Ременски остана без пасош и без можност да го напушти Скопје

Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски останува без пасош и без можност да го напушта Скопје, како мерка на претпазливост изречена од судот по барање на Јавното обвинителство.

Потпретседателката на Собранието и пратеник од СДСМ, Фросина Ременски остана без пасош. Освен тоа таа не смее да го напушти Скопје. Одлуката на судот доаѓа по барање на обвинителката Вилма Русковска која што ја осомничи во проширената истрага за случајот Рекет дека го искористила својот авторитет да убеди бизнисмени дека извршната власт стои зад спорните проекти на Меѓународниот Сојуз на Боки 13. По два часа распит пред судија на претходна постапка, Ременски рече дека не чувствува вина. Ќе ја почитува одлуката на матичната партија доколку ја казни со исклучување од партиските тела а оставка од пратеничката функција нема да поднесе ако тоа не го сторат како што рече и останатите пратеници против кои се водат постапки.

Потпретседателот на СДСМ и министер Дамјан Манчевски вели дека ќе партијата ќе одлучува откако истражните органи ќе ја утврдат иновлвираноста на Ременски во целиот случај.

Околу измамите со наводна изградба на старечки домови при што од две фирми извлекле околу милион евра, освен потпретседателката на Меѓународниот Сојуз, Јасна Мандиќ која е во домашен притвор, осомничен е и таткото на Боки 13, Миле Јовановски. По распитот во судот денеска не сакаше да даде изјава, само кратко рече дека не чувствува вина. И тој на барање на обвинителството остана без пасош како и асистентката на Боки 13, Христина Блажевска. Првоосомничен во случајот е Боки 13 кој веќе е во притвор.

Накитот на Мет Гала- најскапите парчиња во историјата на балот вредат милиони (ФОТО)

Мет Гала е еден од највозбудливите настани во светот на модата.

Овој бал се одржува секоја година во првата недела од мај и служи за собирање пари за Институтот за костими во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк и е одлична можност за светските производители на накит да ги прикажат своите најскапи парчиња, од кои некои се во вредност од десетици милиони долари.

Во текот на својата историја, многу познати гости на Мет Гала го искористија моментот да се украсат со ексклузивен накит.

Така Џенифер Лопез во 2019 година носеше впечатлив фустан од Версаче со дијамантски накит, избирајќи парчиња од Хари Винстон. Како што објави Harper's Bazaar, нејзиниот накит вреден вкупно 8,8 милиони долари вклучуваше дијамантски ѓердан од 129 карати со виолетов сафир, 120-каратни дијамантски нараквици и големи висечки обетки.

Американскиот модел Џиџи Хадид го спои својот фустан од Прада со дијамантски ѓердан од златарата Jakob & Co. со средишен камен од 54 карати, како и соодветни обетки, пренесува Business Insider.

Според Marie Claire, ланчето од 118 карати вредело 12 милиони долари.

Во 2022 година, Ема Чембрлен предизвика бура од коментари кога носеше ѓердан од компанијата Картие во кој имаше скапоцени камења од ѓердан Патиала вреден 30 милиони долари, објави The Times of India. Овој ѓердан првично бил направен за Махараџа Сер Бупиндер Синг во 1928 година и исчезнал од неговата колекција во 1948 година.

Дијамант од оригиналниот ѓердан се појавил на аукција на Содеба во 1982 година, а Картие подоцна реставрирал уште едно парче пронајдено во антикварница во Лондон во 1998 година.

Актерката Пријанка Чопра Џонас минатата година се појави на балот во црн фустан на Валентино. Деталот кој го привлече вниманието на сите е дијамантскиот ѓердан Bulgari Laguna Blue со централен син дијамант од 11,16 карати. По балот, овој ѓердан е продаден на аукција за 25,19 милиони долари, објави Business Today.

Британската пејачка Дуа Липа дојде на балот во бел фустан на Шанел надополнет со Тифани и Ко. ѓердан. Липа е првата личност која носела ланче од 100 карати Lucida Star во вредност од над 10 милиони долари.

Истата година, ѕвездата од Барбадос, Ријана, пристигна на балот бремена, во фустан на Валентино по нарачка. Својот изглед го комплетира со неколку ланчиња и обетки со цветни мотиви од компанијата Картие. Се проценува дека целиот овој накит вредел повеќе од 25 милиони долари, објави Page Six.

Хаос на аеродромите во Британија: Заглавени илјадници патници поради компјутерска грешка(ВИДЕО)

Аеродромите низ Велика Британија се во хаос откако сите порти беа затворени поради компјутерска грешка кај граничните служби.

Сликите на социјалните мрежи покажуваат огромни редици пред портите додека илјадници луѓе чекаат да им ги проверат пасошите, пишува Дејли мејл.

Се шират гласини дека Хитроу не е единствениот аеродром погоден од наводната грешка, туку и Манчестер и Гетвик.

Персоналот на Хитроу, наводно, им рекол на патниците дека ова е национален проблем.

Една патничка изјавила за Дејли Мејл дека чекала во ред цел час, а персоналот на аеродромот почнал да дели вода.

Таа додаде дека на луѓето им било кажано дека аеродромот работи на алтернатива за проверка на документите на патниците.

Хамас планира да предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Хамас планира да ги предаде останките на неколку заложници кои се меѓу 33-те за кои велат дека ќе бидат ослободени во првата фаза од предложениот договор за прекин на огнот.

Во извештајот, во кој се цитираат две лица блиски до преговорите за договорот, се вели дека Хамас ги информирал посредниците дека не се сите живи оние што требаше да бидат ослободени, пишува Њујорк Тајмс.

Се очекуваше во првата фаза да бидат ослободени жени, деца, стари и болни лица, потсетуваат израелските медиуми.

Израел претходно инсистираше да се ослободат само живите заложници во таа фаза и се согласиле со помалку од 40-те луѓе што првично ги барале, со разбирање дека сите што требало да бидат ослободени се живи. Хамас синоќа соопшти дека го прифатиле договорот предложен од посредниците. Израел, пак, оцени дека договорот е многу различен од она на што се согласила земјата.

Претставници на Хамас рекоа дека првата фаза од договорот ќе вклучува 42-дневно примирје и ќе ослободат 33 израелски заложници во замена за голем број палестински затвореници кои се чуваат во израелските затвори.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека понудата на Хамас не ги исполнува основните израелски барања, но најави дека ќе испрати преговарачи да продолжат со преговорите со американските, египетските и катарските посредници.

Се верува дека уште 128 заложници се држат во Газа, од околу 250 киднапирани во нападите на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври минатата година, но не се знае дека сите се живи. За време на еднонеделниот прекин на огнот на крајот на ноември минатата година беа ослободени сто и пет цивили, а пред тоа четворица.

Тројца живи заложници беа ослободени од војниците, а телата на 12 од нив беа пронајдени, меѓу кои и тројца кои војниците по грешка ги убиле.

Израелската војска ја потврди смртта на 35 заложници кои сè уште ги држи Хамас, повикувајќи се на нови разузнавачки информации од војниците кои дејствуваат во Газа.

притисни ентер