Ремек дело вредно 6 милиони евра со години и висело над печката (ВИДЕО) - Канал 5

Ремек дело вредно 6 милиони евра со години и висело над печката (ВИДЕО)

Повозрасна Французинка со години го имала ремек делото на италијанскиот автор Кимабу од 13. век обесено над печката.

Ремек дело вредно 6 милиони евра со години и висело над печката (ВИДЕО)

Сликата откриена како виси во домот на една постара жена во близина на Париз, е долго загубено ремек дело на фирентскиот уметник Кимабу, велат уметничките експерти.

,,Исмевањето на Христа” , дел од серијата слики од крајот на 13 век, беше откриен на имотот во северниот француски град Копиен.

Се смета дека може да достигне цена од 6 милиони евра на аукција следниот месец.

Жената верувала дека има стара верска икона. Експертите велат дека нема „дилема“ за нејзиното потекло.

YouTube video

Тестови биле направени на уметничкото дело со помош на инфрацрвена светлина за да се утврдат сличностите со делата на италијанскиот сликар Кимабу, познат како Кени ди Пепо.

„Сликата е направена од истата рака“, рече уметничкиот експерт Ирик Туркин, објави францускиот весник „Ле Фигаро“.

Се верува дека е дел од полиптих - поголема број на насликани сцени поделени на неколку панели - што ја прикажува Христовата страст , сликана околу 1280 година.

Сликата, која висела над плочата за готвење во кујната на жената, ќе биде дадена на аукција во Франција на 27 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање

Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање.

Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање

Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање, а секој евентуален обид да се оспори резултатот, може да ја втурне Србија во нов период на нестабилност и политичка криза, оценува политичките аналитичар Петар Арсовски за Канал 5.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот

Гласачките кутии во Србија остануваат отворени уште два часа, но веќе сега е извесно дека излезноста ќе биде рекордна.. 

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот

До 17 часот гласаа 61% од запишани 6,45 милиони глаѓани, со што се надмина вкупната излезност на претходните избори во 2023 година... Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот...

Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, расте и излезноста, но и напнатоста, со оглед дека високата излезност сугерира дека гласачите бараат промени... Каква е атмосферата во центарот на градот?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)

Пожар повторно избувна ноќеска во планинското засолниште „Орловото гнездо“ во јужна Германија, кое некогаш го користел нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, соопшти денес баварската полиција. 

Повторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)

„Повторно изгоре до висина на просторијата“, изјави полицискиот службеник.

Пожарникарите беа испратени на историското место, познато во Германија како Келштајнхаус, на самиот врв на планинското одморалиште Оберзалцберг и го изгаснаа пламенот. Не е невообичаено тлеечките жарчиња повторно да разгорат пожар откако ќе се изгасне главниот пожар, додаде службеникот, објави ЗД.

Уапсен маж

Голем пожар избувна во „Орловото гнездо“ во петокот вечерта. Полицијата го уапси осомничениот под сомнение за палење. Првичната психијатриска проценка на 33-годишниот Германец покажа дека тој е ментално болно лице, според обвинителството.

Зградата беше во голема мера уништена во пожарот, а штетата се проценува на милиони евра. „Орловото гнездо“, кое се наоѓа на надморска височина од над 1.800 метри надморска височина, е изградено под нацистичкиот режим во 1930-тите години како дел од комплексот што го користел Хитлер на Оберзалцберг.

Нацистичка историја

Се користи како ресторан од 1952 година. Сепак, објектот бил затворен во петокот и никој не бил повреден во пожарот. Хитлер го посетил „Орловото гнездо“ неколку пати за да прими дипломати и други странски гости, според локалниот туристички одбор во градот Берхтесгаден.

Сепак, од политичка гледна точка, ова засолниште „останало од мало значење“ и главно го користеле високи нацистички функционери за одмор, слободно време и приватни прослави, додава здружението. Денес, во него се одржува изложба што ја прикажува неговата нацистичка историја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер