3Шпионска афера во американската армија- војник е уапсен поради сомневање дека им предавал тајни на Русија (ВИДЕО)
Мост во Германија вреден 12 милијарди евра и претставен како чудо, стана промашување- нема да се користи за автомобили
1Мост во Германија вреден 12 милијарди евра и претставен како чудо, стана промашување- нема да се користи за автомобили
3Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
КултураРенесанса- најбогатиот уметнички периодНиту еден уметнички период не бил толку богат со големи сликари како ренесансата. Листата на великани не ја сочинуваат само имињата како што се Пјеро дела Франческа и Беато Анџелико, Ботичели и Мантења, Леонардо и Микеланџело, Антонио де Масина и Тицијан, туку и Мазачо, Перуџино, Рафаел, Белини, Паоло Учело, Лука Сињорели, Козме Тура, Капрачо и многу други.Секој од нив е доволен да оплемени еден период и еден народ. Меѓутоа, сите овие великани живееа во иста земја и во исто или речиси ист период. Ренесансата зафатила речиси два века. Две столетија богати со разноврсни и бројни дела, но и голема, фантастична слобода. А тоа е, ако добро се согледа, прва и најтипична одлика на ренесансното сликарство. Употребата на перспективата Ова сликарство остварува ослободување од крутите одредени шеми својствени за готската уметност, ослободување на фигурите претставени во задолжителни оквири или архитектонски рамки во кои изгледаа стиснато. И рененсансата не е без шема. Но, фигурите се инкорпорирани. Што се однесува до другото, значаен пред се’ бил изненадувачкиот ефект предизвикан со перспективата. Тој изум во прво време бил малку значаен за сликарството отколку на пример за архитектурата. Всушност, не е веднаш прифатен, ниту пак во потполност секаде применет. Перспективата била битна само кога се сакало да се наслика потполно реалистична слика. Сликатството се засновало, или барем така изгледало, на цртеж. Така откритието и примената на перспективата го претвораат цртежот во заеднички јазик на сите уметнички дисциплини, бидејќи довеле до созавање на нацртот, кој на крајот се покажал како вистинска суштина на уметничкото дело, дури и повеќе од самата реализација. Преку цртежот почнале да се применуваат разновидни уметнички теории. А од таму до пренесување на слика, патот е краток. Низа нови техники и нови изразни средства Од ренесансата па наваму, сликарството станува огледно поле на сите уметнички промени. Во текот на 15 и почетокот на 16 век сликарството се збогатува со низа нови техники и нови изразни средства, кои ги зголемуваат неговите изразувачки можности, намалувајќи ги истовремено трошоците и напорите потребни за реализација на една слика или фреска. Пред крајот на 15 век од Холандија стигнува во Италија масленото сликарство, попогодна и поефикасна техника од темерите кои до тогаш ги користеле италијанските сликари, и што е најзначајно, способна да го олесни претставувањето на стварноста. Речиси истовремено, се воведува во употреба платното како носач на сликата, наместо дрвените табли кои се користеле до тогаш, зголемувајќи ја трајноста и полесното пренесување. Класична тема, барем за западното сликарство, отсекогаш била претставување на човекот и неговата околина. Тоа била и главната тема во ренесансата. Рана ренесанса започнува со Мазачо Сликарство во раната ренесанса започна со доаѓањето на Мазачо. Како голем пример му послужило готското сликарство на Џото кој сликал речиси 100 години пред него и направил неколку големи чекори подалеку од готското иконографско сликарство. Но, Мазачо прави повеќе, неговите ликови се зацврстени со контурана линија, и тие поседуваат одредена индивидуалност и карактерност. Мазачо дури воведува и перспектива во неговите слики и тоа на тој начин што прикажува одредени архитектонски форми во своите слики. Тоа е најочигледно во неговата слика „Света Троица", каде што трите фигури се сместени во архитектонска рамка во олтарот на ренесансната катедрала. Сè е сместено во архитектонски простор со изразена перспектива, помалку мрачни бои, спечифична карактеризација на ликовите и со богатството од полусенки на ликовите. Пјеро дела Франческа го оживеал портретот Пјеро дела Франческа бил првиот уметник кој научно ја докажал перспективата и кој ја земал како врв во уметноста кон кој треба да се стреми. На неговата слика Распетието Христово се истакнува линеарната перспектива која е нагласена со сместување во просторот со изразити математички, пресметани скратувања. Тоа најјасно се гледа во големината на ликовите во преден план во однос на другите и перспективите на плочките на подот и сводот. Она што е особено ново во оваа слика е дека уметникот смело го преместува главниот настан во втор план, а во прв план се трите фигури, сведоци на казнувањето. Со сликата владее одредена статичност, ликовите само стојат, не постои движење, како случувањето да е на сцена. Рамнотежата уметникот ја постигнува со нијансирање на боите, а може да се препознае и златниот пресек. Пјеро дела Франческа е важен поради заживувањето на портретот кој ќе стане форма на ширење на уметноста надвор од Црквата и почеток на негово влегување во куќите. Андреа Мантења перспективата ја донел до врвот Андреа Мантења е навистина достоен за внимание пред се’ што проучувањето на перспективата го донел до врвот. Тоа е најизразено во неговото дело Мртвиот Христос, каде што Христос е прикажан во сјајно скратување со нозете во преден план. Христос е прикажан како и секој човек, боја на мртовец со свети рани и покриен со прекривка. Ликовите кои плачат од левата страна се таму за да го надополнат просторот. Целата слика е концентрирана на тоа јадно и напатено тело. Сандро Ботичели, ученик на Фра Филипо Липи, многу рано отстапува од традиционалниот начин на прикажување на светите теми под влијание на неоплатонизмот, движење кое го возвишувало идеализмот на антиката. Така настануваат сликите „Алегорија на пролетта", каде што владее неговото нереално, идеализирано прикажување на ликовите без детали, занемарувајќи ја анатомијата и нагласувајќи ја така нивната линеарност. Ликовите повторно се ставени во нестварен пејзаж, целосно осветлен, без вистински извор на светлина. Сликата „Раѓањето на Венера", која е целосно во доменот на претходните слики. Значи се е лелеаво, нема детали во надреалната средина без извор на светлина. На крајот на својот живот, Ботичели се враќа на верските теми (бројни претстави на Богородица) и се одалечува од линераното решение на сликата успешно истражувајќи ја бојата. Богородица со дете За време на ренесансата интересирањето за човекот останува многу живо. Најбројните ренесансни сликарски дела биле со религиозна содржина. Фигурите на светците, библиските епизоди, симболични и одбрани теми, нарачките од тој тип ја одржувале уметноста во живот. Една тема преовладува: прикажување на Богородица со дете. Речиси да нема сликар во 15 и 16 век кој ова не го насликал барем еднаш или два пати, најчесто повеќе пати. Некои, како Рафаел, ја усвојуваат како една од карактеристичните теми. Високата ренесанса Високата ренесанса, во рамиките на историјата на уметноста, ја означува кулминацијата во уметноста на италијанската ренесанса помеѓу 1450 и 1527. Бидејќи папата Јулиј Втори бил покровител на многу уметници во тоа време, центарот на ова движење бил Рим; претходно центарот бил Фиренца. Се смета дека високоренесансното сликарство се појавило во 1490-тите, кога Леонардо да Винчи ја насликал „Тајната вечера“ во Милано. Сликите на Микеланџело Буонароти и Рафаел Санти го претставуваат врвот на овој сликарски стил. Се на се, за неколку децении, една земја дава повеќе уметници отколку било која земја во текот на целокупното постоење. / за МИА Ирена РадовановиќКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМост во Германија вреден 12 милијарди евра и претставен како чудо, стана промашување- нема да се користи за автомобилиОна што се претставува како сообраќајно чудо на акумулацијата Хоенварт во германската покраина Тирингија, всушност се покажува како бирократска апсурдност. Новиот мост, кој се гради тука за 12,4 милиони евра, нема да биде достапен за сите. За патниците, туристите и мајсторите кои пристигнуваат со автомобили, патот завршува на рампата. Во иднина, тие ќе мора да го заобиколат езерото до 35 километри за да стигнат до другата страна! Оригиналниот мост бил срушен од Вермахтот во април 1945 година. Сега, повеќе од 80 години подоцна, треба да се изгради висечки патен мост помеѓу градовите Алтенбојтен и Паш до крајот на 2028 година. Со должина од 178 метри, тој би бил најкраткиот патен мост во Германија. Ќе биде потребно помалку од една минута за да се помине. Тоа е, ако ви е дозволено да го користите. Субвенции наменети само за велосипедисти и пешаци Проблемот е што 11,4 милиони евра што му се потребни на округот за изградба на мостот и што ги добива преку федерални и државни субвенции првенствено доаѓаат од средства наменети за велосипедски и пешачки сообраќај. Особено, федералните средства, во износ од околу седум милиони евра, се условени од тоа мостот да биде првенствено наменет за велосипедисти и пешаци. Она што е необично е што, според надлежната администрација на округот Залфелд-Рудолштат, мостот е технички прилагоден за сите учесници во сообраќајот. На прашањето на БИЛД, институцијата одговори: „Ќе бидат обележани посебни ленти за пешаци, велосипедисти и патнички возила на двата пристапа кон мостот“. Тие исто така додадоа: „Федералните средства доаѓаат од програмата „Иновативни проекти за велосипедски сообраќај“. Во оваа смисла, велосипедистите имаат приоритет за користење на мостот, но другите намени не се исклучени“. Дали ова значи дека возачите на автомобили сè уште ќе можат да го користат мостот? Одговорот на округот е да и не. Компромисното решение предвидува дека само автобуси, камиони за ѓубре, возила за итни случаи и жители на две блиски села смеат да го преминуваат мостот. Сите други нема да можат да го прават тоа. Поранешниот градоначалник на округот Хартмут Холцај (68) смета дека изградбата на висечки мост, првенствено наменет за велосипедисти и пешаци, е прескапа. Ова решение е особено тешко за туристите, занаетчиите и луѓето кои патуваат до работа. „Мил-фере“, единствениот автомобилски ферибот во Тирингија, ќе престане да работи штом ќе се заврши мостот. Ова значи дека возачите ќе мора да патуваат најмалку 25 километри подолго, а поради патни работи, заобиколувањето честопати ќе биде долго и до 35 километри. Во текот на летните месеци, автомобилскиот ферибот „Мил-фере“ работи од 1994 година и сè уште служи како привремено решение. Грит Хауке (51) од Здружението на даночни обврзници од Тирингија предупредува дека толку скапа транспортна врска, без реална корист за нормалниот патен сообраќај и регионалната економија, едноставно не претставува значајна инвестиција во инфраструктурата, туку „чисто трошење пари“. Мостот дури беше вклучен и во Црната книга за 2026/27 година, во која се евидентираат случаи на непосредно трошење пари на даночните обврзници.Тагови: автомобили мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе огласи Зеленски по првит ден преговори во Абу Даби: Мора да спречиме војната да се повтори Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на првиот ден од разговорите во Абу Даби, Украина, САД и Русија разговарале за хуманитарни мерки, размена на воени заробеници, безбедносни гаранции и деескалација на конфликтот.Украинскиот шеф на државата го објави ова на социјалната мрежа X, пренесува Укринформ. „Нашиот преговарачки тим ме информираше за резултатите. Денес беше првиот ден од состаноците во Абу Даби. Прво, одржавме разговори со нашите европски и американски партнери, по што следеше трилатерален состанок на делегации од Украина, САД и Русија. Благодарен сум на сите партнери на Украина за нивната поддршка“, напиша Зеленски. Received a report from our negotiating team. Today was the first day of meetings in Abu Dhabi. First came a meeting with our European and American partners, followed by a trilateral format between our delegation and the American and Russian delegations. I am grateful to all of Ukraine’s partners for their support. The trilateral format was constructive and quite substantive. They had time to discuss the need and possible parameters for humanitarian steps. The release of prisoners is a priority. They spoke in detail about the substance of security guarantees for Ukraine and the foundations for ensuring these guarantees function over the long term. Real tools are needed to block any recurrence of the war. The need for de-escalation steps was also touched upon. I gave our team clear instructions for further dialogue – both in the trilateral format tomorrow and more broadly, over the coming days, with envoys of the U.S. President and representatives of Europe. The main thing is to truly bring peace closer. And on Ukraine’s part, there will be only productive, high-quality, and honest work. I thank the American side for organizing these negotiations and the UAE for providing a reliable platform for them. — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) November 10, 2026 Зеленски ги опиша трилатералните разговори како „конструктивни и доста суштински“. „Успеавме да разговараме за потребата од хуманитарни мерки и нивната можна рамка. Ослободувањето на воените заробеници е приоритет. Детално разговаравме за суштината на безбедносните гаранции за Украина и за темелите за обезбедување на нивната долгорочна ефикасност. Потребни ни се реални механизми што ќе спречат повторување на војната. Разговаравме и за потребата од мерки за деескалација“, рече тој. Украинскиот претседател рече дека ѝ дал на делегацијата јасни инструкции за продолжување на преговорите, како за време на трилатералниот состанок на 11 ноември, така и во последователните разговори со претставници на американскиот претседател Доналд Трамп и европските партнери во наредните денови. „Главната цел е да се приближи мирот, а Украина ќе го даде својот придонес преку продуктивна, темелна и искрена работа. Им се заблагодарувам на американската страна за организирање на овие разговори, како и на Обединетите Арапски Емирати за обезбедувањето сигурно место за преговори“, додаде Зеленски. Како што претходно објави Укринформ, САД ќе посредуваат во разговорите на работно ниво меѓу Украина и Русија, кои се одржуваат на 10 и 11 ноември во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. Пред трилатералниот состанок во Абу Даби, претседателот Зеленски разговараше со претставниците на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.Тагови: Абу Даби Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Вечерва присуствував на 17-тото издание на манифестацијата „ТОП 100“Вечерва присуствував на 17-тото издание на манифестацијата „ТОП 100“, во организација на Стопанската комора на Северозападна Македонија.Вечерва присуствував на 17-тото издание на манифестацијата „ТОП 100“, во организација на Стопанската комора на Северозападна Македонија, настан посветен на препознавањето на успешните компании, претприемачкиот дух и придонесот на бизнис-заедницата во развојот на македонската економија. Успехот на секоја компанија, секоја инвестиција и секое новоотворено работно место е успех за целата држава. Економијата не познава етнички или верски граници. Нашата цел е да изградиме економија во која трудот се исплатува, инвестициите се поттикнуваат, младите имаат перспектива, а домашните компании се конкурентни на европските и светските пазари. Во Владата, бизнис-заедницата има партнер и поддршка за нови инвестиции, производство и развој. Честитки до сите компании кои вечерва беа препознаени за своите резултати, но и до сите претприемачи и стопанственици кои секојдневно создаваат нови вредности и придонесуваат за економскиот развој на Македонија. Затоа што силна економија значи силна Македонија, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21