СветРение: Инцидентите со дроновите потврдуваат дека Европа е во опасност - Она што е јасно, како што рече и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е дека ова е хибридна војна, изјави Рение. Затворањето на аеродромите во Белгија и неодамнешните упади на дронови во Шведска потврдуваат дека Европа е во опасност, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за одбрана Тома Рение во одговор на прашање за коментар на ЕК на најновите инциденти со неидентификувани беспилотни летала во Белгија. - Она што е јасно, како што рече и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е дека ова е хибридна војна, изјави Рение, додавајќи дека ЕК им изразува целосна поддршка на Белгија, Шведска и со сите останати земји членки на ЕУ кои се соочуваат со вакви инциденти. Токму затоа, според него, и во Патоказот за одбранбена подготвеност што неодамна го презентираше Европската комисија, големо внимание се посветува на одбраната од дронови и се предвидува создавање на т.н. „Ѕид од дронови“ како заеднички европски одговор за заштита на сите земји членки. - Следните чекори во Патоказот се сосема јасни. Во првиот квартал од следната година ќе започнеме да го градиме (Ѕидот) со нашите земји членки и до четвртиот квартал од 2026 година се надеваме дека тој ќе биде оперативен, додаде Рение. Во однос на некои сугестии дека зад овие инциденти стои Русија, Рение рече дека откривањето на тоа од каде доаѓаат дроновите е целосно во надлежност на земјите членки и Европската комисија не навлегува во тоа.Тагови: Рение Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Остварив тет-а-тет средба со премиерот на Србија, проф. д-р Ѓуро МацутОстварив тет-а-тет средба со премиерот на Република Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут.Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави. Ја потврдивме заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаЈанчев: Градскиот базен е гордост на Кавадарци и место каде се создаваат најубавите летни споменЛето, сонце, вода и многу детски насмевки, токму така изгледаат деновите на Градскиот базен во Кавадарци.Градскиот базен секојдневно е исполнет со детска смеа, спортски дух и прекрасна енергија. Во овие топли летни денови, базенот е вистинско место за разладување, рекреација и уживање за сите генерации. Посебна радост носат најмладите, кои преку Школата за пливање ги прават своите први пливачки чекори, стекнуваат нови вештини, самодоверба и љубов кон спортот. Секој ден е исполнет со активност, дружење и насмевки што ја покажуваат вистинската вредност на овој современ спортско-рекреативен простор. Инвестицијата во овој базен е инвестиција во здравјето, спортот и иднината на нашите деца. Денес, овој модерен објект е гордост на Кавадарци и место каде се создаваат најубавите летни спомени, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРусија ја продолжи забраната за извоз на гориво Русија ја продолжи забраната за извоз на дизел за производителите до крајот на август, што укажува дека нејзин приоритет е снабдување на домашниот пазар до крајот на сезоната на жетва.На крајот на јануари, владата им забрани на трговците да извезуваат дизел, а пред две недели ја продолжи забраната за производителите до крајот на јули, нагласувајќи дека нејзин приоритет е снабдување на домашниот пазар во време на жетва, со намалени капацитети за преработка поради украинските напади. Вчера тие ја продолжија забраната за извоз за производителите до крајот на август. Испораките на морски горива и гасно масло се забранети, исто така до крајот на летото. Забраната за извоз на бензин ќе важи до крајот на јануари следната година. Вчера владата објави и посебна регулатива за дополнителни количини гориво за земјоделците. Специјални договори за земјоделците „За таа цел, одобрена е привремена постапка, која ќе биде во сила до 1 ноември, за договори меѓу Министерството за енергетика, Министерството за земјоделство, регионалните власти и нафтените компании за снабдување со бензин и дизел гориво на земјоделските производители“, објави владата. Овие договори ќе обезбедат редовно снабдување со гориво за земјоделските компании, што е особено важно за време на сезонската работа во земјоделството, додадоа тие. Руската влада, пак, објави посебен декрет. Бензинот и дизел горивото ќе продолжат да се снабдуваат како дел од меѓународната хуманитарна помош за странски земји врз основа на одлуките на руската влада, се вели во соопштението. Извозот е дозволен според меѓувладини договори Новиот декрет, исто така, им овозможува на производителите да ги извезуваат овие нафтени производи според меѓувладини договори. Москва досега склучила вакви договори со членовите на Евроазиската економска унија - Белорусија, Киргистан, Казахстан и Ерменија - како и со Монголија и Узбекистан. Киргистан се согласи со Русија да испорачува 100.000 тони гориво месечно до крајот на годината, објави Ројтерс во петокот извештаи од киргистанските медиуми, кои се повикуваат на зборовите на првиот заменик-премиер Данијар Амангелдиев. На почетокот на јуни, Русија, исто така, го забрани извозот на керозин до крајот на ноември оваа година.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter