Релево: Некои членови на управата на Реал сакаат Анчелоти да биде отпуштен - Канал 5

Релево: Некои членови на управата на Реал сакаат Анчелоти да биде отпуштен

Дел од раководството на Реал Мадрид се за разрешување на тренерот на тимот Карло Анчелоти.

Релево: Некои членови на управата на Реал сакаат Анчелоти да биде отпуштен

Порталот „Relevo“ пренесува дека дел од управниот одбор е незадоволен од последните резултати на тимот под водство на Италијанецот и поразот во мечот од 11. коло на шпанскиот шампионат од Барселона (0:4) само ги зајакна во ова мислење.

Се тврди дека Анчелоти се уште ја има поддршката од претседателот на клубот Флорентино Перез, но неговите противници имаат големо влијание врз одлучувањето. Тие веруваат дека тренерот не работи добро со младите играчи на клубот, особено одбивајќи да го пушти 19-годишниот играч од средниот ред Арда Ѓулер на теренот.

Турчинот беше купен во 2023 година за 20 милиони евра, но оттогаш за клубот одигра само 23 натпревари на кои постигна шест гола.

Забележано е дека поддржувачите на оставката на Италијанецот го почитуваат како личност и го ценат неговиот придонес во историјата на клубот, но веруваат дека неговото време во Мадрид поминало.

Анчелоти го води Реал Мадрид од 2021 година, откако двапати ги освои Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА, а по еднаш Шпанската лига и Купот на кралот. Тој претходно работеше за Кралскиот клуб од 2013 до 2015 година (Лига на шампиони и Куп на Шпанија).

Оваа сезона, тимот предводен од 65-годишниот тренер се наоѓа на 2. место во поредокот во Ла Лига, освојувајќи 24 бода, шест помалку од лидерот Барселона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност

Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави Николоски

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

"Изведбата на автопатот оди со одлична динамика и морам да кажам дека сите се ангажирани и изведувачите и надзорот. Навистина прават одлична работа и се повеќе и јавноста може тоа да го види, така што остануваме на она што го ветивме, а тоа е согласно роковите, до крајот на мај месец да имаме не само целосно пуштен автопат, туку и автопат со сите потребни документи, нешто што, за жал, не сме го гледале често во минатото"- истакна заменик претседателот Николоски.

Тој потврди дека завршени се и градежните работи на потегот од Извор до Врбјани заедно со тунелите кај Пресека. Најави дека во моментов се спроведува најновата европска директива за безбедност во сообраќај за тунели.

"Од друга страна, оној најтежок дел, што оди од селото Извор -кичевско до селото Врбјани во Дебарца, очекувам во следните неколку недели да биде ставен во функција. Таму градежните работи се целосно завршени, што може да се види и со голо око. Пробиен е тунелот, двете тунелски цевки се пробиени, едната е во должина од 2.100 метри, втората е во должина од 1.990 метри и се работи за најдолги тунелски цевки во Македонија. Исто така четирите галерии што се на овој дел се завршени. Завршен е и целосно трупот на патот, мостовите, вијадуктите, така што од градежен аспект целокупната работа е завршена. Она што го правиме во моментов е спроведување на најновата европска директива за безбедност во сообраќај, особено во тунели, така што се прават сите потребни тестирања со цел да имаме највисоко ниво на безбедност во рамки на тунелот. И ова ќе е првпат оваа европска директива да биде применета не само во Македонија, туку во целиот регион и во таа насока во моментов се случуваат тестирањата" -изјави вицепремиерот Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски од Општина Кисела Вода.

Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата

„Добар ден и од мене.

Како што вчера најавив, полека, проект по проект ќе ги завршуваме, но и проект по проект оние коишто не се почнати ќе ги отпочнуваме. Како што кажа и градоначалничката, станува збор за проект каде што имаме јасна соработка помеѓу Владата и општината. Целокупниот проект е многу значаен за овој дел на Општина Кисела Вода, затоа што тоа што недостасуваше досега, тоа е водата за пиење. Ќе биде конечно затворен тој проблем. Откако ќе биде завршена оваа подземна инсталација, следен чекор е да го поминеме и патот со нов асфалт.

Така што плански се работи, систематски се работи, потребите се јасни, а ние како Влада, нашата задача и цел е да овие потреби одговориме согласно нашите можности и се надевам дека тоа досега го правиме. Сакам да изразам благодарност и до градоначалничката, до советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалничката, до пратениците во македонското Собрание, до колегите од Владата, до Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што кажав, ова е заеднички проект и добро е што оваа синергија функционира и на терен и се прават вакви проекти, а ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да реализираме она што се потреби на граѓаните.

Ви благодарам.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за врсничко и сајбер насилство, заштита од кражби, безбеден сообраќај, телефонски измами и зависности

Со учениците од прва и втора година од СУГС „Васил А.Дрен“ на подрачје на ПСОН Кисела Вода реализирана е трибина на тема „СТОП за меѓуврсничко насилство и превенција од зависности“.

Превентивни активности за врсничко и сајбер насилство, заштита од кражби, безбеден сообраќај, телефонски измами и зависности

На 13.11.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција и Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес, за учениците ОСУ „Јовче Тесличков“ во Велес, реализираа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават, при што, на учениците им ги појаснија и потенцираа начините и методите за навремена превенција и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите.

На подрачје на Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино спроведоа превентивна активност за заштита од кражби, при што преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети.

Полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одговорно“, со укажување на возачите за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Целта на овие активности е да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајната култура и свеста кај возачите, во насока на зголемување на безбедноста и намалување на бројот на сообраќајните незгоди.

Сообраќајни превентивни активности денеска беа реализирани и на подрачје на Велес и Чашка, со акцент на опасноста од управување на возила под дејство на алкохол. При тоа беше нагласена потребата за свесност кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

На 12/13.11.2026, Одделението за превенција при СВР Скопје, на подрачјето на ПСОН Кисела Вода и ПСОН Бит Пазар, реализираше две едукативни работилници и една трибина.

Во ООУ „Хасан Приштина“ и ООУ „7ми Март“ – на подрачје на ПСОН Бит Пазар, со учесници од Клубот за превенција кои ги сочинуваат ученици од шесто до деветто одделение реализирани се две едукативни работилници на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство – Булинг и Сајбер булинг (насилство на социјалните мрежи)“.

Исто така со учениците од прва и втора година од СУГС „Васил А.Дрен“ на подрачје на ПСОН Кисела Вода реализирана е трибина на тема „СТОП за меѓуврсничко насилство и превенција од зависности“.

На присутните ученици им беа поделени и летоци на кои се испишани едукативни пораки – Стоп за булингот, никој не заслужува да се чувствува безвредно и небезбедно.

На 13.11.2026 на градскиот пазар во Штип, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, заедно со полициски службеници од Полициска станица Штип, како и полициски службеници од Полициска станица Пробиштип одржаа неформални средби со повозрасни граѓани, предвидена со планот за проектни активности во областа на превенцијата за превенција од телефонски измами за сообраќајни незгоди. Целта на одржаните средби беше запознавање на пензионерите со безбедносните настани и случувања како постари лица се потенцијална мета на криминалците – измамници, како и давање упатства за постапување во случаи на наидување на такви настани и други кривични дела, забележувања на настани од безбедносен карактер и навремено информирање.

На 13.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип и Свети Николе реализираа едукативно предавање во СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип и СОУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе на учениците од прва година на тема „Сообраќајните правила и прописи и одговорност на учениците“, со цел да бидат запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот.

На 13.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово во централно градско подрачје реализираа едукативна кампања под мотото „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило“ и „Ако пиеш не вози, ако возиш не пиј“, во непосредна комуникација со граѓаните пред се со возачите. На возачите им беа поделени летоци со корисни совети. Целта е подигнување на јавната свет кај граѓаните за побезбеден сообраќај.

На 13.11.2026 полициски службеници од полициска станица Берово во просториите на ОСУ „Ацо Русковски“ Берово реализираа превентивно-едукативна активност наменета за учениците, со цел подигнување на свеста за штетните последици од различните видови зависности. Во рамките на активноста се опфатени теми поврзани со зависноста од алкохол, тутун, наркотични средства, коцкање, како и прекумерна употреба на интернет и мобилни телефони. Посебен акцент беше ставен на влијанието на зависностите врз здравјето, психофизичкиот развој, образованието и социјалниот живот на младите.

Вчера 13.11.2026 во централно градско подрачје во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар реализираа едукативна кампања под мотото „Да се заштитиме од измами“. Граѓаните беа советувани за само заштита, од имотни деликти (разбојничка кражба, разбојништво, дрска кражба, џебни кражби, измами и други кривични дела), каде особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатниот телефонски број 112, при што им беа поделени летоци со едукативна содржина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер