребниот, а ЈСП е сè уште задолжено. Расипани автобуси, нередовен превоз, незадоволни патници кои се возат без клима на плус 40 степени. Градоначалник, состојбата во ЈСП е катастрофална и покрај субвенциите кои Град Скопје до сега ги даде на претпријатието“, истакна советничката од СДСМ. Штерјова, обвини дека додека скопјани чекаат на нови автобуси и неизвесно е дали најавениот тендер ќе биде успешно реализиран, градоначалникот се занимава со промоција на наводни заштеди. „Сè уште сме во исчекување дали тендерот ќе успее, дали ќе се испорачаат автобусите. И додека ги чекаме новите автобуси, проработи вашиот ПР и се пофаливте дека сте заштедиле половина милион евра за гориво за изминатите шест месеци и тоа со повеќе од 50 автобуси во сообраќај. Прашувам, каде се тие автобуси и дали се невидливи само за нас? На Скопјани не им треба градоначалник кој ќе се фали со помали трошоци, им треба градоначалник кој ќе обезбеди функционален градски превоз. Затоа, помалку фалење со бројки, а повеќе автобуси, ред и одговорност“, порача Штерјова. Советничката од СДСМ посочи и на вчерашниот инцидент со запалениот двокатен автобус на Водно, предупредувајќи дека безбедноста на патниците мора да биде приоритет и дека мора да се утврди одговорност. „Секако да не ни се случи вчерашната хаварија и глетката за запален автобус на Водно. Очигледно, овој двокатен автобус е ист како сите други – темпирана бомба и опасност од многу поголема трагедија. Дали одговорност конечно ќе има, за да не се случи трагедија? Среќа беше вчера што возачот реагираше навреме и спречи катастрофа“, рече ШтерјоваТагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook